fbpx
Таг: новороденчиња

таг: новороденчиња

При крај е Стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата, рече Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска имаше работна средба со раководителите на здравствените институции во Охрид. Целта на посетата, рече тој, е да се запознае со работата на здравствените установи, преку разговор со нивните менаџерски тимови за проблемите во работењето и начините за нивно надминување. – Во болницата „Свети Еразмо“ разговаравме за текот на реконструкцијата на објектот, како ќе продолжат...

Гинекологија има премалку кадар и лоши услови за ризичните новороденчиња

Покрив што протекува и влага сè до подрумот, валкана постелнина, недостиг од медицински кадар на сите нивоа, преголем број згрижени бебиња, зграда во која вентилацијата и системот за регулирање на температурата во просториите не функционираат или одвај функционираат уште од нејзиното пуштање во употреба, немање протечна вода, како и стари инкубатори и голема смртност од 127 новороденчиња од почетокот на 2017...

За смртта на четирите новороденчиња, Комисијата не нашла вина кај медицинскиот персонал

Според Комисијата за стручен надзор на работата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар, која ја истражува смртта на четири новороденчиња во една ноќ минатата седмица, станувало збор за проблематични случаи, а сите предвидени постапки биле извршени од медицинскиот персонал. Во извештајот на Комисијата што го достави Министерството за здравство се вели и дека станувало збор за...

Четири бебиња во инкубатори починале за една ноќ на Гинекологија, докторка е суспендирана

Ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица, четири бебиња во инкубатори починале на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврдија од Министерство за здравство, нагласувајќи дека дежурната докторка таа вечер е суспендирана, а била формирана и комисија за да го истражи случајот. Нејзиниот конечен заклучок се очекува денеска. Според соопштението, четирите новороденчиња биле или предвремено родени...

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. - Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи цунами во здравството

„Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Изминативе 100 дена од доаѓањето на власт неспособната влада на СДС ветуваше разно-разни реформи и подобрување на услугите во здравството, а од сето тоа македонските граѓани не видоа ништо“, обвини денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Министерство за здравство. Таа рече дека владата на...

За смртта на трите бебиња, Комисијата утврдила дека биле запазени медицинските протоколи

Министерството за здравство информира дека Комисијата за стручен надзор донела заклучоци во врска со трите починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. „Комисијата констатира дека се работи за високоризична, повеќеплодна бременост, проследена со гестациски дијабетес зависен од инсулин, хипертензија и инфект кај мајката, што довело до предвремено раѓање на новороденчиња со ниска гестациска возраст (помала од 28 гестациска недела)...

Ако е здравството во хаос, тоа не е од времето на Таравари

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во врска со состојбите во здравството, земајќи ја како повод смртта на три новороденчиња од пред неколку дена во Клиниката за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје, која ја оценуваме како недоследна, пишува „Вистиномер“. „Претставничка на ВМРО-ДПМНЕ, по повод смртта на три новороденчиња од пред неколку дена во универзитетската клиника во Скопје, даде...

Таравари: Смртноста на новороденчињата ме погодува, но упорен сум да го решам проблемот

„Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но имам волја“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. „Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која, за жал, многу...

Таравари: Ако има неправилности во третманот на починатите бебиња, ќе има законски мерки

Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово се сретнал со директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), Викторија Јовановска која го информирала за протоколот за лекување на трите бебиња кои починаа вчера. Од ГАК исто така информирале дека, претходно пациентката трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово, поради гинеколошко крварење. Од Клиниката „одговорно тврдат дека неколку пати разговарале со родителите и...

Тројка бебиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Три новороденчиња починале вчера на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, соопшти Министерството за здравство. Како што инфромираат оттаму, завчера на Клииката била хоспитализирана пациентката И.М., поради болки во стомакот, која истиот ден била породена со царски рез во 27-та недела од бременоста со тројка. Новороденчињата биле прифатени од педијатар и акушерка во операционата сала, по што била извршена примарна реанимација...

Охридска болница: Тврдењата на Шахпаска се лага, немаше дефект на санитетските возила

Транспортот на новороденчиња, итната медицинска помош при Здравствениот дом Охрид го врши со санитетски возила кои ги исполнуваат сите светските и европски стандарди, во кои, меѓу другото, спаѓаат и приклучоци за инкубатор и друга медицинска опрема, стои во демантот на охридската болница на наводите од вчерашната прес-конференција на пратеничката во Собранието и претседател на комисијата за здравство на СДСМ,...

Клиника за гинекологија: Бројките за смртност на новороденчиња се вадат од контекст

Бројките за смртноста на новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, изнесени во јавноста, се вадат од контекст, изјавија денеска на прес-конференција лекари од Клиниката. Според раководителот на онколошкото одделение на Клиниката, д-р Драган Тантуровски, бројките што се презентираат треба да бидат направени врз основа на едногодишна или повеќегодишна статистичка обработка. - Многу е лошо кога се вадат од контекст одредени бројки....

Алармантна е состојбата со смртноста на новороденчињата, предупреди СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска предупреди дека состојбата со смртноста на новороденчињата во земјава е алармантна и го обвини министерот за здравство, Никола Тодоров, за катастрофалните политики во ресорот со кој раководи. Во изминатите шест месеци од оваа година на Клиниката за гинекологија и акушерство починале дури 82 новороденчиња, а само во последните две недели починале 20 новороденчиња, објави денеска д-р Ангелчо...

Новороденчињата во Италија ќе се проверуваат за наследни болести

Лекарите во Италија, во рок од 48 часа по раѓањето ќе ги прегледуваат новороденчињата за да утврдат можна појава на наследни болести, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на допис кој Министерството за здравство во Рим им го испратил на регионалните здравствени институции. Раните прегледи ќе им овозможат на здравствените работници да осмислат примена на соодветни третмани и пред детето да ги...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...