fbpx
Таг: охридско езеро

таг: охридско езеро

Екологистите апелираат претседателот Пендаровски итно да го стави Охрид под привремена заштита

Граѓанската организација Фронт 21/42 упати апел до претседателот на државата, Стево Пендаровски лично да се заложи за извршување на меѓународнитe договори кои ги ратификувала земјава и на тој начин да помогне да се заштити природното и културното богатство на Охридскиот регион. Екологистите, по објавувањето на загрижувачкиот нацрт-извештај на УНЕСКО, со кој се заклучува дека Охрид е подготвен да се најде...

Охрид вели дека работи на зачувување на природата и културното богатство, УНЕСКО не го гледа напредокот

УНЕСКО не гледа напредок во заштитата на природното и културното наследство во Охридскиот регион, а во последниот нацрт-извештај, испратен до локалните власти и надлежните министерства, го става Охрид на еден чекор пред прогласување на листата на светско наследство во опасност. Извештајот особено ги акцентира проблемите во заштитата на автентичноста на старите градби, отстранувањето на дивоградбите и проблематичните урбанистички планови за...

Фактоје: Охридското езеро и 15 годишниот договор на Албанија со РСМ што не успеа да го запре загадувањето

Албанскиот портал Фактоје објави опширен напис за договорот меѓу Албанија и Северна Македонија од пред 15 години, кој имаше за цел зачувување и спречување на загадувањето на водата во Охридското езеро. Истражувањето на Фактоје и набљудувањето на терен, покажа дека од албанската страна на езерото, загадувањето не е запрено. Во езерото продолжува да се влева канализацијата, рударскиот и урбаниот...

Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

Владата на Р.С.Македонија донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, соопштија од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање,...

Охридско Езеро порибено од албанска страна

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, беа збогатени со 1,7 милиони парчиња подмладок охридска пастрмка, соопштија од општина Подградец. На порибуваањето присуствуваа министрите за земјоделство шумарство и водостопанство од Македонија, Арјанит Хоџа и Бленди Чучи од Албанија. -Од година в година се зголемува количината подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска...

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства од 426 милиони евра...

Колекторскиот систем во Охрид се запушува од несовесни граѓани

Несовесниот однос на жителите и посетителите на Охрид го загрозува функционирањето на колекторскиот систем во градот, којшто ги собира отпадните води но и го штити Охридското езеро. Од јавното претпријатие „Колекторски систем“ велат дека влажни марамчиња, пелени и хигиенски влошки се фрлаат во секундарната канализација и ги запушуваат потопните пумпи поставени на препумпните станици од цевководот на колекторскиот систем. На овој...

Крајбрежјето на Охридско Езеро се затрупува со смет во викендите, ентузијастите чистат (ГАЛЕРИЈА)

Сезоната на Охридското Езеро веќе почна, а со неа доаѓаат и некои грди сцени, кога многу места остануваат затрупани во отпад оставен од капачите. За среќа, Охрид има ентузијасти кои посветуваат време и енергија за крајбрежјето да не се гуши во отпад. Екипата на „Чист Охрид“ викендов вторпат во две седмици одржа акција за чистење од комунален отпад, овој...

МЖСПП: Почна јавната расправа за заштитата на Осогово и Шара

Како дел од своите активности за заштита на природните предели со посебна вредност во државата, Министерството за животна средина ја изработи Нацрт Одлуката за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел и денес ја објави на својата веб страница. Нацрт одлуката е дел најавените активностите за прогласување на Осоговијата за зашитен предел како дел...

Со уривање на хотел продолжи акцијата за рушење дивоградби на охридското крајбрежје

Со рушење на хотелскиот објект „Грин спејс“, денеска во Охрид продолжи акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје. Со учество на претставници од локалниот и од државниот градежен инспекторат во Охрид, акцијата за рушење на дивоградбите продолжи со уривање на хотелскиот објект лоциран во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга. „Отстранувањето на нелегално...

Жбогар со поддршка за исполнувањето на препораките на УНЕСКО во Охридскиот регион

Активностите за соодветно уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион наиде на поддршка и од Амбасадорот на ЕУ во земјава Семјуел Жбогар. За време на вчерашната посета на Охрид, тој ја посети плажата Горица Трета, каде што веќе се отстранија дивоградбите и...

Авионите за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување вежбаа над Охрид (галерија)

Специјалните авиони за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување вежбаа над Охридско Езеро. Се тренираа различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени површини нешто што е многу тешко во авијацијата, а беа испробувани и други техники над езерото. Станува збор за реализација на дел од планот и програмата за подготовки на Дирекцијата за заштита...

Почна рушењето на дивоградбите на плажите кај Канео, следни се Градиште, Свети Стефан и Далјан

На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. Вчера истече рокот којшто Општина Охрид им го даде на сопствениците на објекти на потегот на крајбрежјето кај населбите Канео и Далјан, како и делот од „Свети...

По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа. Оваа седмица ќе се врши расчистување...

Општина Охрид почна со уривање на шанкови и потпорни ѕидови на охридските плажи

Општина Охрид денес започна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По...

Општина Струга против владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба

Општина Струга ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд против владината уредба за отстранување на објектите и на урбаната опрема од плажите на Охридското езеро. Тие се против ваквата одлука на владата, со која закупците треба да ги вратат плажите во првобитната состојба. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за...

Владата со уредба до закупците: Плажите на Охридското езеро да се вратат во првобитна состојба

Летната сезона е пред самиот праг, а состојбата со закупот на плажите на Охридското езеро не е решена. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со дополнувањето, се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое...

Туристите ќе може да го гледаат водниот свет на Охридско Езеро пловејќи

За новата туристичка сезона, пловило со стаклено дно во водите на Охридското Езеро ќе привлекува туристи со можноста да се гледа подводниот свет, како во суперпопуларните туристички места. Во Охрид од Кавадарци пристигна пловило со провидно дно со капацитет од 12 лица , кое на метар и половина под нивото на езерото, ќе им го нуди на туристите на уживање...

Општина Охрид го руши нелегално изградениот ѕид на плажата во Градиште

Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески информира дека градежен, комунален и инспектор за животна средина утрово извршиле увид, по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување на изградениот ѕид. „Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, информира...

Се гради „парапетче“ без градежна дозвола на една од плажите во авто-кампот „Градиште“

Викендов во Охрид повторно се актуелизира темата за градежни активности што се изведуваат до самиот брег на Охридското езеро, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ѕидот што се гради на една од плажите на авто-кампот „Градиште“. Ова предизвикаа голем револт кај жителите на Охрид, кои бараат одговорност за ваквата постапка. За автентичноста на фотографиите потврда стигна и од...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...