fbpx
Таг: нови линии

таг: нови линии

„Визер“ со зголемен број летови, нови линии и шести авион стациониран во Скопје

Авиопревозникот „Визер“ соопшти дека ќе додели уште еден авион на Меѓународниот аеродром Скопје, со кој управува ТАВ Македонија, односно на овој аеродром своја „домашна“ база од декември годинава ќе имаат вкупно шест авиони на Визер.  Истовремено, компанијата најави дека ќе ја зголеми својата мрежа авиолинии со уште две нови авиолинии и зголемена фреквенција на девет постоечки рути од Северна...

Порталб: Жителите на Липково сите услуги ги вршат во Куманово, но немаат јавен превоз

Општина Липково со над 30.000 жители нема општински јавен превоз ниту во нејзини рамки, ниту пак меѓуопштинска линија со градот Куманово. Тоа е неопходно, бидејќи жителите на Липково најголем број услуги вршат во Куманово. Градоначалниците на двете општини велат дека се заинтересирани за отворање линии меѓу овие две општини, но не прецизираат кога тоа може да се случи, пишува...

„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници

Македонски железници - Транспорт е во преговори со грчкото железничко претпријатие TrainOSE за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул. Проектот „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за шопинг на Македонците. Од МЖ-Транспорт велат дека...

ЈСП: Неделен возен ред утре и две привремени нови линии

Утре поради државниот празник 23 Октомври- Ден на Македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП. „Истовремено, сакаме да ве информираме дека од среда до недела во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе...

Од викендот следната седмица, Водно ќе биде без автомобили

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд, односно 25 и 26 ноември 2017 година, извести Град Скопје. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркиралиштето кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила во викендите и на државните...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...