fbpx
Таг: обештетување

таг: обештетување

Рекорд во 2021: Фирма добила обештетување од 308.000 евра за осигуран имот

Фирма наплатила вкупно 308.000 евра обештетување за осигурен имот. Оваа сума од осигурување исплатена во третата четвртина на годинава е апсолутен рекордер во однос на исплатените суми од осигурителните компании во земјава од јануари до почетокот на октомври, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) „Ова е највисока поединечна исплатена штета во сите 18 класи на неживотно осигурување за првите...

За обесштетување на штедачите од Еуростандард банка исплатени 47,8 милиони евра

Фондот за осигурување на депозити денеска информира дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје, во стечај, кои се со право на обесштетување, исплатата се одвива навремено и без поголеми пречки во однос кон депонентите. „До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари, (47,8 милиони евра) што претставува близу 72 отсто...

Депозитите и парите на сметките во Еуростандард банка не мора да се пријавуваат

Душко Тодевски, стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје денеска информираше дека физичките и правните лица што имале депозити или пари на трансакциски сметки во Еуростандард банка до денот на прогласување во стечај, не треба посебно да ги пријавуваат кај стечајниот управник. Нивните побарувања кон банката во стечај се сметаат за поднесени. „Согласно Законот за банките, побарувањата по основ на...

За 20 дена ќе почне обештетувањето на штедачите од Еуростандард банка, со депозити до 30.000 евра

Физичките и правните лица треба да бидат спокојни затоа што за 20 дена ќе почне процедурата за нивно обештетување, односно ќе им бидат исплатени осигурените депозити што ги имале во Еуростандард банката, која од денеска, по одлука на НБРМ, престанува со работа и оди во стечај. Тоа го гарантираат Народната банка на Северна Македонија, Фондот за осигурување на депозити,...

Се подготвува нов закон за обесштетување на стечајците

Со нов закон ќе се обесштетуваат стечајците кои не биле опфатени со досегашните закони. Министерството за труд и социјална политика денеска на Единствениот национален електорнски регистар на прописи објави известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. „Со новиот закон се овозможува материјално...

Николовски: Не преземаме долгови, директно ќе ги обештетуваме лозарите

Државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи (УЈП), тие пари ќе бидат вратени во Буџетот, посочи денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање. - Во следните три години, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, сите исплати кои што ќе ги...

Царовска: Започна уплатата за првите 4.926 оштетени пензиски осигуреници

Започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб. Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот, соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните...

Анѓушев: Заинтересирани инвеститори за „Фени“ нудат 30 милиони евра

Ако првото барање за продажба на „Фени индустри“ беше за сума од околу 15 милиони евра, сега веќе имаме заинтересирани кои нудат и триесетина милиони евра, рече вицепремиeрот Кочо Анѓушев во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на Панчо Минов, за тоа што Владата прави за спас на „Фени“. Објаснувајќи како би се исплатила плата на вработените, Анѓушев рече дека вработените треба...

За семејствата на осудените во „Диво насеље“, косовската влада ќе даде по 10.000 евра

Владата на Косово денеска додели вкупно 219.000 евра за семејствата на осудените за случајот „Диво насеље“ и на загинатите во инцидентот на 9 и 10 мај мај 2015 година, јави „Порталб“. Мерката ја објави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај. - Доделени се 219.000 евра за покривање на трошоците на семејствата на осудените и на загинатите во кумановскиот случај - рече Харадинај,...

Одблокиран процесот на обесштетување на земјоделците за непогодите во 2016 година

Владата на Република Македонија денеска го усвоила Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека тоа значи дека е одблокиран процесот за исплата на обесштетувањата на земјоделците кои во 2016 година претрпеа штети во земјоделското производство од пролетниот мраз, град...

Конгресот одобри 15 милијарди долари за штетите од ураганот Харви

Претставничкиот дом на САД, а потоа и горниот дом - Сенатот, вчера усвоија закон за доделување 15 милијарди долари за помош на настраданите и за обновување на оштетените објекти од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“.

Ќе се тргне тајноста од договорите со странските инвеститори

На вчерашната 16. седница, Владата усвоила барање за декласификација, односно симнување на тајноста, на сите договори склучени како државна тајна помеѓу поранешната влада и странските инвеститори во економските зони. Сите податоци по декласификацијата, ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, порача Владата. Истовремено, на седницата е усвоена информација за пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град и причинети...

Царовска на нова рунда разговори со стечајците од Куманово

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржала средба во Куманово со стечајните работници, на која се дискутирало за решенијата за нивниот статус. Тие би требало да станат дел од pредлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат како Закон за стечајци. Како...

Покрај Чавков и Атанасовски, Владата разреши и други директори

На седницата вчеравечер, покрај донесувањето одлука до Собранието да се достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и за избор на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владата направи уште неколку смени на директори и на управни одбори и донесе мерки за одредени ситуации. Владата на вчерашната седница постави нови...

СДСМ ветува фонд од 6 милиони евра за помош на земјоделците од временски непогоди

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ветува дека во првите шест месеци од мандатот на новата влада ќе формира интервентен фонд од 6 милиони евра за помош на земјоделците при временски непогоди. Овие средства велат оттаму, ќе се користата кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена. „Во овој фонд се планирани средства и за обештетување на...

Владата целосно ќе ги обесштети граѓаните од поплавените подрачја

Владата денеска донела одлука 100 отсто да ги обесштети граѓаните чии домови беа уништени во поплавите што се случија во август, соопшти портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев. - Процесот на исплата ќе се одвива во четири транши, а во првата се опфатени 947 премети за кои се одвоени 118 милиони денари. Според апроксимативната вкупна бројка на предмети, ова значи дека со првата...

Земјоделците од Тетовско поднесуваат документи за обесштетување

Од денеска па сè до 26 август, во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Тетово, земјоделците од Тетовско имаат можност да ги пријават штетите направени во големото невреме. За да се обесштетат земјоделците, при пријавувањето потребно е да приложат копија од лична карта или пасош, број на трансакциска сметка, катастарска општина и број на оштетената катастарска...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...