fbpx
Таг: НуклеарнаПрограма

таг: НуклеарнаПрограма

Сенатот го одбри договорот за нуклеарната програма на Иран

Американскиот претседател Барак Обама го оцени како историски чекор исходот од гласањето на Сенатот за договорот за иранската нуклеарна програма. Во Сенатот, кој има 100 члена, против одлуката за одбивање на спогодбата за иранската нуклеарна програма гласаа 40 демократи и двајца независни сенатори, што е за еден глас повеќе од најмалиот број гласови потребни за спречување на усвојувањето на предлогот. -...

Иран очекува укинување на сите санкции

Иранскиот врховен духовен водач Али Хаменеи денеска изјави дека светските сили со договорот за нуклеарната програма на Иран мораат да ги укинат санкциите кон неговата земја, а не само да ги суспендираат. Ајатолахот Хаменеи во обраќањето пред групата свештеници рече дека „нема да има договор“ ако не се укинат санкциите. Иран и шесте светски сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и...

Иран ја предаде нуклеарната документација на ИАЕА

Иранските власти официјално ја предале документацијата за својата нуклеарна програма на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) како дел од договорот кој на 14 јули беше постигнат помеѓу Иран и шестте големи сили. „Иран ни ја предаде пишаната документација како што беше предвидено во договорот, со цел да се разјаснат уште неколку отворени прашања за нуклеарната програма на таа земја“,...

Северна Кореја не сака дијалог за нуклеарната програма

Северна Кореја соопшти дека „воопшто не е заинтересирана“ за дијалог за откажување од своето нуклеарно оружје, како што тоа го направи Иран. Министерството за надворешни работи соопшти дека нуклеарната програма е „важна како средство за одвраќање“ против американската надворешна политика. Северна Кореја е „држава која поседува нуклеарно оружје“, се додава во соопштението. САД и петте други сили постигнаа договор со Техеран на...

Иранскиот нуклеарен договор пред американскиот конгрес

Американската администрација вчера го испрати нуклеарниот договор со Иран во Конгресот, со што почнува 60-дневниот рок за носење одлука, за која интензивно ќе лобираат и заговорниците и противниците на договорот. Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, рече дека во согласност со законот, нуклеарната спогодба, постигната во вторникот меѓу Иран и шесте светски сили, испратена е во Конгресот на разгледување. „Тоа значи...

Нетанјаху: Договорот со Иран е тешка грешка од историски пропорции

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше историскиот договор што го постигнаа светските сили и Иран, нарекувајќи го „тешка грешка од историски пропорции“. - Иран ќе добие сигурен пат кон нуклеарното оружје. Многу рестрикции кои требаа да ги спречат да го постигнат тоа, сега ќе бидат укинати. Иран ќе добие џекпот, парично богатство од сто милијарди долари, кои ќе им овозможат да...

Постигнат нацрт-договор со Иран за нуклеарната програма

Во Виена е постигнат нацрт-договор меѓу Иран и шесте големи сили за иранската нуклеарна програма, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори. Нацртот предвидува инспекторите на Обединетите нации да имаат пристап до сите сомнителни ирански локации, вклучувајќи ги и воените. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека станува збор за нацрт-договор, кој не е конечен и кој би можел да биде дополнет пред...

Нетанјаху: Светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран по секоја цена. - Ако концесиите продолжуваат дури и по повиците за смрт на Америка во Техеран, тогаш е јасно дека некои сакаат да постигнат договор по секоја цена. Да не беа нашите напори во изминатите години, Иран би натрупал нуклеарно оружје. Нашата одлучност да...

Преговарачите бараат нов рок за договор со Иран

Претставниците на шесте светски сили и Иран, по маратонските преговори, денеска побараа продолжување на крајниот рок за постигнување договор за да се постигне историска спогодба за иранската нуклеарна програма. - Сè е на маса. Сега е време за одлука – изјави францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, по 15-дневните деликатни разговори. Новиот краен рок за постигнување договор е 13 јули, а двете...

Нема договор за иранската нуклеарна програма

Нема договор во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена. Пробиен е и вториот рок за постигнување договор, а разговорите, најверојатно, ќе продолжат в петок. Сите учесници во преговорите на групата пет плус еден (САД, Велика Британија, Кина, Франција и Германија) изјавија дека сè уште има длабоки разлики и засега нема знаци за решавање на спорното прашање. Целта на преговорите е да...

Иран и светските сили наскоро би можеле да постигнат договор

Маратонските преговори меѓу претставниците на светските сили и на Иран би можеле наскоро да завршат со постигнување договор, оцени Сергеј Рјабков, рускиот преговарач за прашањето на Иран. - Не можам да предвидам уште колку време ќе биде  потребно за да се реши таа ситуација, но сите страни се со став дека тоа ќе биде во следните денови - изјави тој. Според Рјабков, текстот за...

Обама и Путин разговарале на телефон

Рускиот претседател Владимир Путин му телефонирал на американскиот претседател Барак Обама. Двајцата претседатели разговарале за преговорите за иранската нуклеарна програма, за ситиацијата во Сирија, како и за потребата за справување со припадниците на Исламската држава. Претседателот Обама истакнал дека треба да се одржува примирјето во Украина. Инаку, од февруари, ова е прв телефонски разговор на двајцата претседатели.

Иран нема да прифати преговори под закана

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека официјален Техеран нема да прифати преговори за иранската нуклеарна програма под закана. - Преговарање за нуклеарната програма на Иран со светските сили, во сенка на закана е неприфатливо за Техеран. Нашата нација тоа нема да го прифати – рече Хамнеи за иранската телевизија „Прес ТВ“. Изјавата на ајатолахот доаѓа во време кога...

Северна Кореја поседува 20 боеви глави

Кинеските нуклеарни експерти веруваат дека Северна Кореја веќе има арсенал од 20 боеви глави и капацитет за збогатување ураниум и за двојно да го зголеми тој број до крајот на следната година, пишува „Вол стрит журнал“. Кинеската процена ја одразува сè поголемата загриженоста на Пекинг поради нуклеарната амбиција на Пјонгјанг и е последна во серијата експертски процени кои сугерираат дека...

Нетанјаху го изедначи Иран со нацистичка Германија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го спореди Иран со нацистичка Германија. - Како што нацистите сакаа да владеат со светот, уништувајќи го еврејскиот народ, така Иран сака да го контролира регионот и да ја уништи еврејската држава - рече Нетанјаху во пресрет на обележувањето Денот на жртвите на холокаустот. Израелскиот премиер оцени дека рамковниот договор меѓу официјален Техеран и шесте светски сили за иранската...

Иран го условува потпишувањето на договорот со отстранувањето на санкциите

Официјален Техеран ќе го потпише финалниот договор со шесте големи светски сили за нуклеарната програма само ако се укинат санкциите, соопшти претседателот на Иран, Хасан Рохани. Иранскиот претседател бара дента кога ќе биде потпишан договорот, веднаш да се тргнат санкциите, додавајќи дека на тој начин сите потписнички ќе имаат корист. Минатата недела Иран и шесторката постигнаа рамковен договор за нуклеарната програма...

Протест во Техеран поради договорот за нуклеарната програма

Околу 200 лица денеска протестираа во Техеран поради рамковниот нуклеарен договор кој минатата недела го постигнаа Иран и шест светски сили. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека протестите се одржале пред Парламентот во Техеран, без претходна дозвола на властите. За време на демонстрациите, во парламентот се одвивала затворена седница, на која министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пред пратениците го...

Западот постигна договор за нукеларната програма во Иран

Помеѓу Иран и САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија во Лозана е постигнат политички рамковен договор за контроверзната иранска нуклеарна програма, кој е основна фаза на патот кон потпишувањето на конечниот договор најдоцна до 30 јуни. Американскиот државен секретар, Џон Кери, на својот твитер-профил објави дека денеска е голем ден. „ЕУ, групата 5+1 и Иран ги утврдија параметрите за...

Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

Израел го шпионирал преговорите меѓу Техеран, САД и петте најголеми светски сили за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска „Волстрит џурнал“. Израел набргу ги демантираше информациите на американскиот весник, оценувајќи ги како „спротивни на вистината“. Според весникот, кој цитира американски претставници, израелската операција се состоела од инфилтрирање во расправите и од составување досие за да го спречат прифаќањето на условите од спогодбата...

Засега нема договор меѓу Иран и големите сили

Иран и големите сили уште не постигнале договор за клучните прашања што се однесуваат на спорната иранска нуклеарна програма, соопштија претставниците во Женева. - Сè уште постојат разлики, но сите страни преговараат сериозно и одлучно. Сепак, сè уште не нашле решение за клучните прашања – изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, по првиот ден од новата рунда преговори во...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...