fbpx
Таг: новинарка

таг: новинарка

Одземено стрателство врз децата на руска новинарка која протестираше против војната во Украина

Марина Овсјаникова ги извести Си-ен-ен дека суд во Москва ѝ го одзел старателство врз двете деца. Оваа одлука на судот доаѓа неполн месец откако Овсјаникова беше осудена на 8,5 години затвор поради „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. „Навистина сум шокирана од одлуката на судот“, изјави Овсјаникова. Претходно, нејзиниот син и мајка сведочеле против неа, што исто претставувало шок...

Руската новинарка што се појави во вести со антивоен транспарент осудена на 8,5 години затвор

Суд во Москва ја осуди на 8,5 години затвор новинарката Марина Овсјаникова, која упадна во вести со транспарент со кој ја осуди војната што Русија ја води во Украина, јави Би-би-си. Пресудата за 45-годишната Овсјаникова, на која ѝ се судеше во отсуство, е дека е виновна за „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. Новинарката изминатата година заедно со...

Куп дезинформации за Украина во видео кое промовира мноштво проруски наративи

Контроверзната позната новинарка Лара Логан во гостување на утринска програма на американска телевизија изнесе еден куп невтемелени тврдења за војната во Украина и за руската агресија, кои речиси целосно се совпаѓаат со руските дезинформациски наративи за Украина и за Западот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се...

Интервју со украинската новинарка Зоја Красовска: Руските дезинформации го загрозуваат целиот свет

Од почетокот на руската агресија во Украина, на 24 февруари 2022 година, дневните информативни хроники на сите медиуми во нашата земја се полни со информации за состојбата на воените борби таму. За тивката и лукава војна преку пропаганда и дезинформации на Кремљ, се зборува многу малку. Украинската новинарка и аналитичарка Зоја Красовска во ексклузивно интервју за Portalb.mk раскажува за...

Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на палестинско-американскa новинарката Ширин Абу Аклех

Советот за безбедност на Обединетите нации остро го осуди убиството на палестинско-американската новинарка Ширин Абу Аклех кое се случи на 11 мај, како и ранувањето на уште еден новинар во Џенин на Западниот Брег, пренесе Аспошиејтед Прес. Советот вчера вечер едногласно усвои декларација која беше на дневен ред на предлог на САД. Норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул изрази посебна загиженост...

Новинарката Вера Гирич на Радио Слободна Европа загина во руски воздушен напад на Кијив

Вчерашниот руски воздушен напад на Кијив беше кобен за новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ), Вера Гирич. Една од ракетите погодила станбена зграда во украинскиот главен град, при што загинала новинарката на сервисот на украински јазик на РСЕ. Страшната вест денеска ја потврди и главната и одговорна уредничка на украинскиот сервис на РСЕ, Ина Кузнецова, јавува Укринформ. Гирич работела во кијивското...

Истражувачката новинарка Елена Милашина избега од Русија по заканите од чеченскиот лидер

Руските власти треба да ја осигураат безбедноста на новинарката Елена Милашина и навремено да ги истражат заканите упатени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кон неа и кон независните медиуми, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пренесува „Вистиномер“. Уредниците на независниот весник „Новаја газета“ одлучија да ја испратат надвор од државата Елена Милашина, истражувачка новинарка на медиумот кој известува на теми...

ССНМ е згрозен од нападите, навредите и клеветите врз новинарката Мирослава Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), порача дека, најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон новинарката Мирослава Бурнс. „Згрозени сме од речникот употребен во текстовите на овој портал, кој ниту во најблага варијанта не може да се смета за соодветен во јавниот дискурс, а особено сме згрозени од сексистичките навреди и...

Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор

Српската испостава на руската мултимедијална новинска агенција „Спутник“, (Sputnik.rs.) неодамна објави интервју со двајца српски историчари на тема кражба на историја на Балканот, со акцент на Македонија, Црна Гора и Косово, при што новинарката уште во старт ја дезинформираше јавноста со два неточни факта. Разговорот е објавен и кратко прераскажан и на веб страницата на „Спутник“, под наслов „Македонците и...

ААВМУ со укажување до МРТ за партискиот ангажман на нивна новинарка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти дека вчера укажала на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТ) дека мора да води сметка вработените да не учествуваат во предизборни активности на политички субјекти. „Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1 Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18-та конференција на Унијата...

ЕК понуди помош за пронаоѓањето на убиецот на бугарската новинарка

Европската комисија соопшти дека со шок ја примила веста за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова (30), која работела на истражување за злоупотреба на ЕУ фондовите во Бугарија и ја понуди својата помош за пронаоѓањето на убиецот. - Повторно еден храбар новинар настрада во борбата за вистината и против корупцијата. Внимателно ќе ја следам истрагата и ја нудам помошта од...

Малтешката полиција уапси 8 лица осомничени за убиството на новинарката Галиција

Полицијата на Малта уапси осум лица осомничени за поврзаност со убиството на новинарката Дафне Каруане Галиција, која ја откри аферата „Панама пејперс“. Веста за апсењето ја објави премиерот на Малта, Џозеф Мускат, речиси два месеци откако познатата новинарска настрада во експлозија на бомба подметната под нејзиниот автомобил. Сите осум уапсени лица се Малтежани и повеќето имаат дебело криминално досие. Засега не се...

Сириска опозиционерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во Истанбул

Сириската опозициска активистика и нејзината ќерка - новинарка се пронајдени мртви во нивниот стан во источниот дел на Истанбул, јавија денеска турските медиуми. Телата на шеесетгодишната Тела Арубе Баракат и нејзината 22-годишна ќерка Хала Баракат биле пронајдени од полицијата, откако нивни роднини пријавиле дека не можат да стапат во контакт со нив. Според турските агенции, соседите во зградата изјавиле...

Руска новинарка киднапирана во Киев

Репортерката на рускиот „Канал 1“, Ана Курбатова, е киднапирана во средата во Киев, пренесува „Спутник“. Украинските власти ја обвинуваат Курбатова за манипулација со информации од јавно значење и за учество во антиукраинска пропаганда. Засега не се познати детали за околностите на нејзиното киднапирање. Претходно Службата за безбедност на Украина протера двајца шпански новинари кои биле соочени со исти обвинувања.

Во Приштина претепана политичарка и новинарка

Новинарката, и од неодамна член на Демократската партија на Косово, Арбана Џара, синоќа пред полноќ е физички нападната од неколку лица во Приштина. Во тешка состојба била пренесена во Универзитетската болница и според последните информации, нејзината здравствена состојба е стабилна. Џара, која е поранешен главен уредник на приштинскиот весник „Зери“, и претходно добивала закани. Во врска со нападот врз Џара регираше претседателот...

Градоначалникот на Берово ја нарече Такева „новинарска проститутка“

Новинарката од Делчево, дописничка на повеќе медиуми, Даниела Такева, доживеа крајно невкусна дискредитација од градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кој на „Фејсбук“ ја нарече „новинарска проститутка“. Такева, пишувајќи репортажа за дрвото секвоја, што во Македонија расте единствено во Малешевијата, згрешила во редот на буквите и напишала „севкоја“. „Оваа e неписмена. Не знам каква награда добила, но знам кој ѝ ја доделил. Таа...

Десет години затвор за иранската новинарка Наргес Мохамади

„Репортери без граници“ ја осудија пресудата по жалбата за десетгодишната затворска казна за реномираната иранска новинарска и активистка за човекови права, Наргес Мохамади. Четириесет и четиригодишната Мохамади во мај годинава доби медал на градот Париз за својата работа за заштита на човековите права. Мохамади, која е портпаролка на Центарот за одбрана на човековите права во Иран, се бори за укинување на смртната...

Приведена новинарка поради критика за Ердоган на „Твитер“

Новинарка со турско-холандско потекло е приведена на испитување поради коментар на „Твитер“ за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Весникот „Метро“ наведува дека нивна колумнистка Ебру Умар била приведена во саботата. Умар неодамна за „Метро“ напишала текст со критики кон Ердоган, чии исечоци подоцна ги објавила на „Твитер“, поради што е и приведена. Новинарката на холандски јазик на социјалната мрежа „Твитер“ навела...

Новинарка од „Сител“ отпуштена поради колумна за Јанкулоска

Новинарката Кристина Атовска, која работеше во утринската програма на телевизијата „Сител“, на 8 март била отпуштена од работа поради критичка колумна за поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Колумната ја објавила на порталот „Позитив.мк“, a два дена по објавувањето била викната од уредникот, кој ѝ соопштил дека веќе нема да работи во телевизијата „Сител“. - Ме викна уредникот и директно ми кажа дека...

Азербејџанска новинарка осудена на седум години затвор

Азербејџанската новинарка Кадија Исмајилова е осудена од властите во земјата на затворска казна од седум и пол години за проневера на пари и за затајување данок, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, реномираната истражувачка новинарка работела на сторија за бизнисите и за сметките во офшор-банки, наводно поврзани со семејството на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев. Организациите за човекови права...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...