fbpx
Таг: охридско езеро

таг: охридско езеро

Се намалува водостојот на Охридско Езеро

Водостојот на Охридско Езеро деновиве постојано се намалува. Тоа е последица на неповолниот хидролошки период, но и на испуштањето на водата преку браната во Струга. Секоја година овој период се испушта водата од Охридското Езеро во реката Дрим. Со меѓудржавен договор со соседна Албанија, регулирано е како да се постапува и до која кота може водата да се испушти. Водата се користи...

Екологистите бараат од Бернската конвенција да ги заштити Охридското Езеро и Галичица

Екологистите од Македонија поднесоа жалба до Бернската конвенција барајќи Охрид и Охридското Езеро, заедно со националниот парк Галичица, да се спасат од мегаломанските проекти. Бернската конвенција е надлежна за заштита на европскиот див свет и ги разгледува случаите со уништувањето на природното богатство. Најавените мегаломанските проекти ќе бидат оспорени по слична постапка како со „Луково поле“ и „Бошков мост“, а Конвенцијата,...

Компанијата „Камфуд“ ќе гради хотел во Охрид

Македонската компанија „Камфуд“, заедно со еден од најреномираните светски хотелски брендови, чиешто име засега не се открива, ќе изгради хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридско Езеро. - Преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супермодерен објект по највисоки стандарди и ќе...

Галичица ги привлекува најголемиот број туристи што го посетуваат Охрид

Најголемиот број странски туристи што го посетуваат Охрид, наоѓаат време да се искачат на Галичица. Патеката која води до врвот сè уште е пристапна, како за почетници, така и за рекреативци и за професионални планинари. - Нема кому не му се допаднала Галичица. На Галичица се добива едно поинакво чувство на слобода. Се добива впечаток дека Охридското Езеро ни е на дланка....

Еколозите со предупредување: Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО

Еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека постои опасност Охридскиот Регион, наместо на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, во февруари следната година да се најде на листата на загрозено наследство. Истовремено, иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернската конвенција во Стразбур. „Планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица ќе нанесат штета...

Во одлуките за езерото и за Галичица треба да се вклучат и граѓаните на Охрид

Граѓаните на Охрид се незаобиколен фактор и тие треба да го дадат своето мислење дали треба да се реализираат сите предвидени проекти поврзани со Охридското Езеро и со Галичица. Ова е заклучокот од „Отворениот екоден“ наменет за граѓаните, а кој беше организиран денеска од Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ). - Се надеваме дека ќе го добиеме реалното мислење на граѓаните....

Во УНЕСКО загрижени за состојбата со заштитеното светско наследство во Охрид

Нашиот западен сосед, Албанија, очекува во 2019 година и албанскиот дел од Охридското Езеро да биде ставен под заштита на УНЕСКО. Тоа е интерес и на Република Македонија, поради што во Струга претставници на двете земји ги договараа мeрките за прекугранично управување со сливот на Охридското Езеро заради обезбедување на статусот на УНЕСКО и на тој дел од езерото. И додека во...

Репортажа на британски „Телеграф“ за македонските убавини

Британскиот весник „Телеграф“ објави репортажа по повод Денот на независноста на Република Македонија, насловена „25 значајни работи што не сте ги знаеле за Македонија“. Охрид, Струга и Вевчани повторно се застапени на страниците на „Телеграф“, но овојпат поводот е честитката од уредниците на медиумот за Денот на независноста на Република Македонија. Автор на репортажата на „Телеграф“ е Хју Морис, а во...

УНЕСКО загрижена за Охридско Езеро, активистите со петиција бараат да се зачува

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изразил сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид, поради бројните инфраструктурни проекти кои беа предложени, што потврдува дека тие најверојатно би предивикале значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид. По одлуката на Комитетот, неколку еколошки активисти почнаа кампања под мотото „Вредно е!“, а од...

Удавеното момче во Охридско Езеро е од Скопје

Телото кое беше пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро, во близина на воениот камп „Св.Наум“, е на 24 годишниот Марко В. од Скопје, соопшти денеска портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело. Ова е констатирано при извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед во амбулантата во Пештани. - Од увидот...

Пронајдена експлозивна направа во Охридско Езеро

Неексплодирана експлозивна направа вчера е пронајдена во водите на Охридско Езеро кај струшкото село Радожда, соопшти денеска МВР. Како што се наведува во соопштението, вчера, околу 17 часот, во водите во Охридско Езеро кај струшкото село Радожда, била пронајдена една неeксплодирана експлозивна направа, по што од Дирекцијата за спасување и заштита била безбедно подигната.

Кај Струга откриени потопени бродови од 1887 година

Нуркачите Никола Паскали, Александар Булески и Кире Ристески, кои се членовите на клубот „Ботом тајм“, откриле потопени бродови во водите на Охридското Езеро. – Станува збор за два брода – влекачи кои влечат пет т.н. „вагони“ за транспорт на различни добра низ езерото. Истите се произведени во далечната 1887 година во Италија, а намерно биле потопени во 40-тите години од минатиот...

Претстојниот викенд ќе го наполни Охрид

Со чиста и релативно топла вода во езерото и со богата културно-забавна понуда, македонскиот туристички центар Охрид престојниов јулски викенд го очекува првиот голем бран туристи. Синоќа, со отворањето на Балканскиот фолклорен фестивал, практично почна богатото охридско културно лето, кое кулминацијата ја најавува за 12 јули, Петровден, кога традиционално се отвора меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“. Во прилог на бројните гости од земјата и од...

Прв број на тријазичниот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“

Денеска стартуваше првиот број од електронскиот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“, кој е достапен на три јазици, македонски, англиски и албански јазик. Весникот се објавува во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот Регион поддржан од УНЕСКО. УНЕСКО се залага за заштита на наследството на охридскиот регион преку зајакнување на институционалните капацитети, развивање...

Ќе се одржи состанок за подобра соработка со Албанија за развој на туризмот

Состанок на Прекуграничната платформа за заштита на езерскиот регион, во рамките на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро, ќе се одржи утре во Подградец, Албанија. Целта на Прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво помеѓу Македонија и Албанија, односно помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам,...

Изготвена студија за вредностите на регионот на Охридското езеро од албанска страна

Работната сесија, во рамките на проектот на УНЕСКО и ЕУ за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион, резултираше со објавување на Базична студија и проценка за состојбата и вредностита на албанската страна на регионот на Охридското езеро. Студијата ги идентификува специфичните потреби на регионот, предлог-границите за опфат на заштитеното подрачје како и сценарија за можната состојба на...

Запленети рибарски мрежи во Охридско Езеро

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, екипа од полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, при патрола во езерото пронашла и запленила триесетина рибарски мрежи со 2,6 килограми риба. Според МВР, рибарските мрежи со 27 парчиња охридска белвица биле пронајдени на околу 300 метри од брегот на езерото, спроти авто-кампот „Андон Дуков“. Риболовниот алат со уловената риба биле донесени во полициската...

Од рибокрадци одземени рибарски мрежи, риба, опрема и риболовен алат

Рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2.000 метри, сто парчиња риба - охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци од риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор на Охридско Езеро. Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена, во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство,...

Биосферниот резерват Охрид-Преспа, тема на академија организирана од УНЕСКО

Триесетина стручни лица, избрани од УНЕСКО во светски рамки, учествуваат на Академијата за одржлив развој што се одржува во Торино, Италија. Тема на академијата се заштита на наследството и биосферните резервати. Дејан Пановски од делот за природа при Националната комисија на УНЕСКО, преку предавање, ќе го претстави воспоставувањето и природните вредности на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа, како и вредностите на Охридско Езеро. Вториот...

СДСМ: Зад таканаречената „марина“ се крие приватен ресторан на лица блиски од власта

Зад таканаречената „марина“ или „мало пристаниште“ на најатрактивниот дел од Охридското Езеро, се крие приватен ресторан на лица блиски од власта, обвини денеска од прес-конференција општинското раководство на СДСМ од Охрид. - Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот што им припаѓа на сите граѓани, буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата. Дрскоста...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...