fbpx
Таг: ограда

таг: ограда

Изјавите на Вучиќ дека Србија нема да подига огради на своите граници не се остварија

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Српскиот сервис за...

Нема пари за анализи на депонијата на токсичен линдан кај Пеленица, ќе се бараат преку донатори

Испитувањето на почвата во локалитетот Пеленица кај Драчево, потенцијално складиште на опасен линдан од ОХИС, нема да започне оваа година. Во Министерството за животна средина велат дека немаат формирано буџет за анализи на локацијата, но се работи на тоа пари да се обезбедат преку донатори. Пеленица е четвртата депонија на отровната супстанца, откако, покрај двете веќе познати, во рамките на...

Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец - Катланово од автопатот Скопје - Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во...

Возачите негодуваат за лошата состојба на автопатот Скопје – Велес

Нереконструиран коловоз и дупки во асфалтот, одрони на патот, недоволно осветлување на критичните места и недоволно одржување во зимските месеци се само дел од забелешките на граѓаните што патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес. Тие плаќаат патарина од 120 денари по еден правец. Најгласни во негодувањата за состојбата на автопатот Скопје - Велес - Скопје се граѓаните од Велес....

Токсичниот линдан во Пеленица доби жичана ограда, но без никакви ознаки, забрани или предупредувања

Оградена е депонијата на линдан лоцирана во месноста Пеленица блиску до скопската населба Драчево. По потврдата од Министерството за животна средина нашата екипа беше на локацијата и таму навистина затекнавме ограда, но од обична жица, со жичана врата и катанец, без никакви ознаки за што станува збор или предупредувања и забрани. По повеќе од три децении, на просторот каде што...

Објавен тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица

Министерство за животна средина и просторно планирање го објави тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица. Тендерот првично беше најавен за до крајот на 2018 година, а потоа за до крајот на јануари оваа година, па на 11 март, за конечно да биде објавен на 22 март. Проценетета вредност на тендерот, кој е отворен до 2 април,...

Тендерот за оградата на депонијата со линдан во Пеленица треба да се објави в понеделник

Тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица треба да биде објавен во понеделник, информира за „Мета“, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Тендерот првично беше најавено за до крајот на 2018 година, а потоа и за до крајот на јануари оваа година. Петровска вели дека Министерството веќе ја испратило спецификацијата...

Автопатот Штип – Миладиновци е пуштен со времен сообраќаен режим

Многу шпекулации излегоа деновиве за пуштањето на автопатот Штип – Миладиновци, каде веќе десетина дена нормално се вози. Без застој или пренасочување може да се помине целиот автопат и од Штип до Скопје се доаѓа за педесетина минути. Веројатно поради тоа се подгреаја шекулациите дека патот деновиве ќе биде пуштен во употреба. Неофицијално дури имаше најава дека свеченоста ќе се...

Два метра висока ограда ќе добие депонијата со токсичен линдан во Пеленица, Драчево

Тендерот за оградување на депонијата со линдан во излетничкото место Пеленица во Драчево ќе биде објавен деновиве, а оградувањето ќе се направи во најбрз можен рок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета“. Ана Петровска, државната секретарка во Министерството, вели дека спецификациите за оградата се готови и дека е прашање на денови кога ќе се објави...

Унгарија: EП го пика носот каде што не му е место, Груевски ја бранеше Европа

Откако Европскиот Парламент (ЕП) вчера при гласањето за резолуцијата за Македонија усвои и два амандмани за азилот на Никола Груевски во Унгарија, со кои се бара негова екстрадиција во Македонија, од Унгарија стаса остар одговор. Владиниот портпарол, односно Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Золтан Ковач, во интервју за телевизијата „Ехо“ порача дека резолуцијата,...

Стефановиќ: Не постои жица што ќе ги сопре мигрантите

Поединечните решенија на некои земји како Унгарија, не го решаваат проблемот со мигрантите, туку само го продлабочуваат, порача министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, откако вчера владата на Унгарија објави дека наредила пробно да се пушти во употреба новата „умна“ ограда на границата со Србија, која има струја под напон од 900 волти, за која тврди дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против антиреформи. „Владата на Заев не губи...

Литванија подигнува ограда на границата со Русија

Литванија почна да гради ограда на границата со руската енклава во Калининград во обид да спречи криумчарење и илегална имиграција, како и да ги зајакне надворешните граници на ЕУ. На церемонијалниот почеток на изградбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Литванија, Елмутис Мисиунас. Проектот подразбира и електронски системи за надзор и дронови. Се предвидува дека вкупните трошоци ќе изнесуваат 3,6...

Заев: На првата седница се економските закони и кадровските решенија

Пакет економски закони, распределување на ресорите и портфолијата на министрите без ресори, поставување на заменици на претседатели на Владата, избор на генерален секретар и шеф на кабинет и формирање на постојните и на адхок комисиите, ќе бидат темите на дневен ред на денешната прва седница на новата Влада, закажана за 14 часот, најави премиерот Зоран Заев. - Мој прв впечаток е...

Ветер од 100 километри на час причини штета во Штип

Силниот ветер што од синоќа во Штип дува со брзина од 100 километри на час, искрши дрвја и гранки, соголи покриви, главно на стари и напуштени куќи, урна билборди, а штипјани ги остави без сон. Од силината на ветерот има искинати кабли од електричниот систем. Еден скинат кабел од ноќеска и попладнево остана припоен на железна ограда кај градскиот базен,...

Шешељ: На границите треба ограда или минско поле за заштита од мигранти

Кандидатот за претседател на Србија и лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, во синоќешното преставување на РТС рече дека на државните граници би требало да се подигне ограда за да се спречи илегалниот прилив на мигранти, а доколку тоа не е доволно, тогаш треба да се постави минско поле. Лидерот на радикалите рече дека е горд што толку години...

Тетовци ја оградуваат дивата депонија, нема да дозволат да се истура смет

Револтирани жители од тетовската населба Деребој, од утре нема да дозволат тетовскиот отпад да се претовара на влезот од градот, на локацијата која е претворена во дива депонија. Утринава почнаа да ја оградуваат локацијата и најавија дека од утре нема да ги пропуштаат камионите на Јавното комунално претпријатие Тетово, на ова место да го истура и да го претовара...

Бугарија подигнува стокилометарска жичена ограда

Бугарија ќе постави жичена ограда долга 100 километри долж границата со Грција и со Турција, распоредувајќи илјада граничари да го спречат приливот на мигранти, јавуваат грчките медиуми. Заедно со постојната структура, вкупната должина на оградата ќе надмине 200 километри. Во бугарските погранични патроли учествуваат припадници на бугарската војска и на агенцијата Фронтекс. Бугарија ги зајакна пограничните патроли, а на некои точки ги...

Србија размислува за ограда на границата со Македонија и со Бугарија за заштита од мигранти

Српскиот министер за труд, Александар Вулин, вчера изјави дека е време да му предложи на премиерот Александар Вучиќ, по неговото враќање од Париз, подрастични мерки за заштита на границата со Македонија и со Бугарија од прилив на нови мигранти. Тој нагласил дека едно од можните решенија е поставување „бариери или одредени препреки“, а причината што ја наведува е структурата на...

Унгарија ќе подигне уште една ограда на границата со Србија

Унгарија планира да изгради уште една ограда на својата јужна граница со Србија, за да го спречи влегувањето на мигранти, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој рече дека новата ограда, која ќе биде изградена покрај веќе постојната, ќе ја зајакне одбраната за да се спречи евентуалниот прилив на стотина илјади лица, доколку се промени турската политика кон мигрантите. - Во...

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...