fbpx
Таг: Обединета македонска дијаспора

таг: Обединета македонска дијаспора

Иванов: Нема да излезам да гласам на референдумот на 30 септември

Претседателот Ѓорге Иванов нема да гласа на референдумот за промена на името. Тој пред Обединетата Македонска Дијаспора во Детроит рече дека пред 27 години гласал за независна држава со достоинство и дека нема да отстапи од ветувањето кое го дал пред граѓаните. – Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година....

Грчките медиуми ја обвинија турската новинска агенција за пропаганда

Напис објавен од турската новинска агенција „Анадолија“ ги зовре денеска грчките медиуми, кои обвинуваат за „скопска невладина пропаганда за геноцид врз Македонците во Грција пласирана од турската агенција“. „Анадолија“ денеска објави текст „Македонските невладини организации ја обвинуваат Грција за геноцид" потпишан од Бајрам Алтуг од Женева, Швајцарија, во кој пишува дека група макeдонски невладини организации, во знак на протест против...

ОМД: Македонските власти да ги прекинат преговорите за името

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поддржува кампањата „Нашето име е Македонија“ на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и се придружува кон барањето македонските власти да ги прекинат сите преговори и разговори за промена на името. ОМД, како што соопштија од таму, ги повикува Обединетите нации, Европската унија, Северноатлантската алијанса и оние држави кои се уште тоа не го...

ОМД: Заев вети дека во 2019 година ќе има попис во Македонија

Премиерот Зоран Заев на средбата со Обединетата македонска дијаспора (ОМД) рекол дека во 2019 година ќе биде спроведен попис на населението во Македонија, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации. На средбата претседателот на ОМД, Методија Колоски, стои во соопштението, побарал...

ОМД: Договорот со Бугарија негативно би се одразил врз македонските национални интереси

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) содржината на договорот со Бугарија ја опиша како нецелосна, нејасна и контрадикторна и смета дека со потпишувањето, како и со евентуална ратификација во Собранието, негативно би се одразил врз македонските национални интереси, но и на унапредување на долгорочните односи помеѓу Македонија и Бугарија. „Наместо да се договара зад затворени врати, договорот требаше да биде објавен многу...

ОМД: Писмено барање од 32 конгресмени за Тилерсон да ја посети Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), глобална организација на Mакедонците во дијаспората, изрази благодарност кон Конгресната група на пријатели на Македонија и на македонската дијаспора во САД за испратеното писмо до државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, да ја посети Македонија, што би го зајакнало стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија. Посетата на државниот секретар Тилерсон би била прва негова посета на...

ОМД: Мора да се заштитат името и идентитетот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) порача дека континуирано ги поддржува напорите на Република Македонија за влез во ЕУ и во НАТО, но не по цена на промена на името. Проблемот за спорот оваа организација на иселениците го гледа во Грција. „Со децении, Грција е главната пречка во барањата на Македонија за поголема регионална стабилност и безбедност. Низ годините, Македонија докажа дека...

ОМД го поздрави формирањето на новата влада и побара одговорно владеење

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи вчера во Македонија и на новата влада ѝ посака многу успех во извршувањето на должностите. „Следејќи ја 13-годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт за афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна...

ОМД сугерира во новата влада да има и министерство за дијаспора

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), една од најголемите и најактивните организации на македонската емиграција, му сугерираше на мандатарот за составување на новата влада да формира министерство за дијаспора, како начин да се продлабочат врските меѓу иселениците и Македонија. Ова не е првпат ОМД да бара министерство за дијаспора, тоа го повторува безмалку секоја година во последниве четири-пет години, но сега тоа барање...

ОМД ги повика пратениците да ја продолжат конститутивната седница на Собранието

Обединета македонска дијаспора (ОМД) ги повика македонските граѓани на разум и на одговорност, а пратениците да ја продолжат конститутивната седница во Собранието и таму да се дискутираат програмите за влада. „Нетранспарентните, тајните, многупати и со посредство на странски фактори изнудени политички решенија, само ѝ наштетија на младата македонска држава. Секое решение кое не е базирано на народното јавно мислење и на...

Почина Мајк Илич, еден од најголемите донатори на ОМД

Вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот и еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обединета македонска дијаспора (ОМД). Веста ја соопштија локалните медиуми од Детроит, каде тој важеше за исклучително почитуван и влијателен граѓанин. Мајк Илич (односно Мајк Илиевски, по татково презиме), е роден во САД, а по потекло е од Македонија....

ОМД бара конгресменот Рорабакер да биде отповикан поради изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повика претседателот на Конгресот на САД, Пол Рајан, и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти, итно да го отповикаат конгресменот Дана Рорабакер (републикански претставник од Калифорнија) од функцијата претседател на Подкомитетот за европски работи, поради неговата изјава во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Од ОМД велат дека Рорабакер „уште еднаш се посрамоти сам...

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава со евроинтеграциски аспирации. Дачиќ треба...

ОМД: Групата на пријатели на Македонија доби тројца нови конгресмени

Обединетата македонска дијаспора соопшти дека тројца конгресмени ѝ се приклучиле на конгресната група на пријатели на Македонија и на Македонците во САД. Станува збор за конгресменот Алекс Муни, републиканец од Западна Вирџинија, конгресменот Ренди Вебер, републиканец од Тексас, и за конгресменот Тед Лу, демократ од Калифорнија. Групата на пријатели на Македонија сега брои 27 членови кои доаѓаат од петнаесет различни американски...

ОМД: Македонија да се обедини против корупцијата, непотизмот и анархијата

Обединтетата македонска дијаспора (ОМД) строго се спротиставува на создавањето на засебни и полуавтономни федерални тела во Република Македонија засновани на јазик, етничка припадност, религија или слично. „Оние кои ја застапуваат федерализацијата, не стојат на страната на најважните интереси на Македонија. Вакви движења единствено водат кон дестабилизација на државата. Нова политичка организација не е решение за фундаменталните прашања со кои Македонија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...