fbpx
Таг: обид за убиство

таг: обид за убиство

Кривична пријава за обид за убиство против пет лица од Скопје

Поднесена е кривична пријава за обид за убиство против пет лица во врска со инцидент што се случил во петокот вечерта на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Петмината во петокот околу 19 часот со остар и тврд предмет го нападнале 33-годишниот М.А. од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Од МВР велат дека...

Македонски државјанин застрелал жена од Србија па се самоубил на патарина кај Прешево

Педесетидвегодишен државјанин на Македонија, вчера во околу 21:00 часот во близина на патарина кај Прешево застрелал жена од Србија, а потоа се самоубил, пренесува Н1 Србија. Тешко-ранетата жена, државјанка на Србија, била пренесена во Здравствениот дом во Врање, а потоа била пренесена во Универзитетскиот медицински центар Ниш. Оттаму соопштено е дека таа во нивната установа пристигнала половина час по полноќ во...

Маж со нож ја избодел партнерката, ОЈО го гони за обид за убиство

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истражна постапка против едно лице за  кривичното дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, информираат од ОЈО. „На 15 ноември, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот неговата вонбрачна партнерка. По кратка вербална расправија, тој зел...

Избодел со нож двајца скопјани откако го предупредиле дека вози брзо на плочникот во ТЦ „Бисер“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство и Предизвикување општа опасност. Од обвинителството соопштуваат дека на 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар...

Обид за убиство во Велешта за долг од 2.000 евра, ОЈО отвори истрага

Основното јавно обвинителство од Струга отвори истраг против едно лице за кривично дело – убиство во обид, информираат во обвинителството. Како што е наведено во соопштението, заради тоа што постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител предлага мерка притвор.​​ „На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот...

Дедото на Тамара доби седум и пол години затвор

Љупчо Стојановски, дедото на Тамара Димовска од Велес, која почина во 2015 година чекајќи на операција на рбетот во странство, денеска во Кривичниот суд во Скопје доби седум и пол години затвор за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Стојановски пукаше во него непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на...

Над 80 години затвор за седуммината обвинети за обид за убиство на Села

На седумтемина обвинети за обид за убиството на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година, при крвавите насилства во Собранието, во Основен суд Скопје 1 денеска им беа изречени затворски казни од 10,5  години до 13,5 години затвор, односно вкупно 81,5 години затвор. Сите беа обвинети за убиство. Обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а истата казна ја ...

На 5 јули пресуда за обвинетите за обид за убиство на Села

На 5 јули во Кривичниот суд Скопје судечкиот совет ќе ја донесе пресудата за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Во завршните зборови на одбраната во попладневниот дел од рочиштето, адвокатите побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази...

Двајца обвинети признаа вина за нападот врз Села

Обвинетите Цејо Горгиевски и Стојан Павловски признаа вина во судската постапка за случајот насилство за нападот врз Зијадин Села што се случи за време на упадот во Собрание на 27 април минатата година. Обвинетиот Павловски пред судот рече дека признава вина и дека не можел да ги негира снимките и откако тие биле пуштени во судница, не може да каже...

Ново рочиште за нападот врз села Села по измената на обвинението

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков. Обвинителот Дарко Јакимовски, на минатото рочиште предложи измена на обвинителниот акт, според кое двајца од обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски се теретат...

Куќен притвор за Александар Јаневски – Тошта

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје судот ја замени мерката притвор за Aлександар Јаневски – Тошта кој е обвинет во случајот за обид за убиство на Зијадин Села. Во соопштението од Основното јавно обвинителство се вели дека мерката притвор се заменува со поблага мерка куќен притвор. „Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за...

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Сенков со месеци беше во притвор само поради политичка одмазда

Сашо Сенков ни крив ни должен со месеци беше во притвор само заради политичка одмазда на СДСМ кон сите кои мислат поинаку, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинетиот за убиство на пратеникот Зијадин Села откако вчера Обвинителството го повлече обвинението против него. Од опозициската партија додаваат дека на Сашо Сенков му биле погазени сите права и без никаква основа...

Обвинетиот за обидот за убиство на Села – Тошта му се слоши во судница

Обвинетиот Александар Јаневски Тошта се струполи на подот од судницата во Основниот суд Скопје 1 на рочиштето за случајот за обидот за убиство на Зијадин Села. Откако обвинителот го повлече обвинението за еден обвинет, а за двајца направи преквалификација на делото од убиство во насилство, го прочита изменетото обвинението во кое останатите седум обвинети се товарат за обид за убиство,...

Сашо Сенков, обвинет за обид за убиство врз Зијадин Села, од денеска е слободен граѓанин

Обвинителството го повлече обвинението за еден од обвинетите за нападот на пратеникот Зијадин Села, за време на нередите во Собранието од 27-ми април, минатата година. Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, одлуката е донесена по анализа на нова снимка и сите досега изведени докази. Притоа утврдено е дека Сашо Сенков не го сторил делото кое му се...

Продолжува судењето за нападот врз Села

Во Основен суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири. На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани...

Навремената лекарска помош го спасила Села од смрт, судењето продолжува на 19 март

Навремената медицинска помош го спасила лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села од смрт на 27 април, минатата година кога беше нападнат во Собранието, рече доктор Здравко Чакар, кој заедно со уште двајца колеги од Институтот за судска медицина сведочеше на денешното рочиште од судскиот процес против десетмината обвинети за обид за убиство на Села. Покрај нагмечување на...

Села: Од Собранието ме извлекоа маскиран како полицаец

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села на 27 април во прес-центарот во Собранието добил неколку удари во главата со монитор, со копје од знаме и со даска, слушајќи закани дека ќе биде убиен. Села денеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје на судењето во кое десет лица се обвинети за обид за убиство врз него. Од ударите Села...

Рочиштето за Села ќе продолжи на 19 февруари, сведокот ја смени изјавата од истрагата

Денешното судско рочиште на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и обидот за негово убиство во Собранието на 27 април, траеше седум часа, а беа испрашани само двајца сведоци. Адвокатот на Села рече дека лидерот на Алијансата за Албанците нема да дојде и да сведочи поради партиски обврски, но и затоа што расправата се оддолжи со распитот на...

Обвинителството смета дека Села не бил убиен затоа што напаѓачите мислеле дека е мртов

Дарко Јакимовски, јавниот обвинител кој го води случајот за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април минатата година, рече дека единствената причина поради која Села не е убиен е тоа што сите мислеле дека е мртов. - Доказите ќе покажат дека во моментите кога нападот и тепањето го достигнале екстремот, единствена околност за...

Судењето за дедото на Тамара одложено за 14 февруари

Денешното рочиште за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, кој се обиде да го убие поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, е одложено бидејќи Апелацискиот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на Стојановски. Судот до наредното рочиште, кое ќе се одржи на 14 февруари, од Министерството за правда треба да добие документ кој...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...