fbpx
Таг: Обединети нации

таг: Обединети нации

Телекомуникациските врски во Газа се обновуваат, Израел го засилува копнениот напад

Телефонските линии и интернет конекциите полека се враќаат во Појасот Газа по повеќе од еден ден речиси целосен прекин на комуникациите. Поврзаноста беше прекината откако Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници, пренесе Би-би-си. Дека фиксните, мобилните и интернет услугите во Газа постепено се обновуваат објави и Палестинската...

Израел бомбардира телекомуникациски мрежи во Газа, нема интернет и можности за комуникација

Најголемиот телекомуникациски сервис во Газа, Палтел, вчера соопшти дека поради бомбардирањето на Израел на клучни точки на нивната мрежа се прекинати сите конекции со надворешниот свет, известува Гардијан. Дописникот на Би-би-си во Газа, со многу тешкотии, искомуницирал со Лондон и потврдил дека навистина нема интернет и дека Палестинците не можат да комуницираат меѓусебно преку телекомуникациските мрежи. Поради сето ова, тешко се...

Обединетите нации не ја декриминализираат педофилијата

Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил дека ОН не бараат декриминализација на сексот со деца, ниту пак, повикуваат на укинување на возраста за согласност. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, сметаат дека сексуалната...

Израел ги интензивираше нападите, комуникациите со Газа целосно отсечени

Израел вечерва ги интензивираше нападите врз Газа, додека светските медиуми и меѓународните организации објавуваат дека не можат да стапат во врска со нивните вработени на терен и дека комуникациите со Газа се целосно отсечени, пишува Би-би-си. Би-би-си, меѓународната хуманитарна организација Екшн Ејд и палестинскиот Црвен крст вечерва потврдија дека изгубиле контакт со нивниот персонал, додека Палестинската телекомуникациска компанија потврди...

Доктор во Газа: Пеколот изгледа како чајанка во споредба со состојбата овде

На петнаесеттиот ден без струја во Газа, болниците примаат само итни случаи поради немањето доволно гориво за генератори, а Обединетите нации предупредуваат дека до крајот на денот ќе снема гориво.  Агенцијата на Обединетите нации задолжена за помагање на Палестинците предупредува дека ќе биде принудена да престане со својата хуманитарна помош утре ако Израелските одбранбени сили не дозволат да се внесе...

Над 700 убиени луѓе во Газа за еден ден

Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа. Седумстотини од жртвите биле убиени во последните 24 часа, известува Асошиејтед прес. Забележан е и воздушен напад на камп за бегалци во Газа. Околу 1.500 луѓе се пријавени како исчезнати - се претпоставува дека најголем дел од нив се заглавени или...

Денот на ОН одбележан со дијалог за дезинформации, дискриминација и лажни вести

Дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза беа дел од темите на Годишната конференција на Обединетите нации која денеска се одржа во Скопје под името „Слобода, еднаквост и правда за сите“. Конференцијата има за цел да промовира дијалог за да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од...

Светскиот ден на храната годинава посветен на водата: Не смееме да ја земаме здраво за готово

Светскиот ден на храната, 16 октомври, оваа година го слави еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата. Таа е од суштинско значење за животот на Земјата, го покрива поголемиот дел од површината на нашата планета, сочинува над 50 проценти од нашите тела, ни помага да се храниме, овозможува егзистенција, рече Кју Донгју, Генерален директор на Организацијата за храна и...

Катастрофален земјотрес во Авганистан, има повеќе од 2.000 загинати

Талибанската влада извести дека како последица на силниот земјотрес кој во саботата го погоди Авганистан има над 2.000 загинати и над 9.000 повредени лица, а уништени се повеќе од 1.300 домови, известуваат од Ројтерс. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала бил 35 километри северозападно од Херат, третиот најголем град во Авганистан. Следеле афтершокови, чија непредвидливост...

Обединетите Нации бараат да се ограничи употребата на технологијата во училиштата

Во новиот извештај на Обединетите Нации, се препорачува да се забранат паметните телефони во училиштата, за да се подобри учењето и да се заштитат децата од сајбер малтретирање, пренесува Гардиен. УНЕСКО, агенцијата за образование, наука и култура на ОН, тврди дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното здравје. Барањето за забрана на паметни...

Пендаровски се сретна со Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на земјава. Од кабинетот информираат дека известувачката е фокусирана на активностите кои ги презема Северна Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на...

Обединетите нации ја обвинија Русија дека спречува пристап до поплавените подрачја во Украина

Обединетите нации (ОН) ја обвинија Русија дека одбива да дозволи испорака на помош во окупираните области на Украина, кои се погодени од поплавите како резултат на рушењето на браната Каховка, пишува Гардијан. Досега се пријавени 52 загинати лица како резултат на рушењето на браната на реката Днипро, а од украинска и руска страна досега се евакуирани 11.000 лица. „Владата на...

Шукова: Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден

Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден. Екстремните временски настани, исчезнувањето на видовите, уништувањето на шумите и исцрпувањето на виталните ресурси се само дел од алармантните знаци на еколошка нерамнотежа што мора итно да се реши. Ова го изјави денеска министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, на настанот организиран во рамки на посетата на...

Индија годинава ќе ја надмине Кина како земја со најбројно население

Индија е на пат да ја престигне Кина и да стане најнаселена земја во светот кон средината на оваа година, покажуваат податоци објавени од Обединетите нации (ОН). Според извештајот, се очекува населението на Индија да достигне 1,4286 милијарди – или за 2,9 милиони повеќе од нејзиниот сосед – Кина со 1,4257 милијарди жители. Повеќе од 70 години наназад, азиските нации сочинуваат...

Триесет години јубилеј од приемот во Обединетите Нации

Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од приемот во Организацијата на Обединетите нации. На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година. Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен...

Во МНР изложба за одбележување на 30 години членство на Македонија во ОН

Во Министерството за надворешни работи денеска се отвори изложба, по повод 30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации, која годинава ќе се одбележи на 8 април. Настанот беше во коорганизација со Државниот архив на Република Северна Македонија, во соработка со Националниот Координатор на ОН во Скопје. Заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки ја истакна важноста...

Шеќерна болест: Вкупно 130.000 заболени, 4.000 нови случаи за само една година

Во Република Северна Македонија, околу 130.000 лица имаат дијабетес, а бројката постојано е во пораст, информира за Мета.мк д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија, кој е и претседател на Националната комисија за дијабетес. Тој вели дека во споредба со лани, на ниво на држава бројот е зголемен за 4.000 нови пациенти, што според него, е загрижувачки податок. На годинешното...

Речиси илјада новинари се убиени и уште толку затворени во изминатата декада

„Во изминатите 10 години 958 новинари се убиени, над 1.000 биле затворени, а 64 се уште се водат како исчезнати. Секој ден, новинарите се тепани, изведувани на суд, затворани зад решетки или се соочуваат со опасности за своите семејства, едноставно затоа што ја вршат својата работа. Овие податоци се неприфатливи“, рече Волкер Турк, висок комесар за човекови права на...

Инспекторите на ОН повикуваат на безбедносна зона околу нуклеарната централа

Гранатирањето на нуклеарна централа во Украина „сериозно ги загрижи“ меѓународните набљудувачи кои сметаат дека треба веднаш да се воспостави безбедносна заштитна зона, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на Обединетите нации, објавен по посетата на инспекторите на окупираниот објект во Запорожје, пренесе Њујорк тајмс. Но, експертите од МААЕ рекоа дека борбите не предизвикале вонредна нуклеарна...

Украина ја напуштиле 10 милиони лица од почетокот на руската инвазија, борбите продолжуваат

Надмината е бројката од 10 милиони лица коишто ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари годинава, информираат Обединетите нации, пренесува Гардијан. Најголемиот дел од овие лица се бегалци коишто пронајдоа засолниште во некоја од европските земји, првенствено во Полска. Во меѓувреме, на терен продолжуваат борбите во кои страдаат цивили. Украинската воена команда денеска информираше...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...