fbpx
Таг: нови избори

таг: нови избори

Премиерот на Исланд си поднесе оставка

Претседателот на Исланд, Гудни Јохансон, денеска ја прифатил оставката на премиерот Бјарни Бенедиктсон, кој изјавил дека новите парламентани избори во земјата најверојатно ќе се одржат на 4 ноември, јавуваат светските медиуми. Исландската влада на десниот центар, која беше формирана пред девет месеци, се распадна вчера по повлекувањето на малцинскиот коалиционен партнер - Центристичката партија за светла иднина, откако било откриено...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат нови избори за да го казнат СДСМ

Граѓаните на Република Македонија бараат предвремени парламентарни избори за СДСМ да си ја добие својата казна, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение. Од партијата велат дека „СДС е однародена партија која секој миг е подготвена да ја продаде земјата, националните и државните интереси само за да дојде на власт“. „На Заев и на СДС никогаш не им беше битен народот....

Груевски: Нови избори се решение – ако СДСМ победи, нека направи влада

Најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени избори, заедно со редовните планирани локални избори, кои, патем, заради чекорите на СДСМ се одложија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општината Ѓорче Петров. Тој го повика СДСМ да прифати нови избори и, како што рече,...

Денеска нов собраниски обид за деблокада и за трансфер на власта

Пред почетокот на денешното 18. продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите редовни утрински соопштенија ги повторуваат своите позиции за излез од политичката криза. Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на одржување нови предвремени парламентатни избори, додека СДСМ порачува дека мора да има деблокада на демократските процеси и мирен трансфер на власта. „ВМРО-ДПМНЕ апелира криминогената врхушка во врвот...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара избори, кризата наметната од СДСМ мора да заврши

Оваа криза наметната од СДС мора да заврши, народот бара избори, на кои ќе се изјасни и ќе знае за што гласа, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Алудирајќи на премиерот на Албанија, Еди Рама, од партијата велат дека човекот што стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување на конфликти, со уште поопасни ставови како...

ВМРО-ДПМНЕ: Нови парламентарни избори заедно со локалните се решение за кризата

Македонија е заглавена во криза затоа што СДС сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството граѓани кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, стои во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „криминогеното раководство на СДС“, за да се спаси од затворски казни, подготвено е да дојде на власт по секоја цена, независно што...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот храбро реши да се спротивстави на СДСМ

Граѓаните не се должни да се дел од валканите игри на „криминогеното раководство на СДС“, кое е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и да ги исполни уцените, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Нивната нервоза е сè поголема и поочигледна. Сè почна да излегува на површина, предавството, пазарењето со националните и со државните интереси. Сè...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот се чувствува навреден и изигран од СДСМ

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а по изборите започна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на неуставната тиранска платформа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата уште еднаш го повторуваат ставот дека единствено решение за излез од политичката криза, за која го обвинуваат...

ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се нови избори, во спротивно револтот ќе се зголемува

Изборите се најдобрата дебата што Зоран Заев може да ја направи за тиранската платформа и за елементите содржани во неа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека во спротивно револтот ќе се зголемува и секој ден стотици илјади граѓани ќе го изразуваат својот гнев од „сервилниот однос на криминалецот Заев“. „Тиранската платформа е противуставна и нејзиното прифаќање...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се лаже ако мисли дека нови избори нема да сменат ништо

Доколку Зоран Заев смета дека со прифаќањето на „тиранската платформа“ се подобрува рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ. „Ако навистина тој освои поголем број пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот. Доколку Заев смета дека теоретски нема ништо да се смени...

ВМРО-ДПМНЕ: Единственото решение се нови предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во редовното утринско соопштение, „цитира“ точки од платформата на Албанците кои, според партијата, „се прифатени од страна на Зоран Заев“. - „Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи во процесот за решавање на спорот со името“. „Вклучување на Албанците во работната група за...

ВМРО-ДПМНЕ бара нови парламентарни избори заедно со локалните

ВМРО-ДПМНЕ чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата за подобра Македонија и од таа причина, како и поради нашата стратешка определба, нема да дозволиме да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и на национални интереси, стои во денешното партиско соопштение. „Зоран Заев и СДСМ гледаат позитивно кон платформата од Тирана. Зоран...

СДСМ: Груевски и Иванов мора да дозволат брз и мирен трансфер на власта

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да го прифатат концептот на едно општество за сите, што ја зајакнува унитарноста на државата и носи квалитетен живот за сите граѓани, наместо фантомски поделби, велат од СДСМ. „Граѓаните јасно се изјаснија дека сакаат интеграција, а не изолација на Македонија, како што сака раководство на ВМРО-ДПМНЕ за да продолжи со криминалите, личното...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме донесување решенија спротивни на државните интереси

Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, а по одлуката на централното претседателство на ДУИ, партијата да влезе...

ВМРО-ДПМНЕ: Има два излеза – или нови избори или СДСМ да се откаже од платформата

ВМРО-ДПМНЕ јасно ја соопшти својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а таа гласеше „Влада да, но не по секоја цена“, стои во денешното соопштение на партијата. Оттаму велат дека партијата одбила да разговара за прифаќање на платформата подготвена и потпишана во Тирана, чија крајна цел, според ВМРО-ДПМНЕ, е редефинирање на Македонија и...

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно преговарање за Рамковниот е отворање на Пандорината кутија

Повторното преговарање за Охридскиот рамковен договор, што го заговара новата платформа на албанските партии, е отварање на Пандорината кутија поради што ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за платформата, било истакнато на средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и амбасадорката на Турција, Еркал Кара. Како што истакнале од ВМРО-ДПМНЕ на средбата, токму платформата на албанските партии, односно...

Амбасадата на САД не го коментира повикот од ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нови избори

Амбасадата на САД денеска соопшти дека нема да ги коментираат повиците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за евентуалното одржување на нови избори. - Немаме ништо да додадеме на нашата изјава - велат од Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на „Мета“ за реакција на вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара американската амбасада јасно да каже дали е против...

Нови избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат нова неизвесност за мандатот на СЈО

Повторно распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат и нова неизвесност за продолжувањето на мандатот или, поточно, на рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, синоќа до полноќ не успеа да обезбеди коалициско мнозинство за формирање влада, откако претседателството на ДУИ...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...