fbpx
Таг: одговорност

таг: одговорност

СДСМ: Ако не пријавил пиштол, што сè друго не пријавува Мијалков кога ја напушта земјава?

„Ова е нов скандал, по серијата скандали од кои последен беше тој со дипломатскиот пасош на Мијалков“, реагираат од опозицискиот СДСМ во врска со информацијата дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако му бил најден пиштол во патната торба. Од СДСМ прашуваат како Мијалков успеал да ја помине...

Милевски: Кривично да се одговара за погрешно проектиран буџет

„Ако тврдите дека буџетот е реален и оставрлив, ајде на денот кога ќе го донесеме буџетот, да донесеме измени на кривичниот законик, за минстерот кривично да одговара ако дава лажни податоци и грешно проектира“, предложи Горан Милевски од ЛДП на денешната расправа за буџетот. Според пратеникот на СДСМ, Панче Орцев, власта и со овој буџет ќе троши народни пари по...

СДСМ: Сите насилници ќе сносат одговорност

„Сите институции се во рацете на Никола Груевски. По девет години, уште ли мисли Груевски дека може да се вози на приказната дека некој друг е виновен за состојбите во државата? Мора веднаш да се отворат истраги за сериозните насилни инциденти врз новинари, граѓани - критичари на власта, приврзаници на опозицијата“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод...

Јанукович за „Би-Би-Си“: Жалам за крвопролевањето во Украина

Поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, во интервју за „Би-Би-Си“, кое е негово прво интервју за западен медиум по неговото соборување од власт, рекол дека прифаќа дел од вината за убиствата на демонстранти за време на протестите на плоштадот Мајдан, во Киев, во февруари минатата година, настан што беше увертира за крвавиот конфликт во земјата и за негово симнување од власт. Јанукович...

Даниелсон: Политичка одговорност за да се врати довербата во институциите

Кристијан Даниелсон, генералниот директор за проширување во Европската комисија, во интервју за интернет-мрежата „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) изрази загриженост за вооружениот напад во Куманово и рече дека случајот мора да се истражи за да не дојде до меѓуетнички тензии во земјата. - Многу сум загрижен за тоа што се случи во Куманово. ЕУ ја осуди секоја форма на...

УЧК презема одговорност за гранатирањето на Владата

Паравоената Ослободителна народна армија, во јавноста попозната како УЧК, ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата што се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“. Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од засега непознат командант Куштрими. Досега Владата беше погодена со три гранати во два засебни напади. Од полицијата велат дека двата напади се случиле од...

ЗНМ: Груевски, Јанкулоска и Мијалков да поднесат оставки

„Бараме премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност  и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си поднесат оставки. Без оглед кој го нарачал прислушувањето, никој од надлежните не успеал да нè заштити“, реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Реакцијата на ЗНМ следува по прес-конференцијата на Зоран Заев, на која лидерот на опозицискиот СДСМ објави дека...

Мајката на Тамара: Ќе продолжиме да бараме одговорност

Пред Министерството за здравство заврши протестот со кој се бараше оставка на министерот за здравство, Никола Тодоров. На присутните им се обрати мајката на Тамара, која рече дека нема да се откажат од тоа да бараат одговорност од оние кои се виновни за смртта на нејзината ќерка.  

Тодоров бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на Тамара

Министерот за здравство, Никола Тодоров, бил многу разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на малата Тамара бидејќи, како што рече, направил сè за девојчето да отпатува на операција во странство, објави „Нова ТВ“. Ова министерот Тодоров го изјавил денеска на отворањето на проектот „Дисперзиран логопед“, за кој медиумите добија покана шест минути пред почетокот на настанот. По еден ден молк,...

„Пуч“ покажа дека службите ни биле решето: Кој не си ја вршел работата?

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, објави дел од долгонајавуваната „бомба“, презентирајќи прислушувани разговори на политичари, министри во владата, новинари и бизнисмени. Како налогодавци на незаконските прислушувањата ги посочи премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање(УБК), Сашо Мијалков и остана на тврдењето дека материјалите му ги дале припадници на службите, како што самиот вели, „патриоти загрижени...

Почина малата Тамара од Велес, ќе има ли одговорност?

Утрово, околу шест часот, без знаци за живот, Тамара од Велес била однесена во велешката општа клиника, објави „Телеграф“. Причината за смртта на девојчето сè уште не е позната. - Девојчето беше донесено кај нас утрово, околу шест часот, без знаци на живот. Повикавме анестезиолог, педијатар, направен е обид за реанимација, но безуспешно. Точната причина за смртта засега не е утврдена...

СДСМ бара одговорност од Трајановски за заклучените врати во училиштата

Денеска на седницата за советнички прашања ќе бараме одговор и одговорност за заклучените врати во средните училишта во Скопје за време на протестите, изјави Дамјан Манчевски, координатор на советничката група од коалицијата „Сојуз на иднината“ на прес-конференција. - Средношколците се директно засегнати од екстерното тестирање што власта го внесува и на факултетите. Средношколците имаат уставно и легитимно право да го...

ОНА ја презема одговорноста за експлозиите во Тетово и во Куманово

Ослободителна народна армија (ОНА) денеска повторно испрати коминике, во кое ја презема одговорноста за, како што стои во дописот, „бомбашките напади“ на полициските станици во Тетово и во Куманово, објави телевизијата „Алсат -М“. Во коминикето, испратено по електронска пошта, покрај нападите на полициските станици во овие два града, се наведени и напади на полициски станици во Скопје и во Гостивар, за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...