fbpx
Таг: офанзива

таг: офанзива

САД најави уште воена помош за Украина, борбите со рускиот агресор на фронтот продолжуваат

Пентагон ќе испрати дополнителна помош во оружје за Украина, вредна 100 милиони американски долари, најави секретарот на САД за одбрана, Лојд Остин. Оружјето и опремата ќе бидат од активната резерва на САД, а ќе вклучуваат артилерија и муниција за систем за противвоздушна одбрана. Остин информацијата ја соопшти при ненадејната посета на Кијив вчера. Тој допатува со воз од Полска, по...

Украинската армија почна офанзива против руските сили во регионот Запорижја

Украинските воени сили почнаа напади врз окупаторските руски сили во клучниот јужен регион Запорижја, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на руски функционери и воени блогери. Тие велат дека украински војници поддржани со тенкови, артилерија и дронови, втора вечер по ред, се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орихив. Високопоставен функционер во украинската одбрана тврди дека непријателот се наоѓа во состојба на активна...

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“,...

Украина со контраофанзива на југот, руските сили ја зазедоа втората по големина електрана

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај вели дека украинската контраофанзива на југот на земјата зема замав откако тие успеале да воспостават премин јужно од реката Ингулец, која што ја формира северната граница на регионот Херсон, пишува Гардијан. Украина ја користи новата артилерија со долг дострел за да оштети најмалку три мостови на реката Дњепар, во обид да ги отсечат...

Жестоки напади на руските сили за целосно освојување на Севернодонецк

Украинскиот град Севернодонецк во Луханската област утрово е жестоко нападнат од руските сили во рамките на големата офанзива, и врз градот, но и врз целиот регион се испукуваат артилериски гранати, се вршат и авионски бомбардирања, а дејствуваат и тенкови. Севернодонецк во моментот е „мал џеб“ во територијата што е речиси под целосна контрола на руските војски. „Ситуацијата во Севернодонецк е...

Украинските контранапади ја забавуваат руската офанзива на исток, се очекува евакуацијата на граѓаните на Мариупол

Руските трупи ја продолжуваат офанзивта во источниот регион Донбас во обид целосно да го заземат индустриското срце на Украина, но постигнаа мал напредок бидејќи жестоките украински контранапади ги забавија нивните напори, изјавија во саботата украинските и британските власти, пренесе Асошиетед Прес. Русија продолжува да се бори за целосна контрола на областите Доњецк и Луганск кои го сочинуваат Донбас и се...

Најмалку 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад, се подготвува голем напад на Киев

Повеќе од 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад, а десетици цивили загинаа во „варварско“ гранатирање, соопштија во вторникот украинските власти, додека огромен руски воен конвој се приближуваше до главниот град Киев. Жестокиот отпор на теренот досега негираше решавачки рани придобивки на рускиот претседател Владимир Путин, откако минатата недела тој го започна најголемиот напад врз европска држава од Втората...

Талибанците ја прогласија војната за завршена, по претседателот на Авганистан, заминуваат и дипломатите

Талибанците ја прогласија за завршена војната во Авганистан по преземањето на претседателската палата, откако претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. Припадниците на исламистичкото движење вчера влегоа во Кабул без да наидат речиси на никаков отпор, а Гани замина велејќи дека сака да избегне крвопролевање. Според најновите информации, тој сега се наоѓа во Оман. Во меѓувреме стотици Авганистанци се обидуваат...

Градежниците ќе одговорат на офанзивната градба на патишта, ако се знаат условите

Градежните компании ќе може да ја следат динамиката на офанзивата за изградба на патишта во државата, ако има добар план и организација, одговори на новинарско прашање претседателот на  Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Ивица Јаќимовски. - Компаниите имаа капацитет да го спроведат овој план ако има добра организација, основен проект и континуитет во извршувањето. Потребно е...

Хуманитарна катастрофа во Доума, поради голем број на бегалци и недостаток на храна

Сирискиот град Доума се соочува со хуманитарна катастрофа, откако стана единствено прибежиште за илјадници луѓе кои бегаат од владините сили кои се во офанзива на Источна Гута, регион кој го контролира опозицијата. Илјадници семејства бараат засолништа по улиците и парковите, имајќи предвид дека засолништата се преполни, а има и недостаток на храна. Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад напредуваат во...

Офанзива на ирачките сили против последниот град под контрола на ИД

Ирачките сили денеска покренале офанзива за заземање на Рава, последниот град под контрола на Исламска држава. Заземањето на Рава ќе значи крај на периодот на владеење на ИД над териториите во Ирак и Сирија, заземени во 2014 година. Во офанзивата против милитантите во Рава учествуваат две ирачки пешадиски дивизии и сунитски племенски сили. Сириската војска прогласи победа над терористите на 9 ноември,...

Исламска држава протерана од најголемото нафтено поле во Сирија

Паравоените сили што ја имаат поддршката на САД денеска објавија дека го освоиле најголемото нафтено поле во Сирија во офанзивата против милитантите на Исламска држава (ИД) во источниот дел на земјата, јавуваат светските медиуми. Сириските демократски сили соопштија дека утрово ја презеле контролата над нафтеното поле Ал-Омар на источниот брег на Еуфрат. Со воздушна поддршка од САД, сириските демократски сили се...

Ирачките сили во офанзива во Киркук

Курдските претставници во Ирак денеска соопштија дека федералните ирачки сили и милицијата, кои имаат поддршка од државата, повеле „голем и повеќекратен напад“ за да го заземат спорниот град Киркук. Регионалниот совет за безбедност на Курдистан соопшти дека курдските пешмерга-сили уништиле најмалку пет возила од типот „хамви“ кои ги користела милицијата, по „неиспровоциран напад“ јужно од градот. Во Киркук, мултиетнички град со повеќе...

Ирачката војска почна офанзива против ИД во близина на границата со Сирија

Ирачката војска почна офанзива за ослободување на градот Акашат од џихадистите на Исламска држава, изјавил денеска генералот Абдул-Амир Рашид Јар Алах, јавуваат агенциите. Според генералот, целта на операцијата е обезбедување на границата со Сирија во подрајчето северно од важниот автопат кој го поврзува Багдад со Сирија и со Јордан. Портпаролот на здружената воена команда, Јахја Расул, рекол дека меѓународната коалиција предводена...

ИД го напушта сириско-либанскиот граничен регион

По еднонеделни борби, конвој со припадници на Исламска држава почна, во согласност со договорот, да ја напушта сириско-либанската граница во придружба на сириската војска. За време на минатите денови, најмалку 11 припадници на либанското шиитско движење Хезболах и седум сириски војници загинаа во офанзива на ИД во западниот сириски регион Каламун, наведе Хезболах. Сириската војска и Хезболах во неделата објавија прекин...

Ирачката армија почна офанзива за ослободување 150.000 затвореници во Мосул

Ирачката армија денеска почна офанзива за заземање на Стариот град во Мосул, кој е под контрола на Исламска држава (ИД) и последниот дел од големиот град контролиран од милитантните исламисти. Офанзивата е и за ослободување на околу 150.000 заробеници на ИД. Телевизиските снимки покажуваат чад како се издига од Стариот град во Мосул, а се слушаат и многу пукотници. Биле...

Повеќе од 50 жртви на офанзива на Исламска држава во Сирија

Повеќе од 50 лица биле убиени денеска во напад на т.н. Исламска држава во две села под контрола на владата во провинцијата Хама во Сирија, а некои од нив се егзекутирани откако биле заробени, извести Сириската опсерваторија за човекови права. Милитантите на Исламска држава (ИД) ги нападнале селата Акареб и Ал Мабуџе, близу стратешки важниот автопат помеѓу градот Хама и...

Ирачката војска ги зазеде главните владини објекти во Мосул

Ирачката војска ноќеска ги зазела главните владини објекти во Мосул, во рамките на офанзивата за протерување на милитантите на Исламска држава (ИД) и за воспоставување целосна контрола над градот, јавува „Би-би-си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, напредувањето на ирачката војска може да го отвори патот за напад на густо населениот стар дел од Мосул, каде милитантите на ИД се...

Ирачката војска покрена офанзива против ИД во Мосул

Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади објави дека ирачките воени сили покренале офанзива против џихадистите кои во градот Мосул го држат западниот брег на реката Тигар. Ова би можела да биде најбруталната битка до сега во склоп на операциите за заземање на Мосул кој трае четири месеци. -Нашите сили започнуваат ослободување на граѓаните од теророт на Исламска држава. Ние доаѓаме да...

Жестока офанзива на Мосул, се слушаат експлозии и пукање

Ирачките сили утринава, по две недели затишје, ги продолжија борбите за Мосул, кој се наоѓа во рацете на Исламска држава, соопштија извори блиски до ирачките сили за безбедност. Војската на Ирак, со помош на авијацијата, специјалните единици и на полицијата повела офанзива на неколку предградија на Мосул. Странските новински агенции јавуваат дека жителите на Мосул се заробени во своите домови и...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...