fbpx
Таг: образование

таг: образование

Град Скопје ангажираше 16 асистенти кои ќе работат со средношколците со посебни образовни потреби

Градот Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти кои ќе работат со средношколците со посебни образовни потреби, информираат од таму. „Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дадоа согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата општинско – корисна работа, а дел се од буџетот на градот.Месечниот надоместок за асистентите изнесува нето...

Закон за основно образование: Мора да ги вратиме изгубените вредности кај учениците

Новиот Закон за основно образование кој е во собраниска процедура и кој е актуелен изминатиов период, предвидува повеќе промени. Она што е интересно за анализа е тоа што во целите е наведено дека ова ќе биде документ чија примена треба да започне да создава деца со поголема самодоверба, деца што образовниот процес ќе ги учи на почит, на разбирање,...

ОЕЦД: Оценките што ги пишуваат наставниците не се веродостојни

Повеќе од две третини или 70,7 отсто од петнаесетгодишниците во Македонија немаат основни вештини за читање. Посебно загрижува фактот дека во земјата има голем број ученици кои не стекнуваат основни вештини и за математика. Ова го пишува во последното резиме на прегледот на образовниот систем, на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кои даваат препораки за тоа, што...

Интервју, Петар Атанасов: Сакав да бидам министер оти малку се прави во образованието

Во образованието владата прави малку, или недоволно. Оттука мојата реакција и желбата да го водам овој ресор, со целосна одговорност, вели во интервју за „Мета“ доскорешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов, кој со ова потврдува дека една од причините за оставката е и амбицијата да стане министер. Тоа синоќа во телевизиско интервју го кажа и премиерот Заев „тоа го направи...

Oставката на Атанасов oтвoра дилеми: Каде се образовните реформи?

Оставката на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, отвара прашања за анализа - зошто стојат во место образовните реформи и зошто не се реализира во пракса сето она кое се очекуваше и ветуваше во изминатиот период? Атанасов вели дека главните приоритети во образованието за поголем квалитет, не се исполнети и дека ако се продолжи со ова темпо, образованието би...

Атанасов: Премиере, Вие најдобро знаете зошто не ги остваривме промените во образованието!

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, на статус на Фејсбук напишал дека си поднесува оставка од функцијата, обраќајќи се на јавноста и на премиерот Зоран Заев. Причина за ваквата одлука е, како што напишал, неумеењето Владата да ги реализира промените кои биле ветувани. Тој, исто така, порачува и дека „револуцијата почнала да ги јаде своите деца“. „Во изминатите неполни 10...

Нема кратење на бројот на часови – нашите деца учат 1,5 година помалку од оние во земјите на ОЕЦД 

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку. Ова го истакна министерот Арбер Адеми на прес конференција, информирајќи за новините во Законот за основно образование, чија примена...

Дури 61 отсто од децата од 3 до 6 години не одат во градинка

Новиот глобален извештај на УНИЦЕФ нагласува дека 176 милиони деца на предучилишна возраст не посетуваат предучилишно образование и повикува владите од целиот свет да ги зголемат инвестициите за да обезбедат најдобар почеток во животот за секое дете. Кај нас скоро 41.000 деца – околу 61 отсто од децата на предучилишна возраст (од 3 до 6 години) – не посетуваат...

Рекорден број доктори по општествени науки во 2018 година

Рекордни 243 лица се стекнале со звањето доктор на науки минатата година што претставува зголемување за 16,3 отсто во споредба со 2017 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 34,9 отсто, потоа на медицинските науки, 28,8 отсто, следат хуманистичките науки со 18,5 отсто, а останатите лица докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките...

Повисоки плати ќе побараат синдикатите, на протест во Штип во сабота

Десетина гранкови синдикати, членки на Конфедерацијата на самостојни синдикати (КСС) ќе излезат на протест во Штип, во сабота. На прес-конференција во Штип, претседателот на СОНК, Јаким Неделков кажа дека главните барање се зголемување на платите за 25 отсто, но има и повеќе други барања, како што е вклучување на синдикатите во најавените реформи и почеток на  дијалог со владата. -Нашето...

Е-дневникот „падна“, се бара фирма што ќе го поправи

Оваа учебна година, електронскиот дневник не работи. Наставниците не можат да внесуваат податоци ниту оценки во него бидејќи страницата не е во функција. - Засега пишуваме се` што е потребно само во пишаниот дневник. Чекаме насоки од администраторот кога да почнеме да внесуваме оцени и во електронска форма. Родителите на учениците сега не добиваат смс-пораки за изостаноците и оценките на...

Општина Чаир има проект за проширување на училиштето „Исмаил Ќемали“, на ред е МОН

Од Општина Чаир, под чија надлежност е основното училиште „Исмаил Ќемали“, велат дека имаат проект за решавање на проблемот на преголемиот број на ученици, каде што во речиси сите паралелки е надминат максималниот број дозволен со закон - 34 ученици. Од оваа општина велат дека барањето за проширување на сегашниот училиштен објект е испратено до Министерството за образование и наука...

Германската Влада со двајца експерти ќе го поддржи професионалното образование

Тим од Министерството за финансии предводен од министерот Драган Тевдовски одржаа состанок со делегација на „Источниот комитет на Источно - европската асоцијација на германската економија“ предводена од генералниот директор, Мајкл Хармс. Со цел засилување на присуството на германските компании во Македонија, на состанокот се зборувало и за нивните потреби како инвеститори. „Еден од предусловите за влез на пазарот на германските компании е постоењето...

Од СОНК бараат зголемувањето на платите да биде повеќе од пет отсто и да почне од јануари

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК се залага зголемувањето на платите од пет осто во овие дејности да биде од први јануари, а не од септември 2019 година. – Со пет отсто апсолутно не сме задоволни. Платите се далеку под просекот. Ако просечната месечна плата е околу 24 илјади денари, просечната плата во образование...

Заедничката мултидисциплинарна комисија помеѓу Македонија и Бугарија ќе има втора средба

На 4 и 5 октомври, во Скопје, ќе се одржи втората средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, информираат од Министерството за надворешни работи. На средбата, како што велат од МНР, се очекува членовите на Комисијата, согласно договорената методологија и принципи на...

Коригирани сите математики од прво до деветто одделение

Сите учебници по математика од прво до деветто одделение имале грешки и биле коригирани. Новите изданија се распределуваат периодов по училиштата, заедно со другите учебници кои доцнеа и не беа пред учениците на почетокот на учебната година. „Нови учебници се доставуваат по математика, по природни науки од прво до шесто одделение, по биологија од седмо до деветто одделение, по хемија...

Атанасов: Учебниците доцнат, но не се потпирајте само на нив

И оваа учебна година започна без учебници во основното и во средното образсование. Добар дел од оние од лани и од изминатите години се стари, искинати, мрсни, ишарани и оштетени, па родители по социјалните мрежи реагираа дека сами ќе купат нови комплети бидејќи е невозможно да се учи од партали. По неуспешниот обид за ова да поразговаравме со првиот човек...

Мицкоски: Учебниците доцнат, образованието крахира, имаме демографска катастрофа

Македонија денес се соочува со демографска катастрофа, во вториот квартал во 2018 година, имаме пад за 6,3 проценти на бројот на новородени деца, тоа за шест години ќе значи и дополнително намалување на бројот на ученици, паралелки кои ќе се затворат, населени места кои забрзано замираат. Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање. Тој додаде дека...

Ќе се зголемуваат платите во основното и средното образование

Владата на вчерашната седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. На покачувањето ќе му претходно потпишување договор меѓу Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Со овој документ ќе се утврди најниската плата за најнискиот степен...

Наставниците и професорите ќе може да се вработат на неопределено време

На вчерашната 69. седница на Владата формирана е работна група за изнаоѓање на можно решение за проблемот со линдан во ОХИС. Оваа работна група во рок од три месеци треба да ја информира Владата за можните решенија на овој долгогодишен проблем. Владата ја прифати информацијата голем дел од наставниците и професорите во основното и средното образование да се вработат на неопределено...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...