!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Еден загинат и седум повредени во несреќа во забавен парк во Охајо


Колумбус, 27 јули, 2017 - 12:50 (META) 

Едно лице загина, а седум се повредени во несреќа што се случи во забавен парк на панаѓур во Охајо, јавуваат локалните медиуми.

Шефот на пожарникарите од Охајо, Стив Мартин, рече дека единствена жртва е 18-годишно момче кое испаднало при возењето на реквизитот наречен „Фајербол“.

Мартин, исто така, додаде дека пет лица се во критична состојба, додека другите две не се во опасност.

Организаторите на панаѓурот засега не ја коментираат несреќата.


ИД ја презеде одговорноста за нападот во Охајо


Вашингтон, 30 ноември, 2016 - 9:59 (META) 

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на Универзитетот „Колумбус“ во Охајо, во кој напаѓачот се залета со автомобил меѓу пешаците, а потоа ги нападна со нож.

Напаѓачот Абдул Разак Али Артан бил сомалиски студент на универзитетот.

Тој во понеделникот повреди 11 лица, по што полицијата го застрала и го уби.


Полицијата се сомнева дека нападот во Охајо е терористички


Охајо, 29 ноември, 2016 - 10:14 (META) 

Кон истрагата околу нападот на Универзитетот во Охајо се придружија и тимови на ФБИ и други разузнавачки агенции поради сомневање дека се работи за терористички напад.

Мажот кој е осомничен дека повредил девет лица на Универзитетот „Охајо“, со автомобил влетал помеѓу пешаците, а потоа излегол со месарки нож и почнал да ги боде луѓето, пред да биде убиен од огнено оружје.

Се верува дека лицето што го извршило нападот е бегалец од Сомалија и дека легално живеел во САД.

Официјални лица претходно соопштија дека најмалку девет лица се повредени, од кои едно во критична состојба.

Во изминатите месеци, ФБИ ги зајакна мерките за претпазливост поради пропагандата на екстремистите на интернет во која препорачуваат во нападите да се користат автомобили и ножеви бидејќи полесно е да се носат отколку бомби.


Џон Кејсик најави трка за претседателска кандидатура


Колумбус, 29 јуни, 2015 - 10:31 (META) 

Џон Кејсик, гувернер на американската сојузна држава Охајо, најави дека ќе се вклучи во трката за номинацијата на Републиканската партија за кандидатура за претседател на САД.

Како што најавија неговите советници, 63-годишниот Кејсик својата кандидатура официјално ќе ја објави на 21 јули во обраќање во државниот Универзитет на Охајо.

Во трката за републиканската номинација за кандидат за американски претседател досега се вклучија 13 истакнати гувернери и сенатори од редовите на Републиканската партија.