fbpx
Таг: Новинарски здруженија

таг: Новинарски здруженија

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ до Владата: Не ни треба реприза со платени јавни кампањи во медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на јавната најава на Владата за измена на регулативата со која ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции. Во нивното заедничко соопштение во кое се обраќаат...

ССНМ, ЗНМ и СЕММ апелираат за помош за изгорената ТВ Вис

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија со голема загриженост ја примија веста за опожарување на просториите на регионалната телевизија Канал Вис од Струмица“, соопштија новинарските здруженија. Трите организации упатуваат заеднички апел до локалната самоуправа, државни институции, стопански субјекти, поединци да помогнат во рамките на своите можности за што...

Дезир: На МРТ ѝ треба модел на финансирање што ќе ја гарантира независноста

На јавниот сервис му треба модел на финансирање кој на ниту еден начин нема да ја поткопа неговата независност и ќе овозможи да ја извршува својата мисија на јавен сервис, се вели во соопштението од претставникот на ОБСЕ за медиуми, Харлем Дезир, за неговата посета на земјава и средбите со премиерот, министри во Владата и со новинарските здруженија. - Со...

Новинарските здруженија од регионот со осуда за нападите врз новинарите во Македонија

Новинарските здруженија од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и од Македонија денеска изразија солидарност и поддршка за новинарите и за медиумските работници во Македонија, кои, како што оценија, константно се соочуваат со притисоци, физички напади, како и со смртни закани. Здруженијата од регионот, по нападот на новинарот на Телевизија 24 за време на протестите на иницијативата „За...

Алармантно загрозени новинарските слободи во земјите од Западен Балкан

Законите за медиумите во земјите од Западен Балкан се усогласени со европските стандарди, но нивната примена е лоша, што довело до алармантно загрозување на новинарските слободи и до влошување на социјалната и на економската положба на новнарите, покажува истражувањето за слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во земјите од Западен Балкан, спроведено од членови на новинарски здруженија...

СДСМ ги повикува новинарите да кандидираат членови во ад ход телото за медиуми

Социјалдемократкиот сојуз на Македонија денеска упати повик до сите новинари - професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, да се кандидираат или да кандидираат други лица од оваа област за членови во ад хок телото што ќе врши надзор на однесувањето на медиумите во предизборниот период. Истиот повик, како што изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, СДСМ го упатува и за кандидатите...

Новинарите до Иванов: Без реформи во медиумите, нема услови за слободни избори

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска имале средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на која било разговарано за можноста за продолжување на разговорите за медиумските реформи пред изборите. Тие, како што е наведено во соопштението, на Иванов му го пренеле ставот дека сè додека не бидат спроведени медиумските реформи, во Македонија нема да има услови за слободни...

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. - Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските реформи. Минимум политичка култура наложува...

ВМРО-НП: Помалите партии да се вклучат во преговорите за медиумите

ВМРО - Народна партија смета дека помалите партии можат да придонесат во откочување на преговорите за медиумите, кои се водеа меѓу четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. „Сегашниот целосен застој на преговорите предизвикан од несогласувањата на двете најголеми партии од македонскиот блок, според наше мислење, може бргу да се откочи со почитувањето на легитимното право на помалите политички партии...

СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема против медиумите да учествуваат во преговорите

СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против претставници на медиумите и на новинарските здруженија да учествуваат во преговорите на работните групи, кои разговараат за проблемите во медиумите. Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ за медиумите, денеска на прес-конференција пред Клубот на пратеници рече дека предлогот медиумите и невладините организации да учествуваат во преговарачкиот процес ќе го стави...

Новинарите ги исвиркаа преговарачите

Дел од новинарите денеска протестираат пред Клуб на пратеници за да бидат вклучени во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. На повик на ЗНМ, ССНМ и на МИМ, педесетина новинари половина час го блокираа влезот на Клубот на пратеници и својот револт го искажаа исвиркувајќи ги членовите на работните групи. Не е јасно дали под притисок на новинарите, но...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...