fbpx
Таг: обдукција

таг: обдукција

Притвореник починал на пат кон болница

На Р.А. (1951) од Струмица, притвореник во истражниот затвор „Скопје“, вчера му се слошило по што од страна на доктор од затворот му била укажана прва помош. Потоа било повикано возило на итна медицинска помош и бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но по пат починал. Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде...

26-годишен кочанец пронајден мртов со траги од насилство

Дваесет и шестгодишно момче утринава било пронајдено мртво во подрумот од зградата во која живеело во Кочани, а на телото имало видливи траги од насилство, соопшти Јавното обвинителство. „Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР. Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на...

Обвинителството го истражува вчерашното убиство во Велес

Основното јавно обвинителство Велес го истражува убиство што вчера околу 14 часот се случило во местото Којник, кај Велес, кога вооружен маж дошол во куќата на сега починатото лице и веднаш почнал да пука во него. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, жртвата, во обид да му избега на сторителот, излегла од куќата и дошла до улицата, каде осомничениот уште...

Возач загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа околу 21.15 часот се случи на магистралниот пат Охрид - Струга, во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Станува збор за Благоја Р. (37) од струшкото село Мороишта, кој веднаш по несреќата со возило на итна помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сообраќајната незгода...

Димовски бара да не се политизира смртта на младата трудница од Штип

Ни збор од институциите, во исчекување на официјални резултати од обдукцијата врз телото на 26 -годишната трудница Билјана Коларова – Ничева, која почина минатата недела на Гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Штип. Нема реакција ниту од штипското Основно јавно обвинителство , освен дека го очекуваат извештајот од обдукцијата. - До нас се уште нема пристигнато...

40-годишен скопјанец загина во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Четириесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај селото Колари, соопшти денеска Јавното обвинителство. Несреќата се случила кога во С.А. удрило комби со скопски регистарски таблички, што го управувал 52-годишен жител на Скопје. „Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувало од...

Заврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, ќе се утврдува идентитетот

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, јави „Телма“. Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот. Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје и со помош на ДНК-анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите. Во истрагата за падот на авионот, освен...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против девојка која извршила чедоморство

Mедицинска сестра од гинеколошко одделение при Општа болница Куманово пријавила во СВР Куманово дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од с.Матејче, Општина Липково. Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа. А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно бременоста и...

Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Скопје дека има човечки жртви од невремето. Според Јавното...

Пронајдено тело на 12-годишно дете, а се трага по исчезнато 16-месечно девојче

Расте бројот на загинати лица во големото невреме што во саботата доцна вечерта го погоди Скопје и околината. Вчеравечер, како што информираат од МВР за „Мета“, во населбата Ченто било пронајдено телото на 12-годишно момче, кое настрадало додека со неговиот дедо се движеле со трактор по обиколницата. Од МВР велат дека се трага и по 16-месечно девојче, кое вчера...

Без обдукција на загинатите во поплавата прекршени се меѓународните протоколи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на поплавените подрачја пронашле и идентификувале 21 починато лице. Но за ниедно од овие лица не е направена обдукција ниту пак се знае како била извршена идентификацијата на телата, со што се прекршени меѓународните протоколи за масовни несреќи. „По извршениот претрес на терен, а по претходно договорена динамика за работење, од страна на екипите...

Наредена обдукција на починатото момче од сообраќајката кај Рампа

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издал наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на 22-годишниот мотоциклист С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи во средата во Кисела Вода кај Рампа. Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа...

Пронајдено тело на уште едно починато лице на падините на Бистра

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во моментов врши увид на локација на падините на планината Бистра, во близина на селото Гари, каде што попладнево било пронајдено уште едно мртво тело, соопштија од Јавното обвинителство. „Надлежниот обвинител веднаш издаде наредба за обдукција на пронајденото тело, која ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во...

Машки труп пронајден во Дебарско, најверојатно на таткото или синот исчезнати на Бистра

Основното јавно обвинителство Гостивар издало наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, кој бил пронајден кај местото Кош, на непристапен терен меѓу селата Лазарополе и Гари, соопшти денеска Јавното обвинителство. Обдукцијата ќе се врши во Инситутот за судка медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, а првичните сознанија упатуваат на тоа дека починатото лице е еден од двајцата изчезнати - татко и син,...

Кичевец најден мртов со прострелна рана во главата

Синоќа, околу 20.15 часот, полициски службеници до паркирано возило на магистралниот пат Гостивар - Кичево, го нашле починат 63-годишниот М.З. од кичевското село Трпчин Дол. Како што информираат од полицијата, кичевецот имал прострелна рана на главата, нанесена од огнено оружје, а покрај неговот тело бил пронајден и пиштол. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево....

Двајца загинати во сообраќајка на булеварот Партизански одреди во Карпош

Две лица ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што утринава, околу 3.30 часот, се случила на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош. Несреќата се случила кога такси-возило, марка „мерцедес“, од засега непознати причини, излетало од коловозот, а потоа првин удрило во жардињера, па во дрворедот на булеварот. Во несреќата на самото место починале возачот на такси-возилото, 35-годишниот А.В., и 37-годишната С.К....

Скопјанка пронајдена мртва со убодна рана од нож во градите

Шеесет и деветгодишен скопјанец вчера околу 12.45 часот пријавил дека ја нашол својата сопруга 46-годишната П.Ш. почината, со убодна рана од нож во градниот кош, во нивниот дом, на улицата „Саса“, информираат од МВР. Според МВР, сопругот Д.Ш. во разговор со полициските службеници изјавил дека истиот ден, околу 11.40 часот, кога се вратил од пазар ја пронашол жената во ходникот,...

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната ограда од десната страна на...

Хрватски државјанин пронајден мртов во автомобил со скопски регистарски ознаки

Вчера околу 18.30 часот од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во Скопје на улица Орце Николов во автомобил „шкода“ со скопски регистерски ознаки бил пронајден починат хрватскиот државјанин Тихомир Ч.(49). По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Патничка загина во директен судир на две возила кај Росоман

Едно лице го загубило животот, а две биле повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 12.30 часот се случила во близина на Росоман, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму до несреќата дошло при директен судир на автомобил „форд фиеста“ и возило марка „мерцедес“. „Патничко моторно возило 'форд фиеста' со скопски регистарски таблички, движејќи се на патот, кај...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...