fbpx
Таг: одлуки

таг: одлуки

Заев: Очекувам жестока реакција на Москва околу приемот во НАТО, но подготвен сум

Македонскиот премиер, Зоран Заев, во интервју за црногорското радио „Антена М“ вели дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за прием на Македонија во НАТО, но нагласува дека Северноатлантската алијанса и Европската Унија се единствена алтернатива за земјава. Заев, кој бил гостин во емисијата „Жива вистина“ на црногорското радио, изјавил дека е уверен оти Македонија ќе биде 30....

ВМРО-ДПМНЕ: Управниот суд подлегна на притисоците од СДС и од СЈО

Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и од Специјалното јавно обвинителство и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на Управниот суд за тужбите што партијата ги поднесе во врска со одбиените приговори од ДИК за првиот круг од локалните избори. - ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднесе 24 тужби за 45 избирачки...

ДИК на маратонската седница ги одби сите приговори за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори поднесени за гласањето и сумирањето на резултатите од првиот круг на локланите избори кои што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска за „Мета“ изјави дека маратонската седница, која почна вчера околу 10 часот претпладне, завршила утрово и дека сите приговори се одбиени. ДИК одлучуваше по вкупно 43 приговори,...

Заев не размислува за предвремени избори, туку за реформите и за спорот за името

Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи сè уште се во тек локалните, а наш приоритет е тие да завршат комплетно регуларно и веродостојно, како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува, изјави премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ. Заев рече дека на резултатите од изборите гледа...

Врховен суд денеска ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Иако требаше да почне вчера, седницата на Врховен суд на која треба да се решава за жалбите на одлуките на Апелациски суд Скопје за притвор за обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ќе биде одржана денеска. Одбраната на обвинетите се жалеше до Врховниот суд на одлуките на Апелцискиот суд со кои беше прифатено барањето за притвори што го...

Попладне ќе се одржи 16. седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи шеснаесетта седница, со почеток во 17 часот, информираат оттаму. „Во согласност со предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледани информации за активнoстите на министерствата поврзани со санирање на последиците од поројни дождови, електрични празнења, силен ветер и град, како и за причинетите штети на земјоделските култури во Ресенскиот и во Тетовскиот Регион“, се вели во...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе дојдеме на власт, ќе ги преиспитаме одлуките на Апелција

Недозволиво е судот да потклекнува под партиско-политичките притисоци на СДС и на нивната испостава СЈО, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред Апелацискиот суд. - Оваа одлука е скандалозна од причина што при носењето не биле земени предвид аргументите на одбраната, туку е водена исклучиво според барањата и диктатите на СЈО. Оваа хајка во која сега директно се вклучи...

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Апелација за одземените пасоши не кореспондираат со реалноста

Одлуките на Апелацискиот суд, со кои не се вратија патните исправи на лицата што се политички гонети од Специјалното јавно обвинителство, се конформистички и не кореспондираат со реалноста, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓоѓиевски, член на централниот комитет на партијата денеска пред Апелацискиот суд Скопје изјави дека „одлуките се донесени повеќе како компромис“. - За да не изгледа дека судот ги отфрлил...

Судот не знае како обвинетите во „Титаник“ дознале кои судии ќе одлучуваат за притворите

Обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, барале изземање на еден од тројцата судии од кривичниот совет што одлучуваше по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им биде одреден притвор, потврди денеска Основниот суд Скопје 1. Како обвинетите и нивната одбрана дознале кои судии го сочинуваат советот, од судот велат дека тоа не му е познато...

СЈО попладнево ќе ги поднесе првите жалби за одбиените притвори

Специјалното јавно обвинителство се очекува денеска попладне до Апелацискиот суд Скопје да ги поднесе првите жалби на одбиените барања за одредување мерка притвор на 18 лица, против кои минатата недела беа поднесени обвиненија, потврдија за „Мета“ од СЈО. Жалби на одлуките на првостепениот суд, СЈО ќе поднесува и во наредните денови, во согласност со роковите (од три дена) кои почнаа...

Нè чека долга судска недела: Рокови, жалби, одлуки, претреси

Денеска Кривичниот суд во Скопје треба да ги соопшти и последните одлуки по барањата за притвори против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за барањата за притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Одлуките, како што можеше да се заклучи од соопштението на судот,...

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор им одредил мерки на претпазливост...

Кривичниот суд бара уште време за судиите да одлучат за притворите на СЈО

Кривичниот суд Скопје денеска попладне соопшти дека не може да каже колку време ќе трае процедурата, кога ќе заврши и кога ќе бидат соопштени одлуките по барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор и мерки на претпазливост за лицата против кои вчера беа поднесени обвиненија. Од судот велат дека поради големиот број барања и доказниот материјал доставен со нив,...

Стоте дена на Вангеловски: Го ослободи Кочан, а сè друго стави на стенд-бај

Денеска истекуваат првите сто дена откако Јово Вангеловски беше именуван и ја презеде функцијата претседател на Врховниот суд. Овој период главно ќе остане запаметен по одлуката за ослободување од притвор на првоосомничениот во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, Сеад Кочан, и по неколку почнати, но незавршени иницијативи на Вангеловски, меѓу кои и таа со која треба да се утврди дали...

Поништени одлуките за изградба на панорамско тркало и на шпански скали

Општина Центар денеска ги поништила одлуките за изградба на панорамско тркало, шпански скали и на катна гаража кај зградата Аутомакедонија, информираше директорот на „Паркинзи на Општина Центар“, Саша Богдановиќ. - На просторот на Аутомакедонија нема да се гради спорната катна гаража, односно спречивме да се узурпира јавниот простор на жителите во овој дел на Центар. Тоа го носат измените на четирите...

ДИК ќе замени 3.480 печати на изборните комисии со нови

Државната изборна комисија ќе ги замени сите постоечки печати на изборните комисии со нови. Станува збор за 3.480 печати кои ќе бидат заменети сo нови, а одлуката на ДИK доаѓа откако беше констатирано дека недостигаат 47 печати од Oпштината Бутел oд претходниот изборен циклус. На седницата на која беше донесена ваквата одлука, дел од членовите на ДИК оценија дека исчезнатите...

Јанева: Се надевам дека судиите нема да трпат влијанија за нашите постапки и барања

Се надевам дека одлуките на судиите ќе бидат засновани на закони, а ние будно ги следиме случувањата околу судството, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која денеска присуствуваше на дебатата „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“. - Будно ги следиме овие случувања околу судството, како институција која е зависна од судските одлуки. Што...

Во одлуките за езерото и за Галичица треба да се вклучат и граѓаните на Охрид

Граѓаните на Охрид се незаобиколен фактор и тие треба да го дадат своето мислење дали треба да се реализираат сите предвидени проекти поврзани со Охридското Езеро и со Галичица. Ова е заклучокот од „Отворениот екоден“ наменет за граѓаните, а кој беше организиран денеска од Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ). - Се надеваме дека ќе го добиеме реалното мислење на граѓаните....

Беџети: Владата треба да функционира технички, а не да носи стратешки одлуки

Владата донесе одлука за нов проект за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас за која информираше викендов, а од СДСМ сметаат дека на помалку од три месеци до изборите, власта се обидува да споведе еден од најскандалозните корупциски тендери и во предизборие да дава концесија на 30 години. Во овој момент, владата нема никакви законски пречки да спроведува големи стратегиски одлуки...

Ад хок телото ќе носи одлуки со кворум од тројца членови

Ад хок телото за надзор на работата на медиумите го усвои деловникот за работа, според кој, еден медиум ќе може да се казни доколку така одлучат тројца од петте членови на привременото тело. За одржување седница, исто така, ќе биде потребен кворум од тројца членови кои доколку сакаат да донесат одлука, ќе треба да бидат едногласни. Ад хок телото веќе го има...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...