fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Орбан попушти, ЕУ ќе ги започне пристапните преговори со Украина и Молдавија

Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори на ЕУ со Украина и Молдавија, пренесува весникот Гардијан. Наместо да стави вето, унгарскиот премиер Виктор Орбан се одлучи да го напушти моментот на донесување на одлуката во Брисел и на тој начин овозможи да отпочне преговарачкиот процес со двете земји, и покрај претходните закани дека нема да дозволи Украина...

Антикорупциска ќе бара распуштање на Советот на општина Карпош поради ДУП-от за „Пуцко Петрол“

Антикорупциската комисија ќе достави до Министерството за локална самоуправа претставка за понатамошно постапување за распуштање на Советот на општина Карпош во согласност со членот 75, став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа поради тоа што во два навратa го донеле Деталниот урбанистички план за градската четврт 3 04, а истиот бил поништен од Уставниот суд. Во спорниот ДУП...

Уставен суд оформи предмет за ДУП Буњаковец каде е лоцирана и фабриката „Треска“

Уставниот суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, со која се оспорува Деталниот урбанистички план (ДУП) за локалитетот Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на поранешната фабрика „Треска“. „Овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот...

Владата ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар Иловица-Штука

Владата ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“. Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес конференција информираше дека тоа значи враќање чекор назад во состојбата кога немаше никаква одлука за барањето на „Еуромакс ресорсис“. Ова, смета Бектеши, е спротивно на ставот и предлогот на министерството да се донесе одлука, без...

Укината пресудата за организаторите за упадот во Собранието на 27 април

Апелациониот суд Скопје, во врска со кривичниот предмет „Собрание“ информира дека ги уважил жалбите на обвинетите Владимир Атанасовски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и ја укинал првостепената пресуда за предметот „Организатори на 27 април“. Предметот се враќа на повторно судење. „Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје во оваа фаза на постапката одлучи...

Нема повеќе апанажа за разрешените функционери и за оние кои дале оставки

Уставниот суд на денешната седница укина член од законот, кој предвидуваше дека апанажа можат да земаат функционерите, пратениците и раководните лица кои поднеле оставки пред истекот на мандатот, или пак биле разрешени од функциите. Со денешната одлука, практично престанува да важи оваа одлука, односно овие лица веќе ќе немаат право на апанажа, односно право на паричен надоместок. Членот што едногласно се...

Од ноќеска дизелот поевтинува за 3 денари, еден литар ќе се продава за 92 денари

Од ноќеска дизелот поевтинува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно последната одлука, се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 отсто во однос на одлуката од 16 овој месец. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 3 денари за литар, а малопродажната цена на екстра лесното масло...

Бектеши повтори дека БЕГ треба да ги сторнира августовските сметки за парно

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека Балкан Енерџи Груп (БЕГ) ќе мора да ја послуша одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) и да ги сторнира августовските сметки за парно греење кои веќе им се испратени на корисниците во Скопје. БЕГ има обврска да им испрати нови сметки на потрошувачите за август. Тој потсетува дека...

БЕГ: Владината одлука за субвенции за парно истече на 30 април, парите не се исплатени од февруари

Од БЕГ-Снабдување реагираат во врска со денешната прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика, на која претседателот Марко Бислимовски побара БЕГ да ги сторнира сите сметки за август на корисниците на парно греење во Скопје и да се изготват нови сметки, во кои ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на владата. „Услугата снабдување со топлинска енергија...

Уставниот суд пресуди: Работниците на патните Коридори 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно

Градежните работници кои ќе бидат ангажирани при изградбата на автопатите долж Коридорите 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, односно за 20 часа подолго од вообичаеното неделно работно време во земјава. Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница:...

На гласањето во недела, за важечки ливчиња ќе се сметаат само оние со печат од Избирачкиот одбор

Државната изборна комисија (ДИК) во период од само едно деноноќие се пишмани и ја промени одлуката што ја донесе вчера. На гласање за вториот круг од изборите во недела за важечки ливчиња сепак ќе се сметаат единствено оние, на кои имаат печат од Избирачкиот одбор, информираат од ДИК. „Ве известуваме дека на 35-та седница на ДИК беше донесена Одлуката за...

Догодина бесплатен WiFi на државна сметка на јавни површини низ земјава

Од наредната година бесплатен WiFi интернет ќе биде обезбеден со државни средства на отворени јавни површини, одлучи Владата на Република Северна Македонија на денешната седница. На владината седница беше разгледана и усвоена Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини. За реализација на оваа програма, Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје, како носител на...

Бензините поeвтинуваат, а дизелот поскапува за еден денар

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 0,40 проценти. Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98 од ноќеска се намалуваат за еден денар по литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари по литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 74...

Цената на бензините останува иста, а на дизелот се намалува за денар и пол

Цената на бензините останува иста, а на дизелот се намалува за 1,50 денари за литар одлучи Регулаторна комисијата за енергетика и водени ресурси. Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ не се менуваат, и ќе се продаваат за 73 и 75 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот од ноќеска се намалува за 1,50 денари за литар, и ќе...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,58 проценти, информираат од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар за литар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 70,50 денари за литар,...

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите

Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, информираат од владината прес-служба. Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на земјава заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на...

РКЕ донесе одлука за намалување на цената на парното за околу 4 отсто

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4 проценти крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје. „Скоро 56.000 потрошувачи приклучени на „Балкан енерџи груп“ или 93 проценти од вкупниот конзум ќе добиваат сметки пониски за 4,35 проценти. Нешто над 3.800 домаќинства кои се...

Владата ја означи за стратешки проект фабриката што ќе согорува и обработува отпад во Неготино

Друштвото за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино, ќе добие статус на стратешки инвестициски проект, одлучи Владата на вчерашната седница. Одлуката е донесена, како што соопштуваат од владиниот кабинет, врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, која го разгледала целокупното барање и документација и извршила техничка, финансиска и правна проценка на досието на проектот:...

Скопје испадна од трката за Зелена престолнина на Европа во 2023 година

Македонскиот главен град Скопје, заедно со Белград и Загреб, испаднаа од трката за Зелена престолнина на Европа во 2023 година. Во финалниот избор влегоа градовите Хелсинборг (Шведска), Краков (Полска), Софија (Бугарија) и Талин (Естонија), информираат од Европската Комисија. Четирите европски града во последната фаза ќе имаат за задача да го убедат меѓународното жири дека се сериозно посветени на одржливиот урбан...

Бензините поскапуваат за половина денар, а цената на дизелот останува иста

Со последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,28 отсто. Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...