fbpx
Таг: обновливи извори

таг: обновливи извори

Ќе има бури, ветрови и поплави кои тешко ќе ги контролираме – предупредување од конференцијата за енергетска транзиција

Германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек со жестока порака предупреди на неконтролираната динамика на глобалното затоплување, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Можеби сме на работ на глобалното затоплување, во овој случај затоплување на океаните, кое всушност излегува од контрола“, рече политичарот на Зелените вчера во Берлин на Меѓународната конференција за енергетска транзиција. Температурата во светските океани е на рекордно...

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето се...

Со планот за праведна транзиција од јагленот прво ќе се ослободуваат Битола и Кичево

Министерството за економија денеска ги презентираше клучните точки од нацрт Инвестицискиот план за праведна транзиција, кој е дел од Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, што С. Македонија ја претстави на КОП28 и од која се очекува, со помош од меѓународни финансиски институции, да се мобилизираат до три милијарди евра, наменети за трансформирање на енергетскиот сектор зависен од јаглен. Инвестицискиот...

Еко свест: Јавноста треба да знае на што ќе се потрошат три милијарди евра за енергетска транзиција

Еколошките организации од земјава бараат јавноста да ги види проектите во кои ќе треба да се инвестираат три милијарди евра наменети за енергетска транзиција на земјата, кои беа најавени на последната Конференција за климатски промени, што се одржа во Дубаи. Членките на Националната коалиција за клима велат дека се незадоволни од нетранспарентноста на процесот и фактот дека Инвестицискиот план за...

Ако сакаме да сме дел од јаглеродно неутрална Европа мора да инвестираме во сонце и ветер

Северна Македонија да инвестира во искористување на сонцето, ветерот и водата како обновливи извори на енергија со кои ќе фати вистински чекор во насока на заложбите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, порачуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ и нивните партнери од CEE Bankwatch Network. Фосилните горива, јагленот, нафтата и гасот и...

РКЕ за 21 месец издала лиценци на 686 фотонапонски електроцентрали

Од јануари 2022 година заклучно со 30 септември годинава, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) издала лиценци на вкупно 686 централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 503 мегавати – капацитет што според Регулаторна е доволен за да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови во државата. Новите централи од обновливи извори што се...

Во Новаци започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот

Денеска свечено беше отворена приватната фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци“, која во моментов е и најголема на Балканот. Со вкупен капацитет од 55 мегавати, проектирано е годишно да произведува 85.000 мегаватчасови струја, што според Владата претставува „електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства“. На отворањето на „ФЕЦ Новаци“ се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој истакна дека...

Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Македонија како регионален центар на зелена енергија

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Њујорк се сретнал со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на ОН (UNDP) и ко-претседавач на механизмот за енергија на ОН (UN Energy). На состанокот, како што информираат од Владата, било потенцирано значењето на ОН и на развојните мрежи на организацијата, како што е УНДП, којашто им...

Се отвора соларен саем за обновливи извори енергија за подигнување на свеста и заштита на животната средина

Од 15 до 17 септември ќе се одржи голем „Соларен саем“, на кој ќе учествуваат дваесетина компании, а посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор. На настанот ќе бидат присутни производители и трговци на соларна опрема како: фотоволтаични колектори, термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, фото/термални колектори, громобранска заштита, системи за греење/ладење/вентилација, бакарен фитинг за...

Регулаторна: За 18 месеци издадени лиценци за 545 централи за струја од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за 18 месеци – од јануари 2022 до јуни 2023 година - издала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупно инсталирана моќност од речиси 270 мегавати. Според Регулаторна, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на...

Соларната енергија не се користи за уличните светилки, иако општините плаќаат огромни сметки за јавно осветлување

Македонските општини многу малку ја користат соларната енергија како извор за јавно осветлување. Енергетската криза и зголемените цени на електричната енергија ги вивнаа во облаци сметките за струја на локалните самоуправи за уличните светилки. Јавното осветлување од неопходност се претвори во луксуз, а општините ги истенчија и онака ситните буџети. Сепак, и во вакви услови, користењето на сонцето како...

Регулаторна: За 14 месеци издадени лиценци за фотоволтаици што може да ги задоволат потребите за струја на осум градови

Од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, информираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Од таму велат дека во првите два месеца од годинава во...

Во јануари 26 компании почнале да произведуваат струја со фотоволтаици за сопствени потреби

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) минатиот месец издала лиценци за работа на 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од 6 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за домашни стопанственици кои инвестирале во фотонапонски централи за да обезбедат струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле  лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а...

Обновливите извори на енергија се единствената алтернатива за одржлив развој на земјата

Намалување на зависноста на земјата од увоз на електрична енергија, но и намалување на загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци кога е актуелно затоплувањето на објектите со фосилни горива, се меѓу главните приоритети кои треба да ја водат земјата кон исполнувањето на целите поставени со Стратегијата за енергетика. Насочувањето кон обновливите извори на енергија, особено искористувањето на енергијата од...

Сонцето и ветерот лани обезбедиле 10 проценти од вкупната електрична енергија во светот

Ветерот и сончевата енергија минатата година за првпат генерирале 10 проценти од глобалната електрична енергија, покажува новото истражување на тинк-тенк организацијата „Ембер“, а пренесува „Би-би-си“. Во анализата се наведува дека сега педесет земји добиваат повеќе од една десетина од својата електрична енергија токму од ветерот и од сонцето. Како што економиите во светот почнаа да закрепнуваат од ковид-пандемијата во 2021 година,...

Со паметно енергетско планирање ќе се бараат најсоодветни локации за соларни полиња и ветерници

Паметно енергетско планирање, безбедна и побрза транзиција од фосилни во обновливи извори на енергија со минимално негативно влијание врз природата и луѓето и соработка меѓу граѓанскиот сектор, Владата, експертите, бизнис секторот и сите релевантни институции е главната цел на кампањата за паметно енергетско планирање „Еко енергетска иднина - да планираме заедно!“, која ја започна Центарот за истражување и информирање...

Сите олимписки објекти на игрите во Пекинг се напојуваат со енергија од обновливи извори

Сите олимписки објекти, во кои се одржуваат натпреварите на Олимписките игри во Пекинг, за прв пат во историјата на зимските и на летните игри, ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија. Пекинг, во текот на подготовките на Игрите, промовираше визија „зелени, инклузивни, отворени и чисти“ игри, и најави дека ги интегрира принципите на одржливост во сите фази од...

Гоу Грин го организира првото соларно кино во Скопје на 22 ноември

Во Кинотека на Северна Македонија на 22 ноември ќе се одржи првото соларно кино во Скопје. Овој настан го организира Здружението Гоу Грин, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје. За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а за таа цел ќе биде...

Групацијата за обновливи извори на енергија при СКСМ го осуди затрупувањето на Маркова река

Групацијата за обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Северна Македонија ја осуди злоупотребата на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот во и околу реките и побараа надлежните институции да го истражат случајот. Ракцијата следува откако денеска објави феколошката организација „Еко свест“ објави фотографии од затрупувањето на Маркова река како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани...

Да престане субвенционирањето на јагленот е прв услов за успешно справување со климатските предизвици

Да не се стимулира, ниту субвенционира користењето на јагленот како гориво, да се зголемува енергијата од обновливи извори, а гасот да не се смета за добро транзиционо решение, бидејќи е фосилно гориво. Тоа се дел од заклучоците за климатската визија за Македонија кои се дискутираа на конференцијата „Визија и цели за справување со промените во климата 2030/2050“, организирана во...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...