fbpx
Таг: одрони

таг: одрони

Порталб: Потпорниот ѕид кај Градската бања во Тетово под ризик од уривање

На патот за Градската бања во Тетово се наоѓа опасен потпорен ѕид, бидејќи е речиси пред уривање, а општинските власти сè уште немаат преземено ништо за решавање на овој проблем, пишува Порталб.мк. Од Општина Тетово за Порталб.мк велат дека за овој ѕид ќе мора да се причека до март, и ги повикуаат граѓаните да бидат претпазливи кога поминуваат покрај него. Иако...

Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец - Катланово од автопатот Скопје - Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во...

Возачите негодуваат за лошата состојба на автопатот Скопје – Велес

Нереконструиран коловоз и дупки во асфалтот, одрони на патот, недоволно осветлување на критичните места и недоволно одржување во зимските месеци се само дел од забелешките на граѓаните што патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес. Тие плаќаат патарина од 120 денари по еден правец. Најгласни во негодувањата за состојбата на автопатот Скопје - Велес - Скопје се граѓаните од Велес....

На автопатот Штип – Миладиновци уште се гради, а веќе има потреба од поправки

Поставената заштитна ограда на новиот автопат Штип – Миладиновци се покажа како недоволна заштита за возачот, кој завчера буквално прелета од едната коловозна лента на автопатот за Скопје и премина во спротивен правец. Очевидци на несреќата тврдат дека само среќа ги спасила од посериозна незгода возилата кои сообраќале во правецот од Миладиновци кон Штип.   Автопатот од пуштањето во употреба од...

Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Тетово - Попова Шапка се одвива по една лента поради одрон на патот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а нa повисоките места има остатоци од кашeст снег. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани -  Македонска Каменица - Делчево, Виница -...

Сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица во прекин поради одрони

Поради отстранување одрони во близина на село Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правци.  Се користи алтернативен пат Кочани- Виница- Драгобрашта- Бигла- Македонска Каменица. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинскиот превој Пресека. АМСМ препорачува внимателно...

Во поплавите во Калифорнија загинаа 15 лица, а најмалку 25 се повредени

Во Калифорнија продолжува потрагата по настраданите во големиот одрон кој уништи десетина домови во областа Санта Барбара, каде што засега има 15 загинати и најмалку 25 повредени. Најмалку 50 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, поради невремето а бројот на жртви може да биде поголем при проширување на истрагата. https://twitter.com/TheEllenShow/status/950807626509574144 Спасувачките екипи пребаруваат дали има преживеани во некои од оштетените градби. Најголем...

Магла и одрони на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Поради појава на магла, видливоста во Охрид, Струга и Македонски Брод е намалена на 50- 100 метри, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците...

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија. Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и низ планински превои...

Поплавите и одроните во Сиера Леоне усмртија повеќе од 300 лица

Бројот на загинатите во поплавите и во одроните што го погодија Фритаун, главниот град на Сиера Леоне се зголеми на 312, соопшти Црвениот крст. Портпаролот на локалниот Црвен Крст, Патрик Масаки рече дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми. Синех Камара, кој работи во болничката мртовечница во Фритаун изјави дека телата на жртвите се насекаде по подот. Националната телевизија на...

Поради ниската температура, можна е појава на голомразица по патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози. Поради ниската температура, можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола, е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Во клисурите и во засеците можна е појава...

Намалена видливост на Плетвар поради магла

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Плетвар е намалена на 100 до 120 метри, се вели во последниот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата. Во него се додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Буково. Во клисурите и во...

Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и по влажни коловози

Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, но на некои места по влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат да се вози внимателно со прилагодена брзина на движење и со почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на...

Поради одрони и свлечишта сообраќајот на дел од патиштата во прекин

Поради свлечишта, одрони и врнежи од снег, сообраќајот на дел од патиштата во земјава е во прекин, а на дел од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат внимателно возење. Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Кај обиколницата Битола - Ресен, на патот А3, поради свлечиште патот...

Свлечиште кај Страцин, одрон на камења на патот Берово – Виница

На патниот правец А3, обиколница Битола - Ресен, поради свлечиште, сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку Битола, информираат од АМСМ. Сообраќајот поради одрони е во прекин и на патниот правец Кочани – Делчево, кај село Калиманци и кај село Дулица. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на нивното расчистување. Сообраќајот е пренасочен преку...

АМСМ: Влажни коловози, наноси од снег и опасност од одрони – возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозите, по интервенцијата на дежурните екипи од „Македонија пат“, а слаб снег провејува во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на граничниот премин Блаце, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ известуваат дека од 7.30 часот, сообраќајот на граничниот...

Пругата Велес – Битола е проодна, одронот од карпи е расчистен

Одронот од карпи меѓу железничките станици Чашка и Богомила целосно е расчистен, а со тоа и пругата Велес - Битола е проодна, соопштија од „Македонски железници“. Како што информираат од компанијата, биле расчистени повеќе од 3.000 кубни метри камења и вечерва во 20 часот ќе се воспостави железничкиот сообраќај од Велес до Битола.  

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладнево во прекин поради минирање

Сообраќајот на патото А2, на релација Кичево - Охрид, денеска ќе биде во прекин 15 до 20 минути во периодот меѓу 13 и 15 часот, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). „Денеска, 17 ноември, поради изведување на работи на пат (минирање), на патот А2, Кичево - Охрид, на делот помеѓу Пресека и село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу...

Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А фонд“. Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на...

Големи одрони на патот Маврово – Дебар

Патниот правец Маврово - Дебар е попречен со големи одрони. Од АМСМ информираа дека во непосредна близина на манастирот Бигорски се одронила поголема карпа. Патот е пренасочен преку бензинската пумпа, а одронот ќе биде расчистен во текот на денот. Другите патишта во земјава се влажни, а особено внимание при возењето е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...