fbpx
Таг: образложение

таг: образложение

Апелација ја укинала пресудата за Мијалков оти била нејасна и неразбирлива

Пресудата за 12 години затвор за екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, била укината бидејќи била „нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, соопшти Апелациониот суд во Скопје. Во истото соопштение, без прецизно да објаснат зошто, од Апелација велат дека при носење на ваквата одлука не размислувале суштински на застарувањето на делото. Членовите на Советот на Апелациониот суд - Скопје,...

Ангеловска: Со ребалансот парите ќе отидат таму каде што најефикасно ќе бидат искористени

Повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците на пленарна седница во Собранието. Со ребалансот се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се...

Беса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО, ова сега е само формалност

Пратениците на Беса во Собранието на Република Македонија ќе гласаат „за“ на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој, како што изјави пратеникот Фадил Зендели, е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, а ова сега е само формалност. - Беса ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист во неправдата кон Албанците, но притоа...

Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе го образложува повлекувањето на „Пуч“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвинители ќе одговара на прашањата на Советот за одлуката на СЈО да го повлече обвинението за предметот „Пуч“. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски за „Телевизија 24“ потврдил дека Јанева е повикана да ги образложи причините зошто СЈО се откажа од обвинението за „Пуч“. Специјалното јавно...

Тодоров: Имаме докази дека одлуката на ДИК за приговорот на Беса е незаконска

Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна едница, Никола Тодоров, попладнево на прес-конференција ја образложи тужбата што партијата ја поднесе до Управниот суд во врска со приговорот на Беса и посoчи дека имаат докази кои покажуваат дека одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), која го прифати приговорот, е незаконска и е „невиден преседан“. Според...

Миноски: Со буџетот за 2017 година предвидувме економски пораст од 3,4 отсто

Со предлог-буџетот за 2017 година, проектиравме умерено забрзан економски пораст од 3,4 проценти. Спроведувањето на парламентарните избори и решавањето на политичката крза ќе имаат позитивно влијание врз домашните компании, зголемување на инвестициите, потрошувачката, но ќе бидат и позитивен сигнал за странските инвеститори. Ова го истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, образложувајќи го предлог-буџетот пред пратениците. - Економскиот пораст очекуваме да биде...

Уставниот суд образложи: Одложено распуштање на Собранието не е исто со одложено дејство на законите

Уставниот суд официјално го објави образложението на одлуката за поништување на одлуките за одложено распуштање на Собранието од 18 јануари и 23 февруари, оваа година, која судот ја донесе во средата, минатата недела, по разгледувањето на иницијативата, поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Со одлуката на Уставните судии дефинитивно беа запрени сите активности околу предвремените парламентарни избори, кои беа...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...