fbpx
Таг: обвинение

таг: обвинение

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

МВР: Идентификуван осомничениот за убиството во казино кај Млечниот ресторан

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека го идентификувало идентитетот на убиецот на маж во казиното кај Млечен ресторан во скопската населба Капиштец. Скопјанецот  Џ.С., на возраст од 44 години, доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик. Убиството се случило на 31 март 2023 година, околу 08...

Почетокот на судењето на Жан Митрев одложено за 12 мај

Судскиот процес против Жан Митрев и неговата приватна болница денеска беше одложен за 12 мај. Кардиохирургот со неговите бранители денеска беше присутен во судот, а причина за повторното одложување на судењето е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се во Апелацискиот суд. Пред зградата на судот, десетина оштетени граѓани протестираа со транспаренти против...

Предложен казнен налог за повреда на угледот на поранешната амбасадорка на САД

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднело Предлог за издавање на казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело „Повреда на угледот на странска држава“ по член 181 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство. Обвинетиот, преку коментар со вулгарна и навредлива содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12 април минатата година ја изложил на подбив...

Трамп обвинет за давање мито на порно актерка

Доналд Трамп е на пат да биде првиот поранешен американски претседател кој ќе се соочи со кривичен прогон. Доцна синоќа беше објавено дека поранешниот американски претседател е обвинет за тајни плаќања на порно ѕвезди непосредно пред претседателските избори во 2016 година, пренесе Би-би-си. Њујоршките обвинители ја истражувале исплатата на пари на порно актерката Сторми Даниелс, која тврди дека имала прељубничка...

Одземен пасошот на Латас, тој и Лазаров добија забрана за јавен настап кој промовира расизам и ксенофобија

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров, обвинети за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по емитуваниот поткаст во кој се исмева насилството врз жени. Судот информираше дека на Латас му се одзема патната исправа, односно се забранува нејзино издавање, а покрај ова, му се...

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност...

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22...

Избеганиот Драган Даравелски приведен на „Табановце“

Одамна избеганиот поранешен прв човек на Царинската управа, Драган Даравелски, денеска бил приведен на граничниот премин „Табановце“, потврдија за Мета.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР). Против Даравелски, кој беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година за штети од над 2 милиони евра, има судска пресуда за затвор. Му се судеше...

Руската амбасадорка во Софија не знае зошто Москва го бара истражувачкиот новинар Христо Грозев

Откако Русија покрена потерница за истражувачкиот новинар Христо Грозев, бугарски државјанин, новинар и извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова денеска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија. Таа во изјава за медиумите по излегувањето од МНР кажа дека не ја знае точната причина зошто Русија го бара...

ОЈО Скопје поднесе обвинение против лицето што ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривичното дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. „Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом....

Поднесени 12 обвиненија за инцидентите за време на протестите во Скопје

Три лица од вкупно 12 против кои Основното јавно обвинителство Скопје денес поднесе обвинителни предлози за инцидентите за време на протестите во Скопје се гонат за Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Останатите 9, по спроведената претходна постапка се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе...

ОЈО Скопје поднесе обвинение за бесправно градење кај „Беко“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик. Според ОЈО, обвинетиот како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и...

ОЈО: Воспитувачка од скопска градинка со супена лажица му расцепила глава на дете

Воспитувачка во детска градинка во скопската населба Автокоманда доби обвинение за насилство врз дете. Основното јавно обвинителство Скопје денеска, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик. Според информациите кои ги објави ОЈО, на 01.09.2021 година 48-годишна воспитувачка со метална супена лажица го удрила детето...

КРИК: Телефоните на Беливук полицијата една година ги чувала во фиока

Во серија написи, спрската новинарска организација за истражување на криминал и корупција, КРИК, открива детали од обвинението против поранешната државна секретарка на српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ и нејзината поврзаност со криминалните структури. Така, на 21 јануари, КРИК објави сторија со детали од сведочења на полицајци, кои се поместени во обвинението против Хркаловиќ, во кои се вели дека...

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци - секретарката на бизнисменот Александар Ивановски - Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во 2008 и 2009 година, коишто...

Поднесено обвинението против Рашковски: Парите од тендерите ги префрлал на свои сметки и си отплаќал кредити

Dragi Rashkovski
По неколкумесечна истражна постапка денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Покрај него, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување јавни набавки на софтвер обвинение добија и уште шест лица. На Рашковски му се става на товар дека сторил продолжено...

Бебето кое се најде на насловната страница на албум на Нирвана го тужи бендот за сексуална експлоатација

Спенсер Елден, кој во 1991 година додека бил бебе се појави гол на насловната страница на еден од албумите на Нирвана – „Nevermind“, сега го тужи бендот, тврдејќи дека бил сексуално искористуван како дете, пишува „Гардијан“. Елден тужбата ја поднел во окружниот суд во Калифорнија, САД, и тоа против неколку страни, меѓу кои и тројцата преживеани членови на бендот, вдовицата...

Четворица обвинети за набавката на двокатните автобуси на ЈСП, меѓу кои Јанакиески и Јанушев

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица во однос на набавката на двокатните автобуси за ЈСП-Скопје во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу обвинетите, се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и актуелниот пратеник...

Замрзната сметката и имотот на Рашковски и на неговите деца, со одлука на Кривичниот суд

На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје, донесе одлука да го замрзне имотот и сметката на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, како и на неговите две малолетни деца. Според Кривичниот суд, одлуката е со цел, „да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка“. Во предметот...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...