fbpx
Таг: одбиено

таг: одбиено

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Теофиловски, но и го спаси од притвор

По два и пол часа расправа, Судскиот совет одлучи да му го одземе судскиот имунитет на нивниот колега Зоран Теофиловски. Овој член на Судскиот совет ќе мора да учествува во натамошното водење на кривичната постапка за злоупотреба на службена положба, во која тој е првоосомничен, информираат од Судскиот совет. Покрај ова, Судскиот совет одлучи да не го одобри барањето за...

Апелација одлучи Бојан Јовановски – Боки 13 да остане во притвор

Бојан Јовановски - Боки 13 останува во притвор. Апелацискиот суд донесе одлука да не ја прифати неговата жалба за укинување на мерката притвор. Иако отпаднала можноста Боки 13 да влијае врз сведоците, судиите одлучија дека тој треба да остане во притвор поради опасност од бегство. Адвокатите на Бојан Јовановски најавија и жалба откако му беше продолжен притворот по вторпат. Тие веќе...

Судот не му дозволи на Тарчуловски да го слуша Столтенберг во Собранието

Кривичниот суд го одби барањето на пратеникот Јохан Тарчуловски да му биде дозволено да го напушти својот дом на четири часа за да може во Собранието да го следи обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска и утре ќе претстојува во посета на земјава. Тарчуловски е еден од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април,...

Судот одлучи и на Мијалков да не му го врати пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е обвинет во случајот „Таргет“, останува без пасош, откако судот го одбил како неосновано неговото барање да му биде вратена патната исправа што му беше одземена како мерка за обезбедување на присуство. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи...

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска Кривичниот суд, е замената со...

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден правен пораз на обидот на...

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

Судот не ѝ го одзеде пасошот на Канческа-Милевска, барањето на СЈО било неосновано

Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им ги одзеде пасошите на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште еден осомничен во случајот „Тендери“. Ваквата одлука судијата ја донел по распитот на двајцата осомничени, во петокот минатата недела. Барањето на СЈО, тој го одбил како неосновано и решението со кое се одбива предлогот...

СЈО: Безбедноста на опремата ќе биде на товар на УБК, бидејќи не пуштаат наши истражители

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, денеска го известил Специјалното јавно обвинителство дека не дозволува истражители на СЈО физички да бидат присутни во УБК додека не дојде надворешниот експерт, кој треба да помогне во извлекувањето на податоците од системите за прислушување. „Откако беа прибавени поголем дел од податоците, а за целосно спроведување на судската наредба, во текот...

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Амбасада на САД: Стејт департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери

Американскиот Стејт департмент може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, во согласност со претседателската декларација 7750. Ова било наведено во одговорот од Амбасадата на САД во земјава на прашањето на „24 Вести“ дали на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му е одбиено барањато за американска виза. Од амбасадата не одговориле директно на прашањето, но...

Судот го одби барањето на СЈО за изземање на Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, информираше попладнево судот. Одлуката, како што велат оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор. „Во отсуство на претседателот на судот, кој користи денови од годишниот одмор, заменик-претседателот кој е овластен да го...

Ристовска: Одбивањето на барањето за претрес е преседан во правосудната практика

Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција. Според Ристовска, досега не се случило судија на претходна постапка да одбие вакво барање на обвинителствата. - Што...

Владата го одбила предлогот на Спасовски да им се попушти на автошколите

Владата на синоќешната седница го одбила предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да се одложи обврската на автошколите за поставување на камери во возилата за обучување за кандидатите, брифираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Формулацијата на Владата, како што велат од МВР, била дека прелог-законот на Спасовски не е утврден, а објаснувањето било дека повеќето автошколи веќе...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...