fbpx
Таг: обвинителен предлог

таг: обвинителен предлог

Обвинителството отвори предмет за узурпираниот паркинг позади поликлиниката „Бит-пазар“

По објавување на истражувањето на Порталб.мк во врска со узурпирањето на државните парцели позади поликлиниката „Бит-пазар“, Јавното обвинителство оформил предмет и презема мерки за утврдување на состојбата.  „Јавното обвинителство оформил предмет и истиот е пратен на надлежен јавен обвинител. Се преземаат мерки за утврдување на фактите“, велат кратко за Порталб.мк од Обвинителството.  Отворањето на предметот доаѓа по најавата на Обвинителството дека...

Обвинителен предлог за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет од двајцата, кои се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“. За второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​ Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека поднеле обвинителен предлог против двете лица за кривичното дело – узурпација...

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела Ширење на расистички и ксенофобичен...

ОЈО со обвинителен предлог против Љупчо Златев за оддавање на службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против главниот уредник на порталот „Економски лидер“, Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје. „Во текот на првата половина на јули обвинетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција...

Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

Основното јавно обвинителство - Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во...

Обвинение за Тони Михајловски за закани кон Бранко Тричковски

Основното јавно обвинителство соопшти дека е поднесен обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, поради закани кон новинарот Бранко Тричковски во јуни минатата година. „Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во...

ОЈО Велес: Обвинетата за измама нè лажела дека е портпарол во Министерството за култура

Вработената во Министерството за култура против која велешкото основно јавно обвинителство поднесе обвинение за измама, лажела дека работи како портпарол во кабинетот на заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ. Јавното обвинителство, кратко по соопштението за поднесеното обвинение, информираше дека попладнево добиле известување од Министерството за култура од каде биле информирани дека „обвинетата Д.Н.К. е вработена во Министерството за култура, но не...

ОЈО Велес поднесе обвинение за измама против портпаролка во Министерството за култура

Велешкото Основно јавно обвинителство по спроведената истрага до Основниот суд поднело обвинителен предлог против портпаролката во кабинетот на заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ, за кривични дело измама. Како што соопшти денеска јавното обивнителство, обвинетата Д.Н.К. во текот на август и на почетокот од септември им ветила на татко и на ќерка дека за одреден паричен надомест може да го вработи нивниот...

ОЈО Гевгелија поднесе обвинение за експлозијата и за пожарот во „Балкан гасови“

Гевгелиското јавно обвинителство до судот поднесе обвинителен предлог против три лица и фирмата „Балкан гасови“ за експлозијата и за пожарот што лани во февруари се случија во фабриката во Богданци, а во кој загинаа тројца вработени и еден беше тешко повреден. Обвинетите, како што соопштија денеска од обвинителството, се товарат за тешки дела против општата сигурност и за повреда на...

Одбиени жалбите на СЈО за притворот во „Трезор“ и за судијката Петровска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди решението на судијата на претходна постапка да не му биде одреден притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското...

Кривичниот суд бара уште докази од СЈО за уништувањето на опремата за прислушување

Основен суд Скопје 1 информира дека судијата ги вратил доставените докази против Г.Г. и други лица осомничени за кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесени од Специјално јавно обвинителство. „Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен...

Поднесено обвинение против возачите на „аудито“ и на автобусот за сообраќајката кај Удово

Гевгелиското Основно јавно обвинителство до судот доставило обвинителен предлог против две лица, кои се товарат за предизвикување на сообраќајната несреќа што на 3 август се случи на патот Удово - Демир Капија, а во која животите ги загуби брачен пар, а нивниот 7-годишен син беше тешко повреден, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Според Обвинителството, за несреќата обвинети се српскиот државјанин...

Директор на велешка гимназија обвинет за неправилно спроведена екскурзија

Велешкото Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против директор на средно училиште во градот, поради основан сомнеж дека сторил кривично дело несовесно работење во службата, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, обвинетиот директор се товари за неправилности во организирањето на екскурзија за учениците од трета година од училиштето. „По завршувањето на постапката за избор на најповолен понудувач за организирање...

Поднесено обвинение за физичкиот напад врз Тодор Петров

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Кривичниот суд поднело обвинителен предлог против три лица кои се товарат за физичкиот напад врз претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров. Инцидентот се случи на 27 февруари годинава, по церемонијата на осветување на темелите на 55-метарскиот крст кој треба да биде поставен во општината Бутел. Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетите...

Поднесено обвинение против тројца лекари за смртта на родилката од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Велес денеска до судот во Велес поднело обвинение против анестезиолог и двајца лекари специјалисти по гинеколигија за смртта на родилката од Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за Т.В. - анестезиолог во Општата болница во Гевгелија, В.Ч. и Д.М., двајцата лекари специјалисти по гинеколгија и акушерство во болницата, кои се товрат за...

Скопското обвинителство поднесе обвинение против Захир Бекири – Чауш

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против лицата З.Б. и И.Б. кои се товарат за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправа и злоупотреба на лични податоци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Во соопштението на Обвинителството лицата се наведени со иницијали, но извесно е дека првоосомничениот во случајот за кој е поднесено обвинение е Захир Бекир, познат по...

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката што во мај се случи кај патарината Градско

Основното јавно обвинителство Велес ја завршило истражната постапка за сообраќајната несреќа што во мај годинава се случи кај патарината Градско и до судот поднела обвинителен предлог против едно лице, кое се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, соопшти Јавното обвинителство. Во сообраќајната несреќа, која се случи на 26 мај, загинаа сопругата и...

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката во која загина Петар Милошевски

Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен предлог за сообраќајната несреќа во која животот го загуби спортскиот директор на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, која се случи на 13 март минатата година, на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, соопшти обвинителството. Како што информираат оттаму, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е обвинет возачот на...

Oбвинение за двајца полициски инспектори за случајот со трикратното убиство во Кавадарци

Јавното обвинителство Кавадарци поднело обвинителен предлог против двајцата полициски инспектори, обвинети дека при постапувањето по претходни пријави, не му го одзеле оружјето на кавадарчанецот Т.С. кој на 9 ноември изврши тројно убиство. Како што информираат од Обвинителството, поведувањето на постапката е по кривична пријава поднесена од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, за кривичните дела несовесно работење...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...