fbpx
Таг: обвинувања

таг: обвинувања

ИКС: Непроверените наоди и непоткрепените обвинувања често оружје на политичарите

На партиските веб-страници и на Фејсбук-профилите на политичките актери најчесто се изнесуваат непроверени наоди, како и непоткрепени обвинувања за корумпираност, нетранспарентност, непрофесионалност, злоупотреба на службената должност, како основа за напад на политичките противници. Реториката кај поголемите политички партии се базира врз употребата на зборови и формулации со коишто се оцрнува политичкиот противник или одредена група луѓе со цел да...

По вандализмот на Левица во Собранието сите се обвинуваат дека се во коалиција со противникот

И владејчката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија однесувањето на пратениците на Левица на вчерашната собраниска седница кога Борислав Крмов откорна монитор и заедно со Димитар Апасиев фрлаа со листови кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој ја водеше седницата за усвојување на новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ. Со низа соопштенија реагираше и Левица. Она што ги карактеризира...

Прекинат работниот однос на привремено вработени во „Водовод и канализација“

На седница на Управниот одбор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, претседателот на Управниот одбор, Идриз Орана, со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука, со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, прекинати им се договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички...

ЈСП со обвинување до градските советници и до владата – бараат субвенции и нови автобуси

Советот на град Скопје да изгласа одлука за дополнителни субвенции за нормално функционирање на јавниот превоз и за набавка на нови автобуси. Оваа порака денеска ја упати директорот на ЈСП-Скопје, Крсте Петревски. Тој ги критикуваше советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје, но и македонската влада. Петревски изјави дека втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје...

Увезено, па вратено српско млеко со афлатоксин ги скара опозицијата и Агенцијата за храна

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека на 21 септември во земјава биле увезени преку 20 тони српско млеко, кое било пуштено во промет, иако содржело афлатоксин М-1 над максимално дозволените граници, и со тоа е штетно за човековото здравје. „Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогени материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република...

Операцијата кај Бањска завршена – кој сакал од Милан Радојчиќ да направи српски Адем Јашари?

Косовската полиција ја заврши операцијата кај селото Бањска, а властите во Приштина и јавно обелоденија дека во вооружената група која ги нападна косовските полицајци се наоѓал и контроверзниот потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ, кој се наоѓа и на црната листа на САД. Косовските власти тврдат дека Радојчиќ е повреден и се наоѓа на лекување во Воено медицинската академија...

Претходниот и актуелниот министер за здравство со препукувања за модуларните болници

Поранешниот министер за здравство Беким Сали побара одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот што се случи во тетовската модуларна болница, во која животот го загубија 14 лица. Тој ја потврди информацијата во документарецот на ИРЛ „Убиство во Тетово“, каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од Министерството. Сали...

Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во нова серија меѓусебни обвинувања

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на партијата ГРОМ денеска одржа прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на која побара од лидерот Христијан Мицкоски да објасни како го стекнал својот имот во изминативе години, осврнувајќи се на изградбата на малите хидроцентрали. „Мицкоски да одговори на колку години ја направи својата прва хидроцентрала. Дали тоа беше кога тој е советник...

Првични реакции: Разнесувањето на браната Нова Каховка на Дњепар е опасен преседан

Ноќта на 06.06.2023 беше разнесен голем дел од огромната брана на Дњепар во близина на Нова Каховка во јужна Украина, со што војната во Украина доби нова, досега невидена форма која вклучува екоцид, т.е. еколошка катастрофа, а и двете страни и Русија и Украина тврдат дека тоа го сторила спротивната страна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Контраспин: Два спин наратива околу европското знаменце на законите за Договорот со Бехтел и Енка

Два наратива се градат во моментов околу измените на законските решенија поврзани со договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10-д. Првиот е дека е нужно усвојувањето на предложените законски измени за да се изграделе пократко за две години, т.е побрзо и поевтино за 150 милиони евра и тој го форсираат СДСМ и...

Њујорк Тајмс одговори на обвинувањата на Вучиќ дека написот за врските на државата со Беливук бил нарачан

Голема бура во српската јавност предизвика написот во угледниот Њујорк Тајмс, во кој се опишува поврзаноста на владата на СНС, Александар Вучиќ и криминалните кланови. Претседателот на Србија неодамна за време на гостувањето на ТВ Хепи изјави дека споменатиот текст е „нарачан и напишан во Белград“ и дека тие што го читале не биле фасцинирани. Овој текст очекувано наиде на...

Пригожин гневен на руските генерали најави повлекување на платениците од Бахмут

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут до 10 мај, доколку не добијат муниција од руската војска, пишува Би-би-си. Тој упати директно обвинување до руските генерали, прашувајќи го началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа каде е муницијата за неговите...

Русија ја обвинува Украина дека ќе го нападне отцепениот регион Транснистрија

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира да го нападне отцепениот молдавски регион Транснистрија (Придњестровје), кој се граничи со Украина, пренесува Гардијан. Руските државни медиуми објавуваат дека Украина наводно планирала да организира лажен напад од руските сили што се лоцирани во Транснистрија како изговор за инвазијата. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин изјави дека „Западот ѝ...

Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на министерот Спасовски може да...

Божилов: Сите тврдења дека камионот со експлозивот минал преку Бугарија се дел од руската хибридна војна

Речиси сите бугарски медиуми ги пренесоа руските обвинувања - дека експлозивното средство со кое беше кренат во воздух Кримскиот мост, било замаскирано во полиетиленска фолија, на вкупно 22 палети, со вкупна тежина од 22 тони, и од Одеса товарот бил испратен за бугарското пристаниште на Дунав, Русе. Ова се случи откако Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија обвини...

За оштетувањето на Кримскиот мост Москва ја обвинува Украина, експлозивот патувал и низ Бугарија

Експлозивот којшто бил искористен за оштетување на Кримскиот мост бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија до Крим, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува весникот Гардијан. За организатор на експлозијата на камионот, руските власти го обвинуваат шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов. Официјална Москва настанот го оквалификуваше како терористички чин и, како што тврдат, досега...

Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со Ковачевски

Компаниите Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ПИКСЕЛ ГРУП по вчерашните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за нивна поврзаност со премиерот Димитар Ковачевски, денеска излегоа со реакција во јавноста. Пиксел Груп е компанија која на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди, велат тие. „Во време на светска енергетска криза, кога на нашата...

ВМРО-ДПМНЕ лиферува афера „Броило“ против Ковачевски, СДСМ демантира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја лиферуваше аферата „Броило“ против премиерот Димитар Ковачевски, која што беше експресно демантирана од СДСМ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес-конференција обвини за злосторничко здружување во соларен картел преку фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски. Од опозициската партија обвинуваат дека фирмата Пиксел груп, која била основана од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов,...

Деканот на Факултетот за дизајн нема сознанија дека професори условуваат студенти со книги

УКИМ
Раководството на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер (ФДТМЕ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нема сознанија дека професори на овој факултет бараат од студентите да купат книги како услов за добивање потпис и оцена. Ова за „Мета.мк“ го изјави деканот Горан Златески, по случајот во кој студенти обвинија професорка дека ги условила лично од неа...

Втор пожар во фабриката „Треска“ за седум месеци, периодот помеѓу преполн со обвинувања и закани за тужби

Денешниот пожар во халите од поранешната фабрика за мебел „Треска“ е втор во низа по минатогодишниот пожар што се случи кон крајот на септември. Скопските пожарникари на 25 септември вечерта интервенираа во кругот на фабричката хала, откако граѓаните од околните згради пријавиле за густ чад што се ширел од фабричката хала. Од септември лани до денес, серија на обвинувања и...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...