fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Новинарите го бојкотираа рочиштето за „Диво Насеље“

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари. Претходните две рочишта се одржаа во големата сала...

Сејфула: Изјавата на Латас е навреда за Турците од целиот свет

Неколку десетици граѓани, поголемиот дел од нив припадници на турската заедница во Македонија, се собраа на мирен протест пред Владата затоа што, како што рекоа, се згрозени од изјавата на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кој во интервјуто со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му рече „лажеш како Турчин“. На протестот тие рекоа дека ова е навреда за...

Заев: СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладините медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција во Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. - Стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината за катастрофалната реалност, што ќе...

За 25 години, во светот се убиени 2.300 новинари

Најмалку 2.297 новинари и медиумски работници се убиени во изминатите 25 години додека го информирале светот за војни, револуции, криминал и за корупција. Најновиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) предупредува дека убијците и понатаму остануваат неказнети, односно само 10 отсто од убиствата се докрај истражени. Во 1990 година, бројот на убиени новинари бил 40, но од 2010 година, тој...

Истанбул: Обвинителството бара доживотен затвор за новинари

Јавниот обвинител во Истанбул побара доживотен затвор за двајцата новинари од дневниот весник „Хуријет“, обвинети за терор и за шпионажа бидејќи објавиле фотографија и текст во кој се наведува дека турската влада шверцува оружје за бунтовниците во Сирија. „Хуријет“ вчера објави дека јавниот обвинител го комплетирал обвинението против главниот уредник Кан Дундар и против дописникот на весникот од Анкара, Ердем Ѓул....

„Репортери без граници“: ЕК да заземе цврст став кон Полска

„Репортери без граници“ (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми. „Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и на плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од земјите-кандидати тоа што не го бара од своите членки....

Во 2015 година убиени 110 новинари

Во текот на оваа година, во светот биле убиени 110 новинари кои биле на работна задача, од кои 28 биле жртви на исламистичките терористички организации, вклучувајќи ги Ал каеда и Исламската држава, а 67 лица биле убиени додека известувале. Ова денеска го соопшти Комитетот за заштита на новинарите. Сирија и годинава била најсмртоносно место за новинари, каде биле убиени 13 репортери. Според извршниот...

Три години од црниот понеделник

Три години поминаа откако власта и опозицијата се степаа во Собранието, новинарите беа исфрлени од собраниската галерија од каде ја следеа расправата за усвојувањето на буџетот, а пред Собранието опозицијата ги блокираше улиците. По овие настани следуваше политичка криза, која се решаваше со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, а крајниот резултат беше потпишувањето на мартовскиот договор, со кој партиите...

Партиите имаат рок до понеделник да предложат решенија за медиумите

Денеска нема да се одржат средби на работните групи за медиумите. По предлог на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, политичките партии треба да предложат можни решенија кои ќе ги презентираат в понеделник. Вчерашната средба на претставниците на партиите во Клубот на пратеници, пак, траела само еден час. В понеделник партиите треба да ги кажат своите мислења во оваа сфера, особено како...

ССНМ: Да им се овозможат на новинарите елементарни услови за работа

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро протестира поради третманот на новинарите и на медиумските работници од политичките елити, каков што беше покажан и вчера попладне пред Клубот на пратениците, кога претставниците на медиумите беа оставени со часови да чекаат надвор од објектот. „Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој се повторува во континуитет, не е...

„Репортери без граници“: Помалку уапсени новинари, но повеќе киднапирани во 2015 година

Во 2015 година во светот се уапсени помалку новинари во споредба со претходната година, но бројот на новинари кои биле киднапирани е значително зголемен, објави денеска организацијата „Репортери без граници“ во најновиот годишен извештај. Бројот на новинари што биле уапсени во 2015 година опадна за 14 отсто во споредба со 2014 година, односно на вкупно 153, соопштија од „Репортери без граници“,...

ССНМ: 77 отсто од медиумските работници се плашат за своето работно место

Нема професионално новинарство додека над глава постои закана од отказ, страв од укинување на медиумот во кој работите преку ноќ, е еден од заклучоците на конференцијата „За медиумските работи“, која беше организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“ поддржан од британската амбасада во Скопје. - Сопствениците на медиумите имаат...

Спасовски: Кулминира притисокот врз новинарите

„Нема прогрес таму каде што имате уценети, тепани или затворани новинари. Институционалната репресија е инструмент на тоталитаризмот, на диктатурата, какво и да е пакувањето во кое таа се нуди“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето на конференцијата на тема „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“, организирана од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). - Сведоци сме, особено последниве...

Хронологија: Како наместо решение, добивме криза во преговорите за медиумите

По паузата за викенд на преговарачите на политичките партии за медиумите, утре се очекува разговорите за оваа проблематика да продолжат во Клубот на пратеници во Скопје. Политичките партии, пак, и минатата недела не успеаја да се договорат за законите од сферата на медиумите. Според нашите информации, минатата недела се разговарало за реформи во МРТ и во Агенцијата за медиуми, но...

Синдикатот на новинари го достави колективниот договор до ВМРО-ДПМНЕ

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) денеска го достави колективниот нацрт-договор за медиумската индустрија до координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Секое од решенијата што ССНМ ги нуди во нацрт-договорот се добредојдени за вградување при евентуалното менување на Законот за медиуми, затоа што со тие решенија се подобруваат правата на медиумските работници, што е еден...

Селмани: СДСМ предлага решенија што водат кон поголема партизација и политизација

Здружението на новинари на Македонија не е во војна со никого. Проблемот на СДСМ е што не им се допаѓаат предлозите на ЗНМ за вистински реформи на медиумскиот систем, вели претседателот на новинарското здружение, Насер Селмани, на прашањето дали навистина има војна помеѓу СДСМ и ЗНМ и која е причината за тоа? - Ние предлагаме системски и одржливи решенија, кои ќе ги...

ССНМ: Колективен договор до враќање на достоинството на професијата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) подготви колективен договор за системско решавање на проблемите во медиумската индустрија. Договорот предвидува регулирање на сите прашања што произлегуваат од работата на еден медиум како плати, работно време, начин на напредување, избор на уредници, како и правото на слободно и професионално работење. - Овој колективeн договор е резултат на речиси една година подготовки,...

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Во отворена војна деновиве влегоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и опозициската партија СДСМ, откако еснафското здружение сите партии ги стави во ист кош како виновници зашто не се повикани на преговорите кои за медиумите се одвиваат зад затворени врати во Клубот на пратениците во Скопје. На барањето на ЗНМ, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот...

ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска на протест пред Клуб на пратеници

Денеска во 11 часот, пред Клубот на пратеници, Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе протестираат поради тоа што не се вклучени во преговорите на четирите најголеми политички партии за реформи што треба да се случат во медиумите како последица на Договорот од Пржино. Во 12 часот, пак, треба...

Оливер Спасовски му вети на ЗНМ дека ќе ги расветли нападите врз новинари

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со Насер Селмани и со Столе Наумов, претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). На средбата се разговарало за нападите врз новинари и врз медиумите што се случија во изминатиот период. Како што пишува во соопштението на МВР, Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласиле дека нападите врз новинари претставуваат директен напад...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...