fbpx
Таг: одложено

таг: одложено

Кривичниот суд до Јанева: Ние одлучуваме кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот

Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот, стои во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 на денешните изјави на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која рече дека судот неоправдано го одолговлекува судењето за случајот „Пуч“ и не му доставува покана на единствениот сведок (Никола Груевски н.з.). Од судот велат дека главната расправа...

Јанева: Судот неоправдано го одложува „Пуч“ и не му доставува покана на Груевски

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ е одложено поради, како што соопштија од Кривичниот суд, неприсуството на еден од поротниците. Ова е официјалното образложение на судот за одложувањето на денешното рочиште, кое е презакажано за 1 ноември. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која го застапува обвинението за овој предмет, изјави дека судот неоправдано го одложил денешното рочиште поради болест на еден од...

Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР

Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници. Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува „Академик“, судот ги чека податоците...

Владата го одложи издавањето на еврообврзницата

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ денеска преку писмо до банките гаранти ја оспорил легалноста на постапката, јавува „Ројтерс“. Во писмото, било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да прекрши одредени закони и правила во Македонија. СДСМ и во соопштение до јавноста предупреди дека одлуката за...

Поради болест на еден од обвинетите, одложено денешното рочиште за „Диво Насеље“

Рочиштето од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, кое беше закажано за денеска, е одложено бидејќи еден од обвинетите не бил спроведен од прилепскиот затвор во судот. Како што информираат од Кривичниот суд, обвинетиот не бил спроведен поради медицинската терапија што ја примал. „Главната расправа за предметот со КОК бр....

Судот им го укина куќниот притвор на Савески и на Куновски

Кривичниот суд им го укина куќниот притвор на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на протестите против аболицијата од 13 април. Куновски, кој од судот излезе видно возбуден, во име на Левица се заблагодари на, како што ја нарече, „партијата во стечај ВМРО-ДПМНЕ“, затоа...

Судскиот совет ќе ги испитува причините за одложувањето на судењето за „Диво Насеље“

Судскиот совет денеска соопшти дека ќе ги испита причините за вчерашното одложување на рочиштето за случајот „Диво Насеље, кога на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволен влез во големата сала на Врховниот суд, во која требаше да се одржи судењето. „Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот на судиите и да ја...

Врховен суд: Немаме никаква надлежност во организацијата на судењето за „Диво Насеље“

Врховниот суд попладнево преку соопштениe информира дека, во врска со денешното одложување на рочиштето на судскиот процес за „Диво Насеље“, тие немаат никаква надлежност за организацијата. „Заради вистинито и воедначено информирање на јавноста Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое...

Кривичен суд: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за користење на големата сала

Кривичниот суд денеска, по одложувањето на рочиштетот за случајот „Диво Насеље“, соопшти дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на овој судски процес. Од Кривичниот суд велат дека, по одлуката на Владата, од нивна страна биле направени сите адаптации на големата сала за одвивање на судскиот...

Одложено „Диво Насеље“, на новинарите и адвокатите не им беше дозволен влез во салата

Судскиот процес „Диво Насеље“ за настаните од 9 и 10 мај минатата година денеска повторно се одложи откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на новинарите и адвокатите да влезат во зградата на судот каде требаше да се одржи рочиштето. Од Врховниот суд немаше конкретно објаснување зошто на новинарите и адвокатите не им е дозволен влезот. Оттаму само...

Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето

Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е една од причините за одложување....

Биро за судски вештачења ќе ја утврдува штетата од демолирањето на канцеларијата на Иванов

Колкав е износот на штетата што ја направиле демонстрантите при демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје на протестите против аболицијата од 13 април, ќе утврдува Биро за судски вештачења. Ова, како што пренесува „Телма“, било одлучено на денешното рочиште од судскиот процес против демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, чиј почеток третпат е одложен. Претходно судијката што...

Одложено судењето на двајца демонстранти за кршењето на канцеларијата на Иванов

Судењето на Никола Аризанов и на Филип Наковски, кои се товарат дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, денеска повторно е одложено на барање на Основното јавно обвинителство. Причината за одложувањето на рочишето, како што пренесува „Телма“, е недоволното време за да се изврши проценка кој демонстрант колкава штета предзивикал при демолирањето на канцеларијата. Вчера судијката што го води...

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Ќелија“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Ќелија“, кој се води против пет лица обвинети за регрутирање и за учество во паравоени формации на Блискиот Исток, е одложено откако адвокатот на еден од обвинетите побара дополнителен увид во доказите. Покрај тоа, како што пренесува „Академик“, адвокатот Ефто Спировски, кој е бранител на обвинетиот Иса Фуга, рекол дека неговиот клиент изразил...

Изборот на претседател на Судскиот совет одложен за утре

Ниту еден од предложените кандидати за нов претседател на Судскиот совет не го доби потребното мнозинство од членовите на Советот на денешното гласање, поради што седницата за избор на претседател е одложена за утре во 10.30 часот. Како што пренесува „Академик“, двајцата предложени кандидати, Зоран Караџоски и Лидија Каначковиќ, добиле идентичен број гласови, по шест, а едно ливче било неважечко. Караџоски...

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски. Како што пренесува „Академик“, одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата на затворот, која го добила...

СЈО: Дали Јанева ќе оди на седница ќе кажеме кога ќе добиеме известување од Советот

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе одлучи и ќе каже дали ќе присуствува на седницата на Светот на јавни обвинители в среда, за кога е презакажно разгледувањето на нејзиниот извештај, откако ќе добие писмена покана од Советот, кој денеска го одложи разгледувањето на документот поради неприсуството на Јанева. - Првин да добиеме писмено известување од Советот на јавни обвинители за...

Советот на јавни обвинители ќе ја чека Јанева за да го разгледува извештајот

Советот на јавни обвинители на денешната седница не го разгледа извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, поради тоа што таа не беше присутна, а претседателот на Советот, Петар Аневски, тоа го оцени како „непријатна работа“ и „непочитување на институцијата“. Аневски рече дека Јанева е должна да дојде на седницата меѓу другото и поради бројните нејаснотии и проблематични делови во извештајот...

Денеска треба да продолжи судењето за „Диво Насеље“, рочиштето – неизвесно

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, во 10 часот, треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, но неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи адвокатите на обвинетите бараат поголема судница. Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено откако неколкумина адвокати ја напуштија судницата, со образложение дека судот не...

Обвинет во „Ровер“: Истата судијка нам ни одреди притвор, но не и на тие од „Титаник“

Денешното рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој се товари за помаѓање убиство во 2001 година, е одложено, поради боледување на вториот судија. Поради ова, ниту Бошкоски не беше спроведен во судот од затворот во кој издржува затворска казна од пет години поради нелегално финансирање на изборна кампања, односно за случајот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...