Времето претежно стабилно, вечерва и ноќеска со дожд


Скопје, 18 мај, 2018 - 9:00 (META) 

Во поголем дел од земјава времето денеска ќе биде стабилно и суво. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот, почнувајќи од западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат.

Утринската температура се движи во интервалот од 6 до 13 Целзиусови степени,  а дневната ќе изнесува меѓу 18 и 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 11 Целзиусови степени и дневна до 27 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе има ретка појава на грмежи. В недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.


Сончево претпладне, попладне пороен дожд и грмежи


Скопје, 4 мај, 2018 - 9:08 (META) 

Времето претпладне ќе биде сончево, а , а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.


Променливо облачно, со повремен дожд


Скопје, 3 мај, 2018 - 9:40 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. УВ индексот ќе изнесува 6.

Минималните температури се движат од 7 до 16 Целзиусови степени, а максималните ќе изнесуваат од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 13 до 26 Целзиусови степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поизразена нестабилност се очекува в сабота.


Времето денеска најтопло годинава


Скопје, 27 април, 2018 - 9:47 (META) 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движеше од 8 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 22 до 31 степен, што е највисоката температура прогнозирана годинава за Македонија. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе преовладува слично време, со температура од 11 до 28 Целзиусови степени.

Според УХМР, ќе продолжи периодот на топло време, во попладневните часови со умерен развој на нестабилна облачност и со локален краткотраен дожд и грмежи.


Сончево време со умерена облачност и можност за дожд


Скопје, 25 април, 2018 - 9:16 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура се движеше од 3 до 9 Целзиусови степени, а температурата во текот на денот на различни места ќе се движи меѓу 23 и 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 29 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.


Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи


Скопје, 20 април, 2018 - 8:33 (META) 

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Утринската температура се движи од 4 до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 18 и 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во следните три дена  времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната седмица.


Сончево и потопло време со температура до 20 степени


Скопје, 29 март, 2018 - 9:19 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност, поизразена на запад и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а максималната од 13 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со минусна утринска температура и дневна до 18 Целзиусови степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево. Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.


Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Скопје, 21 март, 2018 - 8:54 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне.

Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 , а дневната од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. На повеќе места се очекува да наврнат околу 20 литри на квадратен метар. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.


Времето денеска променливо облачно


Скопје, 20 март, 2018 - 9:22 (META) 

Времето денеска ќе биде промениливо облачно, со поголема облачност во планинските региони. Претпладнево на повисоките места на крајниот исток и запад на Македонија ќе има услови за краткотраен дожд. Во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе биде силен.

Температурите денеска ќе се движат од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен западен ветер. Температурата ќе се искачи најмногу до 14 Целзиусови степени.


Претпладне сончево, попладне со зголемена облачност и можен дожд на југоистокот


Скопје, 6 февруари, 2018 - 10:08 (META) 

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево, а во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. Во југоисточните делови од земјата ќе има повремено зголемена облачност со услови за појава на слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој најизразен ќе биде долж Повардарието.

Утринските температури се движат од минус три до четири Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од седум до 14 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а од средната на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 13 Целзиусови степени.