fbpx
Таг: ОбединетиНации

таг: ОбединетиНации

Јане Велковски, 11 годишен застапник за деца со попреченост ќе зборува во Обединетите нации во Њујорк

“Навистина сум многу возбуден затоа што ова е огромен настан. Но истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека...

Путин повикува на формирање глобална коалиција против корупцијата

Сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата, оцени рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тоа е еден од најголемите глобални проблеми. „Корупцијата ги дестабилизира националните економии, ги крши човековите права, ги поткопува принципите на правосудството, предизвикува тензии во општеството“, рече Путин, во поздравната порака до учесниците на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која ја прочита Сергеј...

Нимиц: Крајно време е да се најде решение за спорот за името

Посредникот Метју Нимиц бара Македонија и Грција да ја прекинат паузата во преговорите за спорот за името и повторно да го стават решавањето на ова прашање високо на политичката агенда. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, ги отвора картите за 20-годишните преговори, апелира за конечно решавање на името...

ОН: Повеќе од 700.000 бегалци стигнале до брегот на Европа

Повеќе од 700.000 бегалци и мигранти годинава стигнале на европскиот брег на Средоземно Море, соопшти агенцијата на ОН за бегалци. Во соопштението се наведува дека 562.355 луѓе дошле до брегот на Грција, бегајќи од војна и од сиромаштија. Околу 140.000 лица, пак, годинава стигнале во Италија. Вкупно 3.210 лица починале или исчезнале за време на опасниот пат кон Европа.

Путин: Да се зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот

Русија смета дека е неопходно да е зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот, наведе денеска рускиот претседател, Владимир Путин. - Сметаме дека е неопходно да се продолжи со зајакнување на централната и координативната улога на Обединетите нации во светските проблеми и, пред сè, во борбата против тероризмот како главна глобална закана и во обезбедување одржлив развој и...

Иран прозван поради тестирањето проектили

САД, Велика Британија, Франција и Германија синоќа го повикаа одборот за санкции на Советот за безбедност на ОН да преземе мерки против Техеран, за кој сметаат дека со неодамнешните тестирања на проектили ја прекршил забраната на ОН. Во писмото покрај податоците за лансирањето, се наведува дека балистички проектили се способни да испорачаат нуклеарно оружје. „Веруваме дека овие податоци ќе му помогнат...

Отворено писмо на Игор Јанев со поддршка за ФРОДЕМ

Игор Јанев, правен експерт од македонско потекло, член на неколку престижни меѓународни здруженија за меѓународно право и за меѓународни односи, преку отворено писмо до јавноста се огласи со подршка на Фронтот на демократска Македонија (ФРОДЕМ). - Подготвен сум и лично да придонесам како член на ова организација во остварувањето на нејзините цели, во ситуација на неразбирање и на непознавање на...

Палестинското знаме првпат во ОН

Знамето на Палестинците денеска првпат во историјата ќе биде подигнато во Обединетите нации. Според палестинскиот претседател Махмуд Абас, ова е знак на надеж, особено во период кога меѓу Палестинците се зголемува очајот поради тоа што сè уште немаат оформено независна држава. Според најавите, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и Махмуд Абас ќе претседаваат со 15-минутната церемонија, откако палестинскиот претседател ќе...

Ахим Штајнер се кандидира за висок комесар за бегалци на ОН

Извршниот директор на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), Ахим Штајнер, денеска потврди дека се кандидирал за функцијата висок комесар за бегалци на ОН, јави ДПА. – Можам да потврдам дека до генералниот секратар на ОН ја поднесов мојата кандидатура за функцијата висок комесар за бегалци на ОН - изјави Штајнер. Кандидатура е поддржана од Германија. Новиот висок комесар за бегалци...

Светските лидери на Генералното заседание на ОН

Околу 160 светски лидери денеска ќе присуствуваат на 70. заседание на Генералното собрание на ОН, на кое поради јубилејот присуствуваат голем број претседатели, кралеви и премиери. Свое обраќање ќе имаат претседателите на САД, Барак Обама, на Русија, Владимир Путин, на Кина, Кси Ѓинпинг, на Иран, Хосни Рохани, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, како и македонскиот премиер Никола Груевски. Генералната...

Претставен конечниот мировен план за Либија

Претставникот на Обединетите нации за Либија, Бернардино Леон, го претстави конечниот нацрт-договор за помирување меѓу завојуваните страни и повика тие да го прифатат. - Ја завршивме нашата работа – изјави доцна синоќа Леон, по состанокот во Мароко, додавајќи дека „сега на страните, учесници во овој дијалог, им останува да реагираат на овој текст“. Разговорите за нацрт-договорот и за тоа како треба...

Германија очекува околу 750.000 азиланти

Бројката на бегалци кои бараат азил во Германија оваа година може да изнесува околу 750.000 луѓе, покажуваат извештаите од официјалните проекции, пренесува „Би-Би-Си“. Иако, прогнозите на властите во Берлин предходно беа дека оваа бројка ќе биде некаде околу 450.000 барања за азил, сепак, според последните извештаи, таа изнесува над 650.000, од кои најголем дел се од Сирија и Балканските земји. Високиот...

ОН: Жестока осуда за нападот на цивили во Сирија

Потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош, Стивен О’Брајан, жестоко го осуди нападот на цивили во Сирија. - Ужаснат сум од целосното непочитување на животот на цивилите во овој конфлит. Нападите врз цивили мора да престанат – рече О’Брајан на конференцијата за новинари во Дамаск. Бројот на жртвите во серијата воздушни напади на сириските сили во...

ОН: Македонските власти да ги известат сите прислушувани

Комитетот за човекови права на Обединетите нации во својот последен извештај за состојбата со човековите права во Македонија, објавен вчера, бара од властите во земјава да ги известат сите граѓани што биле цел на нелегалното прислушување, за да можат да ги искористат правните механизми заради нарушеното право на слобода на изразување и на приватност. „Државата треба да ги преземе сите...

Русија стави вето на резолуцијата за Сребреница

Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, во која масакрот во Сребреница, за време на војната во Босна и Херцеговина, е окарактеризиран како геноцид, јавува „Би-Би-Си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, четворица членови на Советот гласале воздражано, а другите гласале за резолуцијата. Документот за кој денеска расправаше Советот за безбедност на ОН беше предлог на...

СЗО предупредува дека мора да ги затвори болниците во Ирак

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека можеби ќе мора да затвори дел од својата мрежа на 77 болници, во кои им се пружа помош на луѓето што бегаат од своите домови поради нападите на милитантната група Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми. На почетокот на јуни, Обединетите нации (ОН) предупредија дека ќе бидат принудени да редуцираат половина од своите хуманитарни операции, за...

ОН: Џихадистите продаваат жени за кутија цигри

Борците на Исламската држава во Ирак и во Сирија продаваат киднапирани тинејџерки на пазарот за бели робје понекогаш и за кутија цигари, изјави специјалната претставничка на Обединетите нации за прашањето за сексуалното насилство, Заинаб Бангура. Таа во април ги посетила Ирак и Сирија и оттогаш работи на акциски план за решавање на проблемот со сексуланото насилство, кое го прават џихадистите на...

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи вонредна седница по новите судири во Украина, каде се нарушува примирјето кое е на сила веќе четири месеци. Седницата ја побара Литванија откако украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека повеќе од 9.000 руски војници се распоредени на истокот на Украина. Официјален Киев предупреди дека постои закана да се обноват нападите на сепаратистите,...

Заев се сретна со генералниот секретар ОН за човекови права

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателката на комисијата за правда, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со помошникот на генералниот секретар ОН, задолжен за човекови права, Иван Шимоновиќ, придружуван од директорката задолжена за Европа, во одделот на Обединетите нации за политички прашања, Елизабет Спехар, како и од претставници од Високиот комесаријат за човекови прашања во Женева. На средбата, како...

ОН: Од Рамади побегнале 25.000 лица

Околу 25.000 лица побегнале од ирачкиот град Рамади откако го нападнаа милитантите на Исламска држава, а повеќето тргнале кон главниот град Багдад, соопштија од Обединетите нации. Средствата за помош на луѓето што избегале од Рамади исчезнуваат, а резерви речиси и да нема, наведе канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош во Ирак. Претходно, портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, изјави дека падот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...