fbpx
Таг: обложувалница

таг: обложувалница

Провалник фатен на дело во обложувалница

Тетовската полиција ноќеска фатила провалник на дело во обложувалница. Станува збор за С.Н.(32) од Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата во Тетово и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Ограбена спортска обложувачница и бензинска пумпа во Скопје

Непознато маскирано и вооружено лице синоќа, околу 22 часот, ограбило спортска обложувачница на улицата Тале Христов во Скопје. Разбојникот со закана со пиштол одзел околу 200.000 денари, а од еден од присутните во обложувачницата одзел мобилен телефон, по што избегал. Неколку часа подоцна, ноќеска околу 2.20 часот, маскиран и вооружен разбојник ограбил бензиска пумпа меѓу населбата Ченто и селото Арачиново. Разбојникот заканувајќи...

Ограбена обложувалница во Чаир

Непознато лице вчера попладне ја ограбило спортската обложувалница „Бонкапо“ во Скопје, на улицата Џон Кенеди. Краадецот, заканувајќи се со огнено оружје, од еден од вработените одзел 36.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Ограбена обложувалница „Златна копачка“ во Скопје

Вчера, околу 21 часот, на улицата Тале Христов, во обложувалница „Златна Копачка“, две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол, со закана кон една вработена, одзеле засега неутврдена сума пари, по што го напуштиле местото на настанот. Увидна екипа од СВР-Скопје изврши увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Неправилности во обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и во Центар Жупа

Во заедничка координирана акција на Секторот за внатрешни работи Охрид и на Управата за јавни приходи (УЈП), кај пет обложувалници биле констатирани прекршоци на законот за игри на среќа и забавни игри. Контрола била извршена во 20 обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и во Центар Жупа. Една обложувалница во Центар Жупа и две обложувалници во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри...

Ограбена обложувалница во Чаир

Две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол, вчера околу 21.15 часот во Скопје, извршиле разбојништво во спортската обложувалница „Копачка“  на улица Џон Кенеди, при што одзеле околу 200.000 денари, а потоа побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ограбена обложувалница во Куманово

Вчеравечер, во 23 часот, во Куманово, две маскирани лица вооружени со пиштол ја ограбиле спортската обложувалница „Моцарт“ и украле 100.000 денари. „Две лица, маскирани со маски на главите, од кои едното вооружено со огнено оружје пиштол, извршиле разбојништво над вработената В.С. од Куманово. Откако влегле во обложувалницата, едно од лицата се доближило до уплатното место каде била вработената и со закана...

Од обложувалница украле повеќе од 5.000 евра

Вчера , околу 22.30 часот, во Скопје, на улицата Емил Зола, во обложувалницата „Спорт лајф“, две маскирани лица со закана со огнено оружје извршиле разбојништво над вработениот, при што одзеле 350.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Ограбена обложувалница во Куманово

Вчеравечер, околу 21.30 часот, непознато лице, вооружено со пиштол, ја ограбило обложувалницата „Плеј ин“ во Куманово, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојникот со пиштол им се заканил на вработената и на гостин во обложувалницата, а потоа го одзел дневниот промет од касата и мобилниот телефон на гостинот. Вкупната вредност на пленот што го однел разбојникот била проценета на околу 42.500 денари.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...