fbpx
Таг: охридско лето

таг: охридско лето

„Охридско лето“: Филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба

Денеска на фестивалот „Охридско лето“ посетителите ќе имаат можност да проследат богата програма, која вклучува филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба. Во црквата „Св. Софија“, концерт ќе одржат Нинослав Димов на саксафон и Маја Поповиќ на пијано. Во рамките на фестивалот, вечерва ќе се одржи филмски маратон, кој е во знакот на двата големи јубилеи - 55 години „Охридско лето“...

„Охридско лето“ му подари реплика од Златната маска на маестро Иво Погорелиќ

Фестивалот „Охридско лето“ на хрватскиот пијанист со светска слава, Иво Погорелиќ, кој годинава имаше настап на фестивалот, му подари реплика од Златната маска од Требеништа. Подарок, пеперутка од филигран, доби и неговиот менаџер. Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, заблагодарувајќи му се на големиот маестро за неповторливиот настап и за вториот концерт, рече дека матадорот на...

Дел од публиката ја напушти фестивалската премиера „Антоние и Клеопатра“

Синоќа, на фестивалот „Охридско лето“, на отворената сцена Долни Сарај, публиката  ја проследи фестивалската премиера на Шекспировата трагедија „Антоние и Клеопатра“, со Битолскиот театар. Режијата и адаптацијата на претставата ја направи гостинот од САД, режисерот Џон Блондел, звучно име на светската театарска сцена, докторант по театарска уметност на калифорнискиот универзитет во Санта Барабара. Тој кажа дека е воодушевен од сцената Долни Сарај,...

Вечерва на „Охридско лето“, фестивалска премиера „Антоние и Клеопатра“

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, на отворената надезерска сцена – Долни Сарај, од 21 часот, публиката ќе биде во можност да ја проследи фестивалската премиера на Шекспировата пиеса „Антоние и Клеопатра“. Претставата ја режира гостинот од САД, Џон Блондел, звучно име на светската театарска сцена, докторант по театарска уметност на калифорнискиот универзитет во Санта Барабара. Џон Блондел е основач и уметнички директор...

„Интимен театар“ од Битола на „Охридско лето“: Наратив за болната човечка реалност

Фестивалската публика, синоќа, во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“, имаше исклучителна можност да го прочита наративот за болната човечка реалност, предаден низ говорот, играта и низ танцот на актерите на „Интимен театар“ од Битола. Суровата вистина за денешниот неолиберализам, кој го проголтува и уништува секој човечки напор за достојно живеење и за негување на вистинските вредности, беше прикажана...

Најдобрата израелска театарска изведба, вечерва на „Охридско лето“

На програмата на „Охридско лето“, вечерва во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе се игра драмската претстава „Нашиот клас“, во изведба на Театар „Камери“ и на Национален театар „Хабима“ од Тел Авив. Љубителите на театарската уметност ќе бидат во можност да ја проследат претставата која е наградена за најдобра изведба на годината, за оваа година, во Израел. Претставата „Нашиот клас“ од...

Преполна „Св.Софија“ за концерот на Николај Лугански

Преполна „Св.Софија“, врвна интерпретација на Шуберт и  на Чајковски, неколку бис-изведби за воодушевената публика. Тоа е впечатокот од синоќешната, речиси полноќна, концертна вечер на прославениот руски и светски пијанист, принцот на клавирот, Николај Лугански. Целовечерниот рецитал, рускиот пијанист Лугански го почна со две помали скерца на Франц Шуберт, а првиот дел од програмата го заврши со Шубертовата Голема соната. Во...

Настапот на Лугански – чест и привилегија за фестивалот и за публиката

Покрај спектакуларното отворање на 12 јули, печат на досегашната музичка програма, од јубилејниот 55. Меѓународен музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, му дадоа тројца извонредни руски исполнители. По впечатливите настапи на Андреј Коробејников и на Александар Кнажев, кои поставија нови стандарди и репери на фестивалските сцени во Македонија и пошироко, вечерва публиката ја очекува целовечерниот рецитал на рускиот пијанист Николај Лугански. Концертот ќе...

„Охридско лето“: Вечерва рецитал на рускиот пијанист Андреј Коробејников

На меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва во катедралната црква „Св.Софија“, целовечерен рецитал ќе има рускиот пијанист Андреј Коробејников. Коробејников својата богата кариера ја почнува уште на осумгодишна возраст, со рецитал во Баку, Азербејџан. Оттогаш тој постојано настапува низ целиот свет, каде што соработува со голем број реномирани диригенти, како што се Јуриј Темирканов, Владимир Ашкенази, Иван Фишер, Око Каму,...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...