fbpx
Таг: обвинение

таг: обвинение

Обвинение против Рамиз Мерко за луксузното „ауди“ од 67 илјади евра

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 67 илјади евра, соопшти на денешниот брифинг со новинарите шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Мерко се товари за злоупотреба на службената положба и овластување односно член 353 став 4 од Кривичниот...

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023...

Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство

Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни вработени на Клиниката за...

Поднесено обвинение против Здравев за спомениците од Скопје 2014, Груевски куртули

Против поранешниот претседател на Советот нa oпштина Центар, Владимир Здравев, неговиот брат, нивната мајка и двајца управители на фирми, Јавното обвинителство поднесе обвинение за перење пари, а во врска со леењето на спомениците од проектот „Скопје 2014“. Со ова обвинение, на еден начин „се спаси“ една половина од предметот поврзан со злоупотреби во врска со „Скопје 2014“, со оглед...

Нино Васев беше ослободен од вина за случај од 2021 година, а не за скандалот со лекови на Онкологија

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, доби ослободителна пресуда во врска со друг случај кој се водеше против него од 2021 година, а по тужба на роднини на починат пациент кои го обвинија за несовесно работење. Оваа пресуда нема никаква врска со скандалот со терапијата на Онкологија што го отворија медиумите, за кој во Собранието имаше Анкетна...

Сали Бериша обвинет за корупција во Албанија, одземен му е пасошот

Поранешниот премиер Сали Бериша е обвинет за корупција, одземен му е пасошот и доби забрана за патување во странство од страна на албанското обвинителство, пренесува Порталб.мк. Бериша има обврска редовно да се пријавува во полиција. Бериша е осомничен во истрагата на обвинителството поради сомнеж за корупција при приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизани“. За истото прашање вчера беше уапсен и неговиот зет...

Обвинение против скопјанецот што се самозадоволуваше во воз и допираше малолетничка

Поднесено е обвинение против 63-годишен скопјанец за сторени три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг, согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете што не наполнило 14 години, информираше денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот скопјанец, патувајќи со воз на 24 јули годинава во еден од вагоните се доближил и започнал...

Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднело Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а овој обвинителен предлог поднесен денеска...

Меѓународен адвокатски тим подготвува досие за Русија поради користење на гладот како оружје

Адвокати за човекови права, во соработка со канцеларијата на Главниот обвинител на Украина, подготвува досие за воени злосторства што би било поднесено во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), обвинувајќи ја Русија за намерно предизвикување глад при оружен конфликт, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Целта е да се документираат случаите кога руските инвазиски сили користеле глад како оружје во војна“, се...

Обвинение за грабнување на внукот на Љубе Бошковски, наводно киднапиран поради неплатен хероин

Основното јавно обвинителство (ОЈО) поднесе обвинение против две лица за грабнување и помагање на Самоил Костадиновски, внук на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски. На 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата...

Обвинение против српски државјанин што криумчарел злато преку скопскиот аеродром и за цариникот што му помагал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинение против српски државјанин по потекло од Турција затоа што сторил кривично дело – криумчарење, а обвинение е покренато и против македонски царински службеник кој се товари дека му помогнал на странецот да го стори делото. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 20 март, обвинетиот српски државјанин пристигнал на скопскиот аеродром...

Ново обвинение против Трамп и неговите сојузници во Џорџија поради изборите во 2020 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за обид да го поништи изборниот пораз во 2020 година во американската сојузна држава Џорџија. Трамп, кој е водечки републикански кандидат за претседател и на изборите во 2024 година, е обвинет заедно со 18 негови соработници, пренесува Би-би-си. Обвинителката на Џорџија, Фани Вилис, првпат започна истрага против Трамп и соработниците во февруари 2021 година...

Подигнато обвинение против Милорад Додик за неизвршување одлука на босанските власти

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и в.д. директорот на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ, објави сараевскиот весник Ослобоџење. Двајцата се товарат за казненото дело неизвршување на одлука од високиот претставник на БиХ. Додик потпиша указ за прогласување на Законот за необјавување, односно неизвршување на одлука на високиот меѓународен претставник...

Обвинение против Трамп за обид за поништување на изборните резултати во 2020 година

Федералните обвинители од САД поднесоа обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот обид да ги поништи изборните резултати во 2020 година, во очајничкиот обид да остане на власт, пишува Би-би-си. Обвинението против поранешниот претседател на САД е покренато само неколку недели откако тој беше обвинет за задржување информации за националната одбрана. Во обвинителните акти составени од четири точки...

Си-ен-ен објави аудиоснимка каде Доналд Трамп зборува за доверливи документи

Си-ен-ен објави аудиоснимка за која се вели оти е од состанок во 2021 година во Бедминстер, Њу Џерси, каде што поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговара за чување тајни документи што не ги декласифицирал. Снимката што ја добил Си-ен-ен и која првпат беше емитувана во емисијата „Андерсон Купер 360“ (Anderson Cooper 360) открива нови детали од разговорот што е клучен...

Ендрју Тејт обвинет за силување и трговија со луѓе

Романските власти го обвинија контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за силување, за трговија со луѓе и за формирање на организирана криминална група за сексуално експлоатирање жени, објави Би-би-си. Браќата Тејт беа уапсени во нивниот дом во Букурешт во декември 2022 година, а обвинети се заедно со уште две лица. Во март тие беа префрлени во домашен притвор со одлука на суд. Според...

Обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел обвинителен акт против 11 лица. Петмина од обвинетите, освен за кривичното дело „злосторничко здружување“, се товарат и за кривичното дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости“, а...

Обвинение за две лица – со лажни исправи ќе регистрирале полициски синдикат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднел обвинителен предлог против две лица. Според обвинителството, на 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија. Ваквите...

Канческа-Милевска ослободена од обвинението за „Тендери“ за Скопје 2014

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска е ослободена од обвинението за предметот познат како „Тендери“, а поврзан со проектот „Скопје 2014“. Судот тврди дека обвинителството не докажало дека обвинетите го сториле делото. Во овој предмет Канческа-Милевска беше обвинета од поранешното Специјално јавно обвинителство за злоупотреба на функцијата при изградбата на Скопје 2014. Канческа-Милевска беше обвинета во случајот „Тендери“, бидејќи,...

За 19 јуни одложено судењето против Стефан Лазаров и Драган Павловиќ – Латас

Судењето против новинарот Драган Павловиќ - Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, е одложено за 19 јуни бидејќи одбраната побарала да им се достават во целост доказите со кои располага oбвинителството. Двајцата се обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 21 февруари, Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе обвинителен предлог против Павловиќ...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...