fbpx
Таг: одликување

таг: одликување

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше ООН со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации (ООН) со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес...

Цел свет знае кој е Путин – остри реакции од САД и ЕУ до Република Српска која го одликува рускиот претседател

Доделувањето на највисокото одликување – „Орденот на Република Српска“ на Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, е за осуда, а застанувањето на страната на Путин во такви околности, значи меѓународно изолирање на Република Српска и нејзините лидери. Вака реагираа амбасадата на САД во Сараево и Европската Унија, откако претседателот на Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари 2023 година...

Пендаровски: Игравме според правилата, но судиите не секогаш праведно нè оценуваа

Иако почнавме од иста стартна позиција и игравме според правилата, во одредени периоди како држава се соочивме со двојни стандарди и пристрасни судии што не секогаш ни овозможуваа праведно оценување на постигнатото. Ова го истакна во своето обраќање претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, денот на независноста на државата. Тој на свечена церемонија денеска ги одликуваше...

Вучиќ демантира: Уште не сум добил орден од Путин

Два дена откако голем број српски медиуми блиски до актуелната власт објавија помпезно дека рускиот претседател Владимир Путин го одликувал својот српски колега Александар Вучиќ со орденот „Свети Александар Невски“, кој не бил доделен на ниту еден друг српски државник по Никола Пашиќ, се дозна дека тоа не е вистина. Имено, рускиот претседател на потпишал таков указ, а информацијата за...

Франција ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во име на претседателот на Република Франција, в понеделник ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска со орден Витез на Националниот ред за заслуги, соопштија денеска од француската амбасада. „Како директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓата Арнаудовска постојано се залагаше во последните десет...

Иванов на Дурловски му го врачи орденот за заслуги на МОБ

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска, по повод 9 Мај - Денот на Европа и на победата над фашизмот, со одрен за заслуги ја одликуваше Македонската опера и балет. Доделувањето на орденот се одржа во резиденцијата на претседателот на Водно, а одликувањето го прими директорот на МОБ, Игор Дурловски. - Овој орден е признание за улогата што Македонската опера и балет...

Иванов ќе добие руска награда за придонес во православието

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „Неговата светост патријарх московски и на цела Русија, Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил, соопшти кабинетот на претседателот Иванов. Наградата ја доделува Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи, за...

Писателот Луан Старова одликуван со францускиот орден „Офицер на Легијата на честа“

Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Франција, го одликува писателот Луан Старова со орден „Офицер од редот на Легијата на честа“. Академик и писател, универзитетски професор по француска и компаративна книжевност и прв амбасадор на Република Македонија во Париз, Луан Старова го добива ова значајно француско одликување за неговиот голем придонес во развојот на односите...

Франција ќе ја одликува Илинка Митрева

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, Франсоа Оланд, ќе ја одликува професорката по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешна министерка за надворешни работи на земјава, Илинка Митрева, со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“. „Госпоѓата Илинка Митрева, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешен...

Теута Арифи ќе го добие францускиот орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“

Теута Арифи, актуелна градоначалничка на Тетово и поранешна вицепремиерка за евроинтеграции, ќе биде одликувана со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“, кој во име на францускиот претседател  ќе ѝ го додели амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Како што соопшти француската амбасада, Арифи го добива ова важно француско одликување „за своите особени заслуги за развојот на односите помеѓу двете...

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање (АР), соопштуваат во кабинетот на Иванов. Свеченоста по повод одликувањето е закажана за вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ).­ Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Агенцијата за разузнавање се одликува по повод 20 години од основањето, а особено за нејзината дејност, како еден од основните сегменти на разузнавачко-безбедносниот...

Денеска се одбележува Денот на АРМ

Денеска на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи централната свеченост за одбележување на Денот на АРМ. На свеченоста свои обраќања ќе имаат претседателот на државата и врховен командант Ѓорге Иванов и Министерот за одбрана Зоран Јолевски. Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, по повод Денот на АРМ, со Орден за...

Иванов ќе ги одликува Инженерискиот и Баталјонот на воената полиција на АРМ

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре, по повод Денот на Армијата на Република Македонија, со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при АРМ, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. „'Орденот за воени заслуги' на двата баталјони на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на...

Ванхауте вечерва ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска од амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“. Церемонијата ќе се одржи вечерва, во 18.30 часот, во хотелот „Арка“. Олеснувачот Ванхауте во Македонија учествуваше во преговорите по црниот понеделник и кризата по 24 декември 2012 година, а ги предводеше и работните групи за спроведување на Договорот од Пржино. Во последно време тој...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...