fbpx
Таг: образование

таг: образование

Пред почетокот на учебната година, 40 наставници учат да го користат новиот е-дневник

Cè уште се прават тестирања на новите софтверски решенија, кои од есеноска треба да го подобрат функционирањето и работата на електронскиот дневник. Мета.мк ги праша одговорните лица во Министерството за образование и наука (МОН), од кога ќе стартува примената на новиот дневник, во кој наставниците треба да ја водат целата педагошка евиденција во текот на целата учебна година. Од...

МОН: Континуирани обуки за јакнење на психосоцијалната поддршка во училиштата

Клучен фактор за обезбедување квалитетен пристап на стручните соработници во работата со учениците и унапредувањето на нивното ментално здравје и благосостојбата е нивната обука, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Во мај оваа година, МОН и УНИЦЕФ организираа осум регионални работилници за јакнење на вештините на стручните соработници за ефикасно справување со различниот опсег на предизвици поврзани со...

Политичарите и медиумите повторно паднаа на Шангајската листа

„Трета година по ред на Шангајската листа нема универзитет од Македонија“, „Шангајска листа: Меѓу првите илјада нема македонски универзитет“, „Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на 1.944-то место на Шангајската листа“, „Објавена е Шангајската листа, УКИМ е на 1.964 место од вкупно 2.000“ – ова се само дел од насловите што во последнава година се најдоа во македонските медиуми по...

Објавена е Шангајската листа, и годинава без македонски универзитет на неа

Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2023 година од страна на организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“. Листата и годинава, за нејзината 20-годишнина, не носи големи изненадувања. Меѓу најдобрите илјада универзитети во светот и оваа година нема ниту една македонска високообразовна установа. По 21-ви пат, на врвот на меѓународната листа се наоѓа Универзитетот Харвард. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на...

Родова (не)еднаквост: жени vs мажи според пари, моќ и знаење

„Жените во Северна Македонија заработуваат помалку и се наоѓаат во повисок ризик од сиромаштија во споредба со мажите. Пониските приходи, пократкиот работен век и високата неактивност на пазарот на труд придонесуваат за поголем ризик од сиромаштија, поголема економска несигурност и влошени финансиски изгледи за жените во секоја фаза од нивниот живот“ – пишува во новообјавеното истражување Национален индекс на...

Наставниците ќе добиваат за 10 отсто повисоки плати, но неизвесно е од кога

Вработените во основно и средно образование во земјава треба да добијат повисоки плати за околу 10 отсто, но засега е неизвесно од кога би започнала исплатата. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), за Мета.мк вели дека всушност се работи за спогодба која летово треба да ја потпишат СОНК и Министерството за образование и наука...

Наставниците ќе им ги дадат свидетелствата на учениците до крајот на месецов

Основните училиштата во државата добиле допис од Министерството за образование и наука (МОН), да ги поделат свидетелствата на учениците во периодот од 26 до 30 јуни, а во училиштата за средно образование, тоа треба да се случи до 4 јули. Надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО) пред извесно време рекоа дека годинава нема проблеми со печатење, односно со...

„Шорткат“ во тетовската библиотека каде се собираат капачиња од шишиња

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат пластични капачиња од шишиња кои потоа се рециклираат, а собраните средства, пак, се наменети за хуманитарни цели. Повеќе за ова ви носиме во вечерашната епизода...

Опаѓа интересот за гимназиите, расте за стручното образование

Средното стручно образование станува сè поатрактивно и поинтересно за младите. Дека е тоа така покажува годинашниот прв уписен рок, после кој може да се забележи дека гимназиите остануваат со многу слободни места, додека директорите на стручните училишта, се фалат со подобар упис во споредба со минатите години. Ако минатата година, во гимназијата „Орце Николов“ за 285 слободни места се пријавиле...

МОН со засилени градежни активности во училиштата за време на летниот распуст

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ги интензивира градежните активности за време на летниот распуст на учениците, со цел, како што велат, заокружување на повеќе инфраструктурни инвестиции кои ќе значат подобрени услови во основните и средните училишта во новата учебна година. Предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата, а реконструкцијата се изведува...

Јусуф Зејнели изгласан за нов ректор на Тетовскиот универзитет, реакции по изборите на кои тој беше единствен кадидат

Јусуф Зејнели е избран за нов ректор на Универзитетот во Тетово (УТ), на избори на кои тој беше единствен кандидат, откако останатите тројца пријавени се повлекоа од конкурсот, обвинувајќи за низа неправилности. „Со мнозинство гласови од академскиот кадар на 12 факултети, проф. д-р Јусуф Зејнели е избран за ректор на Универзитетот во Тетово, за следниот тригодишен мандат, 2023-2026 година“, информираа...

Тетовскиот универзитет денеска избира ректор, тројца од четирите кандидати се повлекоа од трката

Кандидатите Башким Зибери, Миќереме Руси и Дервиш Алими се повлекоа од трката за ректор на Универзитетот во Тетово (УТ) поради основани сомнежи дека изборите се наместени во корист на Јусуф Зејнели, зад кого се тврди дека стои ДУИ, објави телевизија Алсат. Сега поранешните кандидати за ректор велат дека имало политички притисоци врз професорите и врз нивните семејства. Во писмото со оставка,...

Одливот на мозоци тема на младинскиот панел на Преспа Форум 2023

Креирање европски работни места дома и реформа на образованието што ќе ги подготви младите за професиите на иднината се клучни да се спречи одливот на мозоци од регионот. Ова беше кажано на на Преспа Форум 2023, на младинскиот панел „Развивање вештини и создавање можности: стратегии за справување со одливот на мозоци“, каде претставници на владини и меѓународни институции, здруженија на...

Апликацијата Challenger во „Шорткат“: Поени за секој изминат километар пешки или на велосипед

Во новата епизода на „Шорткат“ ве запознаваме со апликацијата Challenger, која е вистински мотиватор за пешачење и користење на велосипед. Колку повеќе километри ќе изминете пешки или на велосипед, толку повеќе поени ќе добиете и потоа ќе можете да ги искористите за попусти во одредени продавници. За тоа како функционира оваа мобилна апликација, дознаваме во денешната емисија. Носиме вести и...

#CtrlZ предизвик: Познати победниците на видео-конкурсот за млади на тема „образование“

Познати се добитниците на наградите од #CtrlZ предизвикот за млади – видео-конкурс на тема „образование“ што го распиша Фондацијата Метаморфозис. Право на учество на конкурсот имаа сите млади лица на возраст од 14 до 29 години. Учесниците требаше да создадат кратко видео поврзано со темата „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното, средното или високото образование. Според правилата,...

Македонските ученици не го разбираат тоа што го читаат, покажа новата ПИРЛС студија

Во читачка писменост, односно во читање со разбирање, Македонија со освоени 442 поени се најде под меѓународниот просек кој изнесува 500, покажа најновата ПИРЛС 2021 меѓународна студија (Progress in International Reading Literacy Study), која беше објавена неодамна. Последен пат македонски ученици учествуваа во ПИРЛС во 2006 година, а она што загрижува е што бројот на освоени поени и тогаш и...

На две недели пред крајот на учебната година стаса нов учебник по македонски јазик за петто одделение

На две недели пред крајот на учебната година, во основните училишта стаса учебникот по македонски јазик за петто одделение. Учебникот е направен согласно новата Концепција за основно образование. Во Министерството за образование и наука (МОН) објаснуваат дека тие го праќаат на печатење учебникот штом ќе добијат одобрение од Националната комисија за учебници дека може да се користи. „Печатењето учебник е...

УКИМ со нов пад на листата на CWUR – сега е на 1.990 место меѓу најдобрите универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) се најде на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2023 година, што денеска ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето универзитетите и колеџите ги оценува според четири мерки: образование, можност за вработување,...

„Тројка“ за училиштата од просветните инспектори: лоша хигиена и недостиг од компјутери

Лошите хигиенски услови во училиштата и во спортските сали, недостигот на нагледни средства (географски карти, глобуси, хамери, историски карти, смарт табли, геометриски тела, хербариуми и сл.) како и недостигот на компјутери и компјутерска опрема во наставата, се најчестите слаби страни кои ги нотирале просветните инспектори во нивните извештаи, кога ја оценувале работата на училиштата во Македонија. Државниот просветен инспекторат...

МОН: Училиштата да ја искористат можноста за грантови за меѓуетничка интеграција

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека на 30 април истекува рокот за аплицирање на повикот на МОН и ОБСЕ во Скопје за доделување на грантови со кои ќе се финансира спроведувањето на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и јазици на територијата на земјава. Право на учество на овој повик имаат сите училишта...

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...