fbpx
Таг: Охридски комуналец

таг: Охридски комуналец

Охрид и Струга преполни со туристи за Илинденските празници

Крајбрежјето на Охридското езеро за време на Илинденските празници и годинава е преполно со туристи. По две години пауза, во Охрид и Струга е забележливо присуството и на бројни странски туристи од Полска, Холандија, Романија, Србија, Бугарија, Косово и други земји, покрај домашните гости. Хотелските објекти се преполни со посетители, заедно со приватните сместувачки капацитети, автокамповите, па дури и...

Нови казни од 6.000 и 800 евра за горење на охридската депонија „Буково“

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ доби две нови казни заради горењето отпад на општинската депонија „Буково“. Државните инспектори за животна средина, при контролен инспекциски надзор минатата недела, констатирале дека депонијата сè уште чади и го загадува воздухот и изрекле нови, втори, санкции за правното лице во висина од 6.000 евра и 800 евра за одговорното лице. Од Инспекторатот информираат дека...

Се чисти отпадот од водите на Охридското Езеро

кеј Охридско Езеро
Деновиве екпите на Ј.П. „Охридски Комуналец” имаат полни раце работа со расчистување на отпадот што езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и кејот. „Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, најлон кеси, лименки и друго) што надојдените реки ги носат со себе, како и наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен...

Охриѓани продолжуваат покуќнината и градежниот шут да го фрлаат на јавни површини

До кога несовесните граѓани од непотребната покуќнина и градежен шут ќе се ослободуваат секојдневно фрлајќи ги на јавни површини и локации што ги посетуваат туристите во Охрид? Ова прашање постојано си го поставуваат охридските општински власти, кои не можат да исчистат толку многу колку што дел од жителите можат да го нагрдат Охрид. - Ние немаме основна комунална култура како...

Запалената депонија Буково третирана со органска алга

Службите на ЈП „Охридски комуналец“ извршија вонреден третман на деловите од депонијата „Буково“, кои деновиве повторно беа запалени. Беа ангажирани неколку возила и цистерна за теренот да биде третиран со специјално биолошко средство-органска алга, а ситуацијата е веќе ставена под контрола. Органската алга е произведена на природна основа, на база на екстракт од два вида на морски алги. Таа го оневозможува...

Повторно се чисти натрупаното ѓубре во Охридското езеро кај Љубаништа

Охридските општински власти повторно го чистат натрупаното ѓубре на крајбрежјето на Охридското езеро кај Љубаништа. По реакциите на граѓаните и на медиумите, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа нова акција за чистење и собирање на отпадот кој во текот на изминатите неколку денови беше натрупан на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од кампот Љубаништа до границата со Албанија. Акцијата...

Охридски „Комуналец“ за еден ден собра 150 вреќи ѓубре исфрлено во езерото

По обилните врнежи дожд и големите бранови во изминативе денови, Охридското Езеро исфрли огромни количества отпад на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп па сѐ до границата со Албанија. Екипите на ЈП „Комуналец“ од Охрид вчера почнаа да го собираат исфрленото ѓубре од езерото. Само во текот на вчерашниот ден се собрани 150 вреќи пластични...

Со грант од Светска банка набавени комунални возила за две јавни претпријатија во Охрид

Преку грант на Светска банка, Oпштина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку овој проект се набавија едно специјално возило - камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило - камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач - утоварувач и една машина ровокопач - мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата...

ЈП „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите со фирмата на Нефи Усеини

Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ на седница која се одржа денеска донесе одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК на Нефи Усеини, советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид. Како причина е наведен судир на интереси. Одлуката уследи по препорака на Државната комисија за спречување корупција и мислењето кое таа го испрати до Општина Охрид дека...

Редарските служби во Охрид се засилија по масовното труење на кучиња

Општина Охрид ги осудува поединечните случаи на труења на кучиња скитници по охридските улици кои беа евидентирани во текот на изминатиот период. Од таму до несовесните граѓани апелираат да не ги повторуваат ваквите постапки со што ќе придонесат за хуман теретман кон овие животни. За таа цел Општината ќе ги засили редарските служби кои е планирано да работат во три...

Расте депонијата меѓу НП „Галичица“ и една од водоснабдителните станици

На само неколку десетици метри помеѓу границата на Националниот парк „Галичица“ и една од работните единици на јавното претпријатие кое се грижи за хигиената на градов, „Охридски Комуналец“ расте дива депонија. Грдиот момент е што таа е и во непосредна близина на една од водоснабдителните пумпни станици. Пред неколку години улицата „Јордан Мијалков“, чијашто изградба беше дел од изборните ветувања...

Несоодветното депонирање на градежниот шут, проблем за хигиената во Охрид

Деновиве во Охрид, дежурните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ евидентираа уште еден во низата примери на кршење на Законот за јавна чистота во централното градско подрачје и тоа на сред бел ден. Депониран е градежен шут од камион на приватен субјект директно во контејнерите за комунален отпад. „Овој проблем станува се поголем од отприлика две години, откако е донесена одлука...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...