fbpx
Таг: охридско езеро

таг: охридско езеро

„Би-Би-Си“ за Охридско Езеро: Балканскиот Галапагос е под закана

Заканата од уништување на Охридското Езеро со претерана урбанизација, се најде на страниците на јулското издание на едно од најчитаните печатени списанија за див свет „Би-Би-Си вајлдлајф магазин“ (BBC Wildlife Magazine). - Балканскиот Галапагос е под закана. Дом на уникатни видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Студенчишко блато - пишува во списанието. Охридското...

Фатени рибокрадци на албанската страна на Охридско Езеро

Рибокрадци недозволено ловеле пастрмка од албанската страна на Охридско Езеро. Биле затекнати вчера попладне во заедничка и координирана контрола, извршена од овластени лица на охридската подрачна единица на Државниот инспекторат за земјоделство и полициски службеници. Во Охридско Езеро во близина на македонско-албанската граница затекнат е недозволен риболовен алат за лов на охридска пастрмка, претходно поставен од рибари од Република Албанија. Од...

Охридско Езеро порибено со 300.000 пастрмки

Охридско Езеро денеска беше порибено со 300.000 единки подмладок охридска пастрмка. Годинива, како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, во Охрид, се издвоени 7,5 милиони денари за процесот на изловување, одгледување и на порибување, со околу 2,4 милиони пастрмки. – Порибувањето од репроцентарот во Хидробиолошкиот завод почнува со 300.000 единки пуштени денеска на локалитетот Вирче, а...

Пет албански и седум македонски државјани фатени во нелегален риболов на Охридско Езеро

Повеќе рибарски мрежи, во вкупна должина од околу 500 метри, близу 30 килограми разна риба и стотина примероци риболовен алат, прибор и друга опрема биле пронајдени и одземени од патролните екипи на полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, информира МВР. Според Министерството, во неколку одделни акции, на околу еден километар од граничната линија во близина на Радожда, во македонските територијални...

„Канадерите“ тренираат на Охридско Езеро

Двата специјализирани авиони за гасење пожар, таканаречените „водени трактори“, откако се вратија од задоцнетото сервисирање, утринава тренираа над водите на Охридско Езеро. Авионите во низок лет, зафаќаа вода, подготвувајќи се за евентуални ситуации за гаснење пожари. Нивната носивост е два тона вода. Со авионите управува шестчлен екипаж, а покрај од Охридското, можат да зафаќаат вода и од Преспанско и од Дојранско...

46-годишен жител на кратовско Живалево пронајден мртов во Охридско Езеро

Безживотно машко тело, синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридско Езеро, на плажата Горица 1. Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“. - По извршениот увид на местото на настанот, предводен од јавен обвинител и од полициски екипи,...

Обука за поголема безбедност на вода по британски стандарди

Црвен крст од Охрид, под водство на инструктори за безбедност на вода од „Операција Флориан“, од Велика Британија, во водите на Црн Дрим во Струга и во Охридско Езеро, спроведе обука за спасување и за извлекување давеници од брзи води. Центарот за безбедност на вода при Црвен крст од Охрид, со тоа се здоби со тренери и со спасители на...

Поддршка на заштитата на Охридско Езеро од Меѓународното лимнолошко друштво

Во последното издание на билтенот на Меѓународното лимнолошко друштво (МЛД), од јуни 2015 година, невладината иницијатива „Охрид СОС“ се претстави со свој прилог посветен на заштитата на Охридско Езеро. Во текстот, покрај актуализацијата на постојната еколошка закана врз Охридско Езеро и непроценливата важност на неговата биолошка разновидност, „Охрид СОС“ посочи и на потребата од нова визија во развојот на туризмот. Во...

Меѓународна петиција за спас на Охридско Езеро

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, денеска, на денот на Охридско Езеро, заедно со Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, Здружението за заштита на животните и животната средина „Еден“ и Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „Такт“, објавија меѓународна петиција за зачувување на езерото и на националниот парк Галичица. Истовремено, ги повикаа македонските граѓани да ја потпишат петицијата за зачувување на најстарото и...

Акција за чистење на Студенчишко блато и плажите за Денот на Охридското Езеро

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, утрово кај Студенчишко блато, на повеќе пунктови, ја почна акцијата за чистење на просторот, а по завршувањето на акцијата Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе го собере отпадот. Блатото е избрано како единствениот природен филтер на Охридското Езеро, единствената причина поради која езерото е сè уште живо. Зборно место е мостот кај каналот. На овој начин Граѓанската...

Во Охрид и во Струга се одбележува Денот на Охридското Езеро

Во Охрид и во Струга, со повеќе манифестации, се одбележува Денот на Охридското Езеро – 21 јуни. Целта е, како што велат организаторите , да се придонесе во заштитата, унапредување и вреднување на природните и на туристичките вредности на македонскиот езерски бисер. Денот на езерото е воспоставен пред 16 години, пред сè, поради значењето на еко-системот, но и да се...

Отворена сезоната на капење во Охридско Езеро

Вториот јунски викенд, заедно со порастот на дневните температури, ги охрабри посмелите и помалку трпеливите да ја отворат сезоната на капење во Охрдиско Езеро. Tемпературата на воздухот викендов се искачи до 30 Целзиусови степени, додека темепратурата на водата е пониска за десетина степени. Сепак, наглото зголемување на дневната температура, многумина ги принуди разладување да побараат во сè уште студената езерска вода. Најмногу капачи...

Нуркачи со македонско и со албанско знаме во Охридско Езеро

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски продолжува со пренуркување на Охридско Езеро. Викендов, заедно со нуркачи од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец, официјално го направи првото нуркање во Охридско Езеро на територија на Албанија. Мисијата Секулоски ја почна на 28 февруари од охридското пристаниште, а вкупно под вода ќе помине повеќе од 80 километри од двете страни на езерото. Искусниот меѓународен нуркачки...

Крајбрежјето во Струга е полно со шут и со отпад

Стружани, особено еколозите, реагираат за атакот што се врши врз крајбрежјето од струшкиот дел на Охридско Езеро. Тие викендов организирано го чистеа крајбрежјето од шут и од отпад, но истовремено укажаа на неодговорната и на лошата навика на поединци да ја палат трската крај самиот брег и да фрлаат градежен шут со намера за оградување простор за сопствена плажа,...

Почна пренуркувањето на Охридско Езеро

Со почеток од градското пристаниште, нуркачи од Македонија и од Албанија денеска ја почнаа реализацијата на проектот за пренуркување на Охридско Езеро. Тие предходно имаа дефиле низ Старата охридска чаршија. Охриѓани и туристите, кои денеска беа на крајбрежјето на Охридско Езеро, ги поздравија нуркачите и им посакаа успешна реализација на проектот. Проектот ќе трае во наредните три-четири месеци, а предвидено е просечно...

Денеска ќе се презентира извештајот за категоризација на македонските езера

Денеска во Скопје ќе бидат презентирани клучните наоди на Иницијалниот извештај за категоризација на Преспанско, Охридско и на Скадарско Езеро, којшто е подготвен во согласност со Рамковната директива за води на Европска Унија. На настанот ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и простирно планирање, Стево Темелковски. Извештајот е изработен во рамки на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ)...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...