fbpx
Таг: образование

таг: образование

МОН: Училиштата да ја искористат можноста за грантови за меѓуетничка интеграција

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека на 30 април истекува рокот за аплицирање на повикот на МОН и ОБСЕ во Скопје за доделување на грантови со кои ќе се финансира спроведувањето на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и јазици на територијата на земјава. Право на учество на овој повик имаат сите училишта...

БРО: Не се укинува предметот историја и нема да се бркаат наставници од работа

Реакции кои шират паника и лавина негодувања можат да се забележат деновиве на социјалните мрежи, по објавите дека од претстојниот септември, во шесто одделение, учениците ќе имаат нов предмет, природни науки. Реакциите одеа дотаму што се пишува дека се укинуваат предмети и се бркаат наставници од работа, како и дека наводното спојување на предметите физика, биологија, географија и хемија...

Предметот Етика во религиите останува да биде дел од образовниот систем

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопшти Министерството за образование и наука. „Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети - втор странски јазик и слободни изборни предмети. Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на...

Продолжен рокот за видео-конкурсот на тема „образование“: Учествувај за вредни награди – ваучери за ИТ опрема

Продолжен е рокот на #CtrlZ предизвикот за млади што го објави Фондацијата Метаморфозис. Видео конкурсот на тема „образование“ е отворен до 2 мај 2023 година. Право на учество на конкурсот имаат сите млади на возраст од 14 до 29 години. Учесниците на предизвикот треба да создадат кратко видео поврзано со темата „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното,...

Најавена забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во Владата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ порача дека неговата лична заложба, како и заложбата на Владата, е да се изгради општество еднакво и кохезивно, во кое граѓаните и заедниците ќе се чувствуваат безбедни и ќе имаат...

„Шорткат“: Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија?

Зошто младите лекари својата иднина ја гледаат надвор од границите на земјава и како да ги задржиме тука? Ова се главните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор во новата епизода на „Шорткат“. На оваа важна тема разговараме со доктор Божидар Кочоски, претседател на Асоцијацијата за специјализанти и млади лекари. Во неделните вести за млади информираме за најавата...

Дебата на АЛПИ: Неопходна е дигитализација на универзитетите

На македонските универзитети недостасуваат сеопфатни дигитални платформи и лиценцирани апликации кои ќе се одржуваат редовно и ќе бидат достапни за сите студенти и професори. Онаму каде што се користат дигитални услуги, студентите се задоволни од искуствата. Професорите, од една страна, поддржуваат настава во живо, додека студентите претпочитаат хибридна настава. Ова се дел од заклучоците во анализата „Дигитална трансформација во...

Шаќири: Ќе обезбедиме дигитални верзии на хартиените учебници

Во иднина ќе ги задржиме традиционалните хартиени учебници во основното и средното образование, но ќе обезбедиме и дигитални верзии, заради полесна достапност и примена, истакна министерот за образование и наука на денешната панел дискусија посветена на дигитализација на образованието, која е дел од одбележувањето на 20 годишнината на Американски универзитет на Европа – ФОН. Тој кажа дека Министерството за образование...

Дебата за млади „Дигитализација во образованието“ ќе се одржи на 16 март во „Јавна соба“

Наредниот четврток, на 16 март, со почеток од 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Дигитализација во образованието“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. На настанот ќе се зборува за можностите и предизвиците што ги носи дигитализацијата на образованието и за тоа дали и колку образовниот систем во земјава е подготвен за дигитална трансформација. Говорници на...

Заканите не стивнуваат, нова дојава за бомба испратена денеска во 30 училишта

Вкупно 30 основни и средни училишта од Скопје денеска добиле дојава за поставена експлозивна направа. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), објектите се евакурани. Откако антитерористички тимови направија проверки, било утврдено дека сите дојави биле лажни. Наставата во континуитет се прекинува поради речиси секојдневните дојави за поставени бомби што ги добиваат училиштата. Во овој период треба да се...

Нов CtrlZ предизвик – видео конкурс: Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час

Фондацијата Метаморфозис објавува #CTRLZпредизвик за млади: Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час – конкурс за најдобро видео на тема „образование“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 14 до 29 години.  Учесниците на конкурсот треба да создадат кратко видео на тема „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното, средното или високото образование.  Како...

Гир: Над 2 милиони ученици заминале од Украина без можност да го завршат образованието

Со руските ракети се оштетени над 2.700 училишта во Украина, комплетно се срамнети со земја над 100 образовни институции, а над два милиони украински ученици заминале од земјата без можност соодветно да го завршат образованието. Ова на денешната панел дискусија по повод годишнината од руската инвазија во Украина, го посочи евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, зборувајќи за штетите од војната...

Националниот совет за евроинтеграции ги усвои препораките за поквалитетни работни услови за младите

Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) на својата деветта седница ја разгледа анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и ги усвои препораките од истата, соопшти ИДУЕП. Препораките содржани во документот вклучуваат квалитетни работни места за младите, соодветни плати, законско регулирање на работата од дома,...

О2 иницијативата објави водичи за еколошка едукација на децата

Со цел да се помогне и подобри еколошкото образование и природонауката, О2 Иницијативата го создаде и објави сетот Водичи на природата – триплет на мали водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и низ градското зеленило. „Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе...

За основците учебната година ќе трае до 14 јуни, а за средношколците до 9 јуни

Учебната година за учениците во основото образование ќе трае до 14 јуни, а за средношколците до 9 јуни. Одлуката е веќе и официјализирана и вметната во календарите за организација на учебната 2022/2023 година, кои се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН). Од МОН појаснуваат дека ова се прави затоа што зимскиот распуст беше продолжен и...

„Втора шанса“ за завршување на средно стручно образование на невработените лица

Агенцијата за вработување ги повика сите невработени лица да го дооформат своето средно стручно образование преку новата пилот програма „Втора шанса“. Преку оваа програма, 200 граѓани од земјава ќе имаат можност да го завршат своето средно стручно образование и истата ќе се спроведе од средни стручни училишта за машинска, електротехничка, угостителска и градежна струка. „Врз основа на податоците со кои...

Случувања кои го одбележаа образованието во 2022 година: Штрајк на наставници, дојави за бомби, многу изгубени часови

Дојави за бомби, продолжен зимски распуст, штрајк на просветните работници, скратен материјал за матурските испити, обуки за наставници да предаваат по „ново“, 1 септември без учебници, губење настава во повеќе наврати... Ова се само дел од нештата кои ја одбележаа изминатава 2022 година кога станува збор за образованието во нашата земја. И додека можеби очекувањата беа дека годинава најважниот...

ДЕБАТА: Политичарите разговараа со младите за како да се подобри нивниот стандард

Корупцијата како главна причина за иселување на младите од земјава, состојбата со студентскиот и ученичкиот стандард, мерките што државата ги презема за подобрување на состојбата на младите, беа дел од темите што се најдоа во фокус на настанот „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата...

Буџетот на МОН догодина ќе „тежи“ 450 милиони евра

Касата на Министерството за образование и наука (МОН) догодина ќе брои над 450 милиони евра кои се предвидени за финансирање и развој на образованието и науката. Како што соопштија од ова министерство, предвидениот буџет е зголемен за 8,4 отсто во однос на средствата што оваа институција ги потроши годинава. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција на...

Јетон Шаќири: Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство

Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во интервју за Новинската агенција Мета.мк, коментирајќи ги неофицијалните најави дека зимава е можно да се врати онлајн учењето поради енергетската криза. Но, како што додава тој, за да се одржи наставата со физичко присуство потребно е, покрај МОН, и училиштата и општините...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...