fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите поради делта сојот, рече Филипче

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за тоа, евентуално дали нешто треба да се препорача за критериуми за влез на границите иако, како што потенцираше, гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, како Грција на пример, има...

Замрзната сметката и имотот на Рашковски и на неговите деца, со одлука на Кривичниот суд

На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје, донесе одлука да го замрзне имотот и сметката на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, како и на неговите две малолетни деца. Според Кривичниот суд, одлуката е со цел, „да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка“. Во предметот...

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 71,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 73,5 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот не се менува и останува 63 денари за литар. Со одлуката...

Српските и турските туристи летово нема да плаќаат паркинг во Охрид

На вчерашната 60. седница на Советот на Општина Охрид, советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и со турски сообраќајни регистерски таблички, да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг, објави Општината. Ваквата одлука беше најавена при посетата на Белград на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, како благодарност до Србија за поддршката на државата во процесот...

Свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости, одлучи Владата

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година. На предлог на...

РКЕ: Бензините поскапуваат за 1,5 денари за литар, а дизелот за денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 отсто, во однос на цените утврдени на 21 јуни. Според новата одлука, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цената на Еуродизел (Д-Е V)...

Советот на Амбасадори смета дека блокадата на Бугарија е една од повеќето неправди на патот кон ЕУ

Советот на Амбасадори со големо разочарување ја прими одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија да не препорача одржување на првата меѓувлaдина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ поради натамошното силно и неразбирливо спротивставување на само една земја членка на Унијата, соседна Република Бугарија, соопштуваат од таму. Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што...

Исплатата на јунските пензии да започне од 29 јуни, одлучи Владата

На 81. седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку...

Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург одлучува за почеток на преговорите со Северна Македонија

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург на Советот за општи работи на ЕУ треба да одлучат за одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, односно дали овие две земји од Западен Балкан ќе ги отпочнат преговорите за зачленување со ЕУ. Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот изјави дека потребните одлуки се...

Апелација одлучи Драги Рашковски да оди во куќен притвор, без понудената гаранција од половина милион евра

Dragi Rashkovski
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, од притвор во Шутка оди во куќен притвор, одлучил Апелациониот суд Скопје. Советот не ја прифатил претходно понудената гаранција од 500 илјади евра. Според Апелација, иако жалбата на решението за притвор на Рашковски е со гаранција, Советот оценил да не ја прифати, поради тоа што сѐ уште постои основан страв дека може да...

Уставниот суд укина став од Законот за банките, оштетените од „Еуростандард банка“ задоволни

Уставниот суд на денешната 14-та седница одлучи да го укине членот 163, став 3 од Законот за банките, со што и официјално е прифатено барањето на Здружението за оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“. Оспорениот став 3 од членот 163 е еден од членовите што го регулираше делот за стечајната постапка на банките. Во досегашниот...

РКЕ: Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот со иста цена

Малопродажната цена на бензините од утре се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). „Цените на бензините Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар, во однос на одлуката на највисоки малопродажни цени...

Армијата ќе продолжи заедно со граничната полиција да ја обезбедува северната и јужната граница

ЖПретседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Северна Македонија, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница на земјава, информираат од претседателскиот кабинет. Од Кабинетот на Претседателот на РСМ образложуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република...

Србија од утре е во петдневен локдаун

Србија вовeдува нови, поостри мерки во борбата против корона вирусот. Од вечерва на полноќ сѐ ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, мерка што важеше изминатиот викенд. Тоа го изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која додаде дека ова мерка ќе важи најмалку до понеделник, како и дека засега нема да се воведува полициски час. „Апелирам...

Цената на дизелот се зголемува за еден, а на бензините за денар иполовина

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси информира дека цената на горивата се зголемува во просек за 2,13 проценти во однос на минатата недела. Малопродажната цена на дизелот се зголемува за еден денар и ќе се продава за 57 денари за литар. Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за...

ААВМУ нема да ги одзема дозволите на радиодифузерите кои не платиле годишен надоместок

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000 денари (околу 813.000 евра), на вчерашната седница одлучи да ги запре сите покренати постапки за одземање на дозволи по основ на неплатен годишен надоместок за радио...

Народна банка привремено ја ограничи исплатата на дивиденда на акционерите на банките и на штедилниците

Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и на штедилниците. „Како што беше истакнато на седницата, со појавата на пандемијата на ковид-19, Народната банка донесе повеќе мерки за монетарно олабавување и регулаторна флексибилност, како поддршка на банкарскиот систем и економијата во целина,...

Радев: Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април

Бугарскиот претседател Румен Радев во денешното обраќање до нацијата информираше дека одлучил парламентарните избори во земјата да се одржат на 4 април. Тој веќе го потпишал и указот за датумот на одржување на изборите, иако првично најавуваниот термин за нивно одржување беше 28 март. „Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во пандемија, ниту една институција не...

РКЕ: Само ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапе за 0,50 дени, другите бензини со исти цени и во наредната недела

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги,РКЕ, денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто, во однос на цените донесени на 28 декември 2020 година. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто...

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,90 проценти во однос на минатата недела. Согласно најновата одлука, малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“, се намалува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 61 денар за литар. Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“, се намалува за еден денар...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...