fbpx
Таг: офанзива

таг: офанзива

Фронтот Ал нусра најави офанзива во Сирија

Сирискиот разгранок на Ал каеда, Фронтот Ал нусра, најави дека во следните 48 часа ќе почне офанзива во Сирија откако Русија, која е сојузник на режимот, ја повлече својата армија, соопшти командант на терористичката организација. - Јасно е дека Русија претрпе пораз и во рок од 48 часа Фронтот Ал нусра ќе почне офанзива во Сирија - изјави неименуваниот командант. Ал каеда загуби...

Ирачките сили зазеле повеќе од 90 отсто од Рамади

Ирачката полиција денеска соопшти дека државните сили зазеле повеќе од 90 отсто од градот Рамади, кој од мај годинава е под контрола на Исламска држава. Коалицијата под водство на САД врши воздушни напади во регионот, а специјално обучени антитерористички единици тргнале од улица во улица да ги потиснуваат џихадистите. Рамади е главен град на провинцијата Анбар, која се наоѓа на повеќе од 100 километри...

Ирачките сили во офанзива за заземање на Рамади од ИД

Вооружените сили на ирачката влада почнале офанзива за преземање на градот Рамади, кој во мај годинава беше заземен од милитантите на Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации од ирачката влада. Портпаролот на службата за борба против тероризмот, Сабах ал-Нумани, изјавил дека ирачките трупи и припадници на милицијата, со воздушна поддршка, влегле во центарот на градот и напредуваат...

Од Алепо побегнале 35.000 лица од почетокот на офанзивата

Околу 35.000 лица го напуштиле вториот по големина сириски град Алепо од почетокот на офанзивата на сириската војска со поддршка на воздушните напади на руската авијација, соопштија од одделот на ОН за координација на хуманитарните активности. Итно е потребна е храна и помош за бегалците. Од почетокот на војната во Сирија, околу четири милиони Сиријци се интерно раселени, а од 2011...

Повеќе од 70.000 Сиријци побегнале од Алепо по офанзивата на армијата

Најмалку 70.000 Сиријци ги напуштиле своите домови во изминатите три дена откако силите лојални на претседателот Башар ал-Асад, со поддршка на руската авијација, почнаа офанзива врз позициите на опозициските бунтовници, јужно од градот Алепо, соопштиле активисти на хумантираните организации, јавува „Би-Би-Си“. Првиот човек на Унијата на организации за медицинска помош на Сирија, доктор Заидоун ал-Зоаби, за британскиот национален сервис изјавил...

Сириските сили почнаа офанзива во Хомс

Сириските владини воени сили денеска, со поддршка на руските воздухоплови сили, почнаа офанзива во северниот и во северозападниот дел на провинцијата Хомс, јавуваат сириските медиуми, додавајќи дека најмалку 10 лица загинаа. Војската презема контрола над селото Ал-Дар Ал-Кабра, северно од Хомс, јави сириската телевизија. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека најмалку 10 лица загинале, од кои...

Копнена офанзива на сириските сили со поддршка од воздух

Сириската армија и нејзината сојузничка милиција денеска тргнале во копнени напади на позициите на бунтовниците во Сирија, поддржани од руските воздухопловни сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Метите на руските напади биле во северниот дел на провинцијата Хама и во соседната провинција Идлиб, во градовите близу главниот автопат на западот на Сирија, наведува организацијата со седиште во Лондон. - Копнените...

Запрена офанзивата на Тикрит

Министерот за внатрешни работи на Ирак, Мухамед Салем ал-Габан, изјави дека офанзивата против џихадистите на Исламска држава во Тикрот е привремено запрена за да им се овозможи на цивилите да го напуштат некогашниот роден град на Садам Хусеин. Габан истакна дека офанзивата за повторно заземање на Тикрит, која почна кон почетокот на месецов, исполнила 90 отсто од целите и оти џихадистите...

Обама бара од Конгресот на 8 август да почне офанзива против ИД

Американскиот претседател Барак Обама вчера побара од Конгресот формално да ја поддржи војната против терористичката група Исламска држава, наведувајќи дека џихадистичката парамилитарна организација би можела да претставува закана за САД доколку не биде запрена. Мисијата би траела три години, но не опфаќа копнена акција. Сепак, Белата куќа и Пантагон би биле подготвени да распоредат сили во специфични ситуации. „За ослободувањето од овие...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...