fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември во Скопје

Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државата, и по димензии и по суштина, изјави денеска на брифинг со новинарите министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. На тридневниот собир што ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде привршуваат подготовките за преадаптација на просторот,...

Османи: ОБСЕ има витална улога во справувањето со предизвиците за сајбер безбедноста

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, истакна претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната конференција на ОБСЕ за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“. „Информатичката технологија и нејзината...

Средба Османи-Кулеба: Украина ќе победи

Украина и заштитата на украинскиот народ како приоритет на ОБСЕ, конкретните активности кои ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина ги презема на терен, состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск беа дел од темите на средбата на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни...

Османи-Нарбаева: Улогата на жените во општеството и нивната безбедност ни е приоритет

Зајакнувањето на улогата на жените во општеството и зголемувањето на нивната безбедност била тема на разговор во Ташкент, меѓу претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи и претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева. „Улогата на жените е воедно и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“, информираат во Министерството за...

Османи од Узбекистан утре ја започнува посетата на Централна Азија

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ја започнува својата посета на Централна Азија во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Дел од агендата е посета на Узбекистан и на Казахстан, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Османи посетата ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан каде ќе оствари средба со државниот врв, како...

Македонија напредува во ставањето крај на бездржавјанството

Северна Македонија напредува во напорите да стави крај на бездржавјанството, беше кажано на регионалната работилница организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР. „Северна Македонија стана лидер во регионот, како и на глобално ниво, со тоа што стана национален приоритет да се стави крај на бездржавјанството до крајот на 2023 година“, рече амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на...

Османи-Ескобар: Проширувањето на ЕУ е безбедносно прашање, процесот треба да се забрза

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во фокус на разговорите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, биле актуелните состојби во Западен Балкан, а Османи го брифирал високиот американски претставник за Планот од 9 точки за деескалација...

Османи: Климатските промени се закануваат на стабилноста на нашите опшества

Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повидливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности. Ова го истакна претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во...

Жаку: Младите треба да се гледаат како лидери на денешнината

Младите не треба да се гледаат како лидери утре, туку како лидери на денешнината. Ние младите имаме една уникатна позиција да го обликуваме светот во кој живееме, промовирајќи ги вредностите за мир, безбедност, правда и еднаквост на нашиот глас. Oва го истакна специјалниот претставник за млади на претседавачот со ОБСЕ, Мемет Жаку, на првата панел-дискусија на Преспа форумот за...

Поразителни бројки за судството: Судиите соочени со притисоци, не веруваат во Судскиот совет и не се чувствуваат безбедни

Притисоците или обидите за влијание врз судиите од нивните колеги или судиите од повисок ранг и од членовите на Судскиот совет се зголемени за повеќе од 10 отсто, во споредба со 2009 година. Судиите не се чувствуваат безбедни во секојдневниот приватен живот и во просториите на судот. Тие не веруваат ниту во Судскиот совет - 72 проценти од анкетираните...

МОН и ОБСЕ доделија грантови за заеднички активности на ученици со различно етничко потекло

Четиринаесет училишта добија грантови за спроведување на заеднички наставни и воннаставни активности на ученици од различно етничко потекло, кои следат настава на различни наставни јазици. Целта на активностите е јакнење на соработката и довербата помеѓу младите, а финансиските средства за нивна реализација се обезбедени преку проектот „Градиме нови мостови“ кој беше најавен на почетокот на годинава од страна на...

Слободата на изразување во време на алгоритми и ВИ: потребен е сеопфатен пристап за новите предизвици

Доколку технологијата се користи на соодветен начин тогаш таа може да помогне многу во развојот на човековите права како и во зачувувањето и подобрувањето на слободата на изразување. Инаку, доколку се злоупотребат, алгоритмите на вештачката интелигенција (ВИ) можат да се злоубопотребат и да предизвикаат поголеми последици во едно општество, уништувајќи ја демократската структура на истото. Ова беше една од...

Конференција на ОБСЕ: Слободата на медиумите е клучен сегмент на демократијата

Кога новинарите се наоѓаат под притисок, порано или подоцна, демократијата исто така потпаѓа под притисок и обратно, порача Тереза Рибеиро, претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите на Конференцијата за медиуми во Југоисточна Европа, која  во организација на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, во соработка со Мисијата на Организацијата во Скопје се одржа денеска, а продолжува утре. Рибеиро...

МОН: Училиштата да ја искористат можноста за грантови за меѓуетничка интеграција

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека на 30 април истекува рокот за аплицирање на повикот на МОН и ОБСЕ во Скопје за доделување на грантови со кои ќе се финансира спроведувањето на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и јазици на територијата на земјава. Право на учество на овој повик имаат сите училишта...

Шефот на мисијата на ОБСЕ: Земјава немала претседателка или премиерка, да го промениме ова

Во Собранието на Северна Македонија, има 51 пратеничка од вкупно 120, а во локалната власт вклученоста на жените е 36 отсто. Во Германија, имаме помало учество на жените во политиката. Ова се подобри бројки, поради родовата квота воведена во Изборниот законик. Сепак, тажната реалност е дека само неколку жени стигнуваат до врвот, бидејќи се обесхрабрени да ја продолжат својата...

Oсмани: И НАТО и ОБСЕ треба да ја одиграат својата улога кога станува збор за поддршката на Украина

Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи денеска пред Северноатлантскиот совет на НАТО ја претстави Програмата на Северна Македонија како Претседавач со ОБСЕ во 2023 година. Тој, во свое обраќање пред Советот со кој претседаваше заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, ја истакна важноста на улогата на НАТО и ОБСЕ во европската безбедносна архитектура и ја презентираше визијата на Северна Македонија како...

Фејсбук-страницата на ОБСЕ Македонија хакирана

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана , соопштија од оваа организација. Таа од вчера е преименувана и внесени се други содржини, односно реклами на виетнамски за хотлајн. „ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се...

Османи на средба и со претседателот на Врховната Рада на Украина, Зеленски го повика Западот да го забрза снабдувањето со оружје

Шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ во рамки на својата посета на Украина, освен со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба се сретна и со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук. Османи повтори дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи...

Османи во Украина: Русија да ја прекине оваа војна и да се врати на принципите и вредностите на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска за време на посетата на Украина оствари работни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Османи ја осуди руската агресија врз Украина и потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Османи го осуди последниот напад што се случи во Днипро,...

Османи во посета на Украина: Мора да запре агресијата врз украинскиот народ

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на денешната посета на Украина, го посети градот Бородјанка во Кијивската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Османи на почетокот од посетата изрази жалење за сите невини жртви и илјадници Украинци кои мораа да ги напуштат своите домови за да ги избегнат разорувачките последици од руската воена агресија, информираат од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...