fbpx
Таг: одговорност

таг: одговорност

Да се уврди одговорност за инцидентот во М-НАВ, бара Платформата на организации против корупцијата

Платформата на граѓански организации против корупцијата, во отворено писмо испратено до медиумите, бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 jануари, соопштија денеска оттаму. Платформата е составена од 18 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување. „Сметаме дека сите оние...

„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”. Во нашата потрага по иновации, од клучно значење е одговорно...

Меџити бара Обвинителството да излезе со имиња на обвинети за скандалот на Онкологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до Обвинителството да излезе со име и презиме на обвинети за случајот со Клиниката на онкологија. Тој посочи дека очекува резултати од работењето на Обвинителството, додавајќи дека го гуши краватата што ја носи и најубаво се чувствува меѓу колегите, во бел мантил. „Уште еднаш апелирам крајно време е Обвинителството да излезе со точно...

Три фемициди за еден месец, се бара одговорност за службените лица и најстроги казни за сторителите

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објави остра осуда упатена до институциите затоа што не ги презеле сите соодветни дејства и со нивното нереагирање придонеле да се случат три свирепи фемициди - убиства на жени, во период од само еден месец во Куманово и во Кочани. „Непреземањето соодветни мерки од надлежните институции и неправилната, или отсуството на...

Доктор Никола Пановски нема ќерка директорка на Клиниката за онкологија

Доктор Пановски нема бизнис за лекови, ниту веледрогерија, ниту пак, ќерка директорка на која било клиника. Тој има две ќерки, од кои постарата е матурантка, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Лицемерно створење, збори за партизација на здравството (која реално постои во сите можни институции), а не...

Лекарот што објави пациентки на Тик Ток се соочува со одземање на лиценцата за работа

Привремено одземање на лиценцата за работа во траење до седум години - со ваква казна се соочува анестезиологот од Тетово кој пред неколку дена беше приведен бидејќи објави снимка на Тик ток од пациентки на гинеколошкиот оддел во Клиничката болница во Тетово. Ова денеска го изјави проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претстедателката на Лекарската комора. „Согласно правните регулативи, членовите на...

Ново судско рочиште за трагедијата во тетовската модуларна болница

За денеска е закажано ново судско рочиште за случајот во кој изгоре модуларната болница за ковид во Тетово, а во кој загинаа 14 луѓе. Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите. На последното рочиште беа сослушани две медицински сестри и универзитетските професори кои изработиле вешт наод и мислење во писмена форма. Во...

По железничката несреќа, оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт

По трагичниот судир на два воза во долината Темби во Грција, на подрачјето меѓу градот Лариса и познатото туристичко место Неи Пори, во која загинаа најмалку 36 лица, а 85 се повредени, попладнево оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Константинос Караманлис, јави грчкиот весник „Катимерини“. Одговорноста за несреќата врз себе ја презел шефот на железничката станица „Лариса“,...

Заев: Прво извештај за истрагата од пожарот во тетовската модуларна болница, потоа став за оставките

Премиерот Зоран Заев денеска рече оти германските експерти треба да го дадат својот извештај околу истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница за 10 до 15 дена, додека истражните органи од земјава треба да го направат тоа неделава. Премиерот инсистира дека за понудените четири оставки ќе донесе одлука откога ќе бидат објавени извештаите од истражните органи за пожарот. „Нашите извештаи...

Заев: На одлуката за оставките на Филипче и Хасани влијание ќе има форензичкиот извештај

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, заедно со двајцата директори на Клиничката болница во Тетово, продолжуваат да ги извршуваат своите работни обврски на нивните функции, и покрај тоа што тие си дадоа оставки во петокот. За ова информираше премиерот Зоран Заев, кој денеска изјави дека на одлуките за прифаќање на оставките на Филипче и Хасани...

Караџовски: Медицинскиот персонал е функционален, но не знаеме до кога

Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести на денешната прес-конференција рече дека е проблем медицинскиот персонал кој сè потешко се справува во битката со ковид-19. - Бројот на нови пациенти се разликува во однос на ноември. Ако тогаш на Филипче му кажувавме дека до 1.000 случаи на дневна основа можеме да изменаџираме, сега не можеме. Сега се...

Aктивистите во Штип со квиз за корона и прашање – „Чија е одговорноста“?

Штип, градот кој повеќе од три месеци беше жариште на ковид-19, изутринава осамна со прашањето „Кој е крив?“ поставено во централното градско подрачје, во коритото на реката Отиња. На плоштадот „Слобода“ пак, е поставена топка и прашање – „Чија е одговорноста“? Овие прашања се симболичен дел од „Корона квиз на одговорност“, со кој неформалната група на арт активисти го покренуваат...

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил дека тој побарал од...

Коле Штерјов незаконски ја избрал внуката за обвинител, ДКСК – до тука е нашето

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители го прекршил Законот за спречување корупција и не се изземал од гласањето кога неговата внука била избрана за обвинител во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, констатираше денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), но Советот на јавни обвинители нема да поведе постапка за тоа. - До тука е нашето...,...

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 - 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот Суд има исполнето 55,61 отсто...

Штипското обвинителство отвори предистрага за бегството на Игор Спасов од затвор

Основното јавно обвинителство од Штип по допрен глас ќе испитува како се случи специјалецот Игор Спасов да избега и да биде недостапен на органите на прогон, вклучувајќи го ѝ затворот „Идризово“, каде што издржува 14 - годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје. - Предметот е во фаза на предистрага, оформен по допрен глас и...

Власта и опозицијата ги приближија ставовите за Законот за ЈО, за буџетот и одговорноста на обвинителите

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, по средбата во Владата меѓу претставници на Владата и опозицијата, околу новиот Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира и статусот на СЈО, изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на Обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите. „Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на...

СЕММ апелира на одговорност и коректно известување за изборите

Во пресрет на претседателските избори, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.  „Апелираме до медиумите на посериозен пристап во известувањето, односно јавниот интерес да биде главен услов при селекцијата на темите што се презентираат на публиката. Освен информативна, медиумите имаат...

Заев: Со Спасовски разговаравме за оставка како морален чин, ама не гледам таков пропуст

Убеден дека ако Груевски реши да „удира“, или како што тој знаеше да користи фраза „забивање нож во грбот на Македонија“, тој може да ја рани Македонија, но безбедноста не може да ја загрози, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче Веле“. - Мислам дека нема да има безбедносни импликации. Македонија не зависи од ниеден поединец, ниту пак има...

Димитров: Изјавата на Иванов е срамно бегство од одговорност

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе да гласа на референдумот ја оцени како „срамно бегство од одговорност“. - Да се каже тоа, не од Македонија, туку од преку океанот, е срамно бегство од одговорност. Да не се учествува е бегство од одговорноста. Одоговорноста од немање визија е огромна – рече Димитров...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...