fbpx
Таг: обвиненија

таг: обвиненија

Јанева: Не гонам луѓе според имиња или функции, туку според докази

„Би била многу среќна ако тие луѓе се невини и да се повлечат сите тужби против нив. Ако кој било има аргументи дека рaботам против поединци или слично, јавно нека го каже тоа“, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, прашана за коментар на наводите од вчерашната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Јанева, која денеска присуствуваше на меѓународната...

Кривичниот суд бара уште време за судиите да одлучат за притворите на СЈО

Кривичниот суд Скопје денеска попладне соопшти дека не може да каже колку време ќе трае процедурата, кога ќе заврши и кога ќе бидат соопштени одлуките по барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор и мерки на претпазливост за лицата против кои вчера беа поднесени обвиненија. Од судот велат дека поради големиот број барања и доказниот материјал доставен со нив,...

Возила го блокираа булеварот пред судот, продолжува протестот против обвиненијата на СЈО

Неколку десетици граѓани денеска со своите автомобили го блокираа булеварот Гоце Делчев пред Кривичниот суд во Скопје, во знак на протест против обвиненијата што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. До судот се поднесени и барања за одредување притвор на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, меѓу кои и за лидерот на партијата и поранешен премиер, Никола Груевски. Инаку,...

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на протест пред судот поради обвиненијата на СЈО

Неколку стотини граѓани - поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, каде се одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор и за мерки за претпазливост против високи функционери на партијата, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Насобраните граѓани, како што пренесуваат медиумите, се пред Кривичниот суд на протест против обвиненијата што...

Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“. Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова. Лидија Петровска,...

Кривичниот суд ги доби и ги распредели по судии обвиненијата на СЈО

Кривичниот суд во Скопје попладнево информираше дека ги примил сите обвиненија што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. Како што соопштија оттаму, предметите под имињата „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку системот за автоматска распределба се доделени кај судијата Моника Бахчовановска. Предметите кои се во надлежност на оддлението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба, се доделени на судиите...

СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да соберат храброст и да се соочат со правдата

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и врз државата, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Груевски по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. „Граѓаните имаа можност...

Груевски: СЈО нема да нè скрши, историјата ќе суди

ВМРО-ДПМНЕ е нападната како никогаш досега во историјата, а целта е кршење на партијата и ставање под контрола за поголеми цели од страна на тој што го креираше овој процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференцијата по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. - Се работи за политички, а не за правен процес. СЈО остана инструмент...

Прес-конференција на Груевски во 16 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во 16 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференцијата на Груевски следува по прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која таа соопшти дека СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети за 94 физички лица и за 7 правни лица. Според збирниот извештај на СЈО, се бара притвор за...

СЈО почна да ги носи доказите за обвиненијата во Кривичниот суд

Тимови на СЈО попладнево, по прес-конференцијата на која специјалната обвинителка Катица Јанева објави дека поднесува 17 обвиненија против 94 физички и седум правни лица, почнаа со пренесување на доказниот материјал во Основниот суд Скопје 1. Доказите, спакувани во десетици кутии, со комбиња беа пренесени во Кривичниот суд, а како што најави Јанева, денеска и утре континуирано ќе се носат во судот...

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

Специјалното јавно обвинителство денеска со 17-те обвиненија до Кривичниот суд ќе поднесе и барање за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески. Според...

СЈО поднесе 17 обвиненија, „Талир“ ќе почека

Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија за 18 предмети, против 94 физички и седум правни лица, соопшти денеска специјалната обвинителка Катица Јанева, додавајќи дека за овие предмети се обезбедени цврсти докази. Таа истакна дека временскиот рок за истражување не бил доволно долг за да може сите материјали да се истражат, особено имајќи предвид дека СЈО било формирано на 15 септември 2015...

Прес-конференција на СЈО во 12 часот, се очекуваат нови обвиненија

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 12 часот најави нова прес-конференција, не прецизирајќи за што конкретно ќе станува збор. Сепак, со оглед на тоа дека рокот за поднесување обвиненија на СЈО истекува утре, се очекува на денешната прес-конференција од ова обвинителство да соопштат за кои од отворените истраги ќе поднесат обвиненија. На последната прес-конференција на СЈО на 22 мај, обвинителките соопштија дека се...

СЈО за утре најави прес-конференција, се очекуваат нови обвиненија

Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за утре во 12 часот не прецизирајќи за што конкретно ќе станува збор. Сепак со оглед на тоа дека рокот за поднесување на обвиненија на СЈО истекнува за два дена, се очекува на утрешната прес-конференција од ова обвинителство да соопштат за кои од отворените истраги ќе поднесат обвиненија. На последната прес-конференција на СЈО на 22 мај...

Јанева очекува продолжување на рокот и најави истраги за разговори на „разни јазици“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува за кратко време да се најде решение за продолжување на рокот за поднесување обвиненија и најави дека во периодот што следи СЈО ќе продолжи со отворање истраги за други прислушувани разговори од кои произлегуваат кривични дела. Ова Јанева го изјави од Охрид, каде учествува на првото издание на Охридската школа на природното право, на тема...

Рамуш Харадинај прогласи победа на изборите во Косово

Рамуш Харадинај вечерва прогласи победа на коалицијата на Демократска партија на Косово, на предвремените парламентарни избори. По затворањето на избирачките места, Харадинај изјави дека оваа коалиција убедливо победила со освоени 40 проценти од гласовите. На второ место е движењето Самоопределување, кое добило 30 проценти од гласовите. На трето место е коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата на ново Косово и иницијативата...

Што СЈО нема да може да прави од денеска?

Специјалното јавно обвинителство од денеска нема може да поднесува обвиненија за случаите што ги презеде од Основните јавни обвинителства на 4 декември 2015 година, а станува збор за вкупно 34 предмети. Ова произлегува од одредбите во Законот за СЈО со кои рокот за поднесување обвиненија е ограничен на 18 месеци. Имено, членот 22 од Законот за СЈО вели дека „јавниот обвинител кој...

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу еден месец...

Шилегов: Обвинителството да не соучествува, туку да го расчисти насилството во Собранието

Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството во Собранието, каде се случи загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари и вработени во Собранието. Ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов. Тој нагласи дека кривичните дела сторени во Собранието мора да се решаваат брзо...

На 30 дена од истекот на мандатот, СЈО очекува продолжување на рокот од Собранието

Специјалното јавно обвинителство очекува поддршка од Собранието за продолжување на рокот за поднесување обвиненија, велат за „Мета“ од СЈО. „­Ова јавно обвинителство повеќепати јавно апелираше за потребата од промена на рокот за поднесување обвиненија. Во таа насока очекуваме од сите субјекти да ја увидат таа неопходност и да искажат конкретна поддршка“, стои во одговорот од СЈО на нашето прашање дали...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...