fbpx
Таг: нуклеарна електрана

таг: нуклеарна електрана

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата....

Русија ја префрла нуклеарната електрана во Запорижја под нивна јурисдикција

Руските власти соопштија дека започнале со префрлање на најголемата нуклеарна електрана во Европа под јурисдикција на руската компанија „Росенергоатом“, пренесува Гардијан. Самата електрана и целокупниот персонал ќе бидат префрлени, откако овој енергетски капацитет беше окупиран пролетва од руската војска за време на воената агресија на Русија врз Украина. Украинските власти информираат дека вчера повторно била гранатирана електропреносната мрежа која ја...

Физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижја е нарушен, велат од мисијата на ОН

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижја изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан. Мисијата на тимот од МААЕ извршија обиколка на нуклеарната електрана, но неколку членови на тимот ќе останат и наредните денови за детално да ја проучат...

Гранатирања околу нуклеарната електрана во Запорижја пред мисијата на ОН да почне со работа

Украинските власти ги обвинија руските сили дека утрово ја гранатирале договорената рута по која мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) требаше да се движи кон нуклеарната електрана во Запорижја. Како што јавува Укринформ, руските власти го гранатирале градот Енергодар, при што биле погодени станбени згради, продавница и градинки. Гардијан, пак, ги пренесува информациите на руското Министерство за одбрана...

Ракетирањата продолжуваат, мисијата на ОН пристигна во нуклеарната електрана во Запорижја

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска пристигна во окупираниот град Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната електрана Запорижја (Запорожје), јавува Укринформ. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека нивната мисија ќе трае неколку дена, иако руските власти кои ја имаат окупирано електраната, претходно рекоа дека мисијата ќе трае само еден ден, пишува...

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“,...

Во нуклеарната електрана во Запорожје за малку избегната катастрофа

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси побара ургентен пристап на експертска мисија од МААЕ во нуклеарната електрана во Запорожје, која што се наоѓа под окупација на руските сили. Овој стратешки објект во текот на вчерашниот ден на два пати остана без електрична енергија за да можат да работат нуклеарните реактори, пишува Гардијан. „Не можеме...

Од почетокот на руската агресија, во Украина биле погодени над 22.000 цивилни објекти

Од 24 февруари како почеток на руската агресија врз Украина до денес, руските сили погодиле над 22.000 цивилни објекти низ целата земја, информираше првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхениј Јенин, пренесува Укринформ. Руските сили оштетиле или уништиле само околу 300 воени објекти во изминатиов период. Јенин вели дека руските ракети летаат над нуклеарни централи и хемиски фабрики, како...

Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица

Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле 20 станбени згради, административен центар, две школи,...

ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин. Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија и во изминатово деноноќие. Украинските власти информираа дека...

Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко. Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми...

Во Украина загинале 15.000 руски војници, борби се водат за втората по големина термоелектрана во земјата

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс изјави дека проценките на САД се дека од почетокот на воената агресија врз Украина, Русија изгубила околу 15.000 војници, додека околу 45.000 војници биле повредени, пренесува Гардијан. Брнс додаде дека загубите и на украинска страна се големи, но најверојатно како бројка се нешто помали од руската страна. Покрај загинати и повредени...

Денеска се одбележуваат 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Денеска се одбележуваат 35 години од катастрофата во Чернобил, која беше најтешката цивилна нуклеарна несреќа во историјата на човештвото. Обединетите нации го прогласија 26 април за Меѓународен ден на сеќавање на катастрофата во Чернобил, а овој ден за прв пат беше забележан во 2016 година, по повод 30 годишнината од нуклеарната катастрофа во 1986 година. Пред 35 години, реакторот 4...

Земјотресот во Хрватска превентивно го запре работењето на нуклеарката Кршко

Кршко: Википедија
Силниот земјотрес што во вторникот ја погоди Хрватска, се почувствува и во Словенија и поради тоа беше превентивно прекинато работењето на нуклеарната централа Кршко, пишува деловниот портал Сибиз.еу (SEE.biz.eu) Земјотресот со јачина од 6,2  степени според Рихтер, во 12 часот и 20 минути го погоди порачјето на Петриње и го затресе остатокот од територијата на Хрватска, а се почувствува и...

Германија донесе закон за напуштање на јагленот како гориво и затворање на нуклеарките

Германскиот парламент донесе закон за напуштање на јагленот како гориво во енергетиката, според кој најдоцна до 2028 година ќе се затворат сите постројки за производство на енергија од јаглен и од други фосилни горива, а нуклеарните електрани би требало да бидат затворени до 2022 година. За поддршка во преодниот период, до остварувањата на ниско или на нулта ниво на емисии...

Македонија сака да учествува во изградбата на нуклеарката „Белене“ во Бугарија

Државната компанија ЕСМ испратила писмо за намери за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“. Информацијата денеска ја изнесе бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, а новинската агенција МИА преку изјава од македонската влада ја потврди ваквата вест. Како што јавуваат бугарските медиуми, македонското ЕСМ е едно од 13 - те компании што се пријавиле на повикот...

Белгија: Убиен чувар на нуклеарна централа, украдена му е пропусницата

Едно лице од обезбедувањето на белгиската нуклеарна електрана е убиено во градот Шарлероа, два дена по терористичките напади во Брисел, јавува локалниот весник „Дерниере хојре“. Весникот наведува дека на убиениот му е украдена пропусницата за влез во нуклеарната електрана. Шарлероа се наоѓа на 50 километри од главниотр град на Белгија. Чуварот бил застрелан синоќа, додека го шетал своето куче. Поради кражбата...

Белгиските власти одзедоа пропусници за влез во нуклераните централи

Белгиската сојузна агенција за нуклеарен надзор на дел од вработените привремено им ги одзеде пропусниците за влез во нуклеарните електрани поради опасноста дека овие објекти може да бидат мета на терористи. Портпаролката на агенцијата, Неле Ширлинцк, денеска изјави дека „во последните неколку дена на одредени лица биле спречени да влезат во нуклеарниот комплекс“. Ширлинцк рече дека таквиот потег „не е нужно...

Јапонија: Еруптира вулкан во близина на нуклеарната електрана „Сендаи“

Јапонскиот вулкан Сакурајима, оддалечен околу 50 километри од нуклеарната електрана „Сендаи“, еруптирал, исфрлајќи пепел два километри во ноќното небо и големи количества лава, но засега нема извештаи за штети во електраната. Поради „експлозивна ерупција“, јапонската метеоролошка агенција објави тревога од највисоко ниво, што значи дека луѓето не смеат да ѝ се приближуваат на планината. - Сепак, добро е што тоа подрачје...

Поради пожар, исклучен нуклеарен реактор во Белгија

Белгиски нуклеарен реактор во електрана на истокот од земјата, е исклучен откако избил пожар во дел од електраната, соопшти енергетската компанија „Електрабел“. Компанијата наведе дека реакторот „тианж 1“, автоматски е исклучен синоќа откако избил пожарот во областа над нуклеарната зона, во погонот за снабдување на фабриката со електрична енергија. Затворањето на реакторот, како што информираше компанијата, е дел од нормалната процедура во...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...