fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Бугарија не дозволи прелет на авионот на Лавров поради санкциите против Захарова, а не поради С. Македонија

Дел од руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје беше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, чие присуство во рускиот авион ја натерало Бугарија да ја отповика дозволата за прелет над нејзина територија. Но, причината никако не е билатералниот спор што постои помеѓу Македонија и Бугарија, како што алудира оваа објава на Фејсбук,...

Преку стари теории на заговор за „западните педофили“ се шират дезинформации за убиството на Вања

Објавата изобилува со добро познати теории на заговор, избегнувајќи ги притоа фактите и доказите за случајот со исчезнувањето и смртта на 14-годишната Вања, кои институциите ги презентираа во јавноста. Не е точно дека Вања ја киднапирале некакви светски педофили и за да се прикрие тоа било соопштено дека девојчето е убиено. Безживотното тело на Вања беше пронајдено во селото...

Не е вистина дека полицијата го криела убиството на Вања поради Самитот на ОБСЕ

Тврдењата дека полицијата знаела дека Вања е убиена, но криела поради Самитот на ОБСЕ, се дезинформација и чиста шпекулација. Додека се одржуваше Самитот во Скопје, полицијата формираше специјален штаб кој работеше деноноќно на пронаоѓањето на девојчето. Веднаш по приведувањето на петтемина осомничени и нивното испрашување и по добиените сознанија за убиството на тинејџерката, веста беше споделена со јавноста. Оттука,...

Рускиот наратив на Советот на ОБСЕ во Скопје: Запад е виновен за сè

Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, на кој се решаваше за натамошното постоење на организацијата, беше подиум на кој Москва „блесна“ со своите дезинфо наративи и ја потврди длабоката непомирливост со западните демократии. Но, сите руски наративи, искажани преку шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, се сведуваа само на една флоскула: „Западот е виновен за сè“, пишува Вистиномер во својата...

Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра идентичната улога во Западниот Балкан. Руската Федерација е таа која преку латентни и видливи чекори, преку...

Постигнат договор – Малта е новиот претседавач на ОБСЕ за 2024

На Министерскиот совет на ОБСЕ беше постигнат консензус од сите 57 земји-членки за Малта да биде иден претседавач со Организацијата во 2024 година, соопшти попладнево актуелниот претседавач и министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи информираше дека успеале да постигнат консензус за да го одржат мандатот на четворицата извршни лидери на Организацијата, чиј мандат истекува на 4 декември годинава. Ова значи...

Лавров направи театар во Скопје: Наместо одговори, се расправаше со новинари

Русија од пресот на Сергеј Лавров денеска направи пропаганден театар во срцето на Скопје, a со цел да го засени последниот ден и заклучоците од Министерскиот совет на ОБСЕ. Уште пред да заврши прес-конференцијата на нивниот министер за надворешни работи, Руската амбасада во Скопје објави пост на Фејсбук со кој го портретира Лавров дека не бил изолиран на Министерскиот...

Усвоена заедничка изјава за безбедност на новинарките

Четириесет и шест од вкупно 57 земји членки на ОБСЕ, денеска се согласија на заедничка изјава за безбедност на новинарки, во која е наведено дека како приоритет ќе биде ставено клучното прашање за безбедноста на новинарките на интернет и на меѓународната сцена. На крајот на триесеттиот Министерски состанок на ОБСЕ, односно на третата пленарна седница, министерот за надворешни работи...

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ - македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што се наоѓа ОБСЕ. Русија нагласила...

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да градиме иднина на ОБСЕ со земја-киднапер на нашата иднина

Симболично, покажувајќи пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на Министерскиот совет во Скопје, рече дека Русија досега има уништено стотици илјади тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна. Тој во своето обраќање изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против...

Бербок од Скопје го повика Путин да ја прекине војната во Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок побара од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине агресијата врз Украина, јавува германската новинска агенција ДПА.  „Сопрете го неописивото страдање кое го донесовте на милиони луѓе“, инсистираше денеска Бербок на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не беше во салата додека Бербок...

Министрите потпишаа заедничка изјава за борба против корупција во Југоисточна Европа

Како пропратен настан на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, денеска беше потпишана Заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација. Заедничката изјава ја потпишаа актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, босанскиот министер за надворешни работи Елмедин...

Лавров најде нацисти во Кијив и балтичките земји, делегации го напуштија неговиот говор

Конфронтирачка реторика во своето излагање имаше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. За време на неговиот говор, неколку делегации ја напуштија сесијата во знак на протест против говорот на Лавров, кој ја претставува земјата-агресор во војната против Украина. Меѓу оние делегации што ја напуштија салата, потврдена е естонската, украинската и чешката...

Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ

Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е документ врз чија основа...

Ковачевски нема да има средба со Лавров

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ изјави дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на Русија врз Украина. Ковачевски се надева дека на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе бидат донесени важни одлуки, и тоа...

Коен: Хамас е ИСИС, а Израел ќе продолжи да се бори до уништување на Хамас

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје изјави дека неговата земја е посветена на продолжување на борбата против терористичката организација Хамас. „Хамас е ИСИС“, порача министерот Коен од Скопје. Тој додаде дека 7 октомври беше трагичен ден за Израел, како и дека има единствен виновник за целокупното страдање на луѓето во Газа,...

Авионот на Лавров ја обиколи Бугарија поради доаѓањето на Марија Захарова

Бугарија во последен момент го откажа прелетот на авионот на Сергеј Лавров преку нејзина територија поради присуството на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во него. Медиапул.бг јавува дека авионот патувал повеќе од пет часа преку Турција и Грција за да стигне на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Бугарските власти не дале дозвола Захарова за...

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон Украина и ги руши европските вредности. Таа треба да е отчетна, треба да е одговорна за оваа војна. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, новинарите и политичките опоненти....

Ковачевски-Борел: Уставните измени се клучни за напредокот на С. Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел при одржувањето на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. На заедничката прес-конференција, Борел изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ треба да ги слушне мислењата на учесниците. „Јас...

Блинкен и Османи порачуваат: Остануваме обединети во поддршка за Украина

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи вечерва оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија. Во фокусот на разговорите биле актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина, при што соговорниците упатија силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ, информираат...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...