fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Изградбата на пруга до скопскиот аеродром вметната во владината програма за работа до 2024 година

Изградбата на новата пруга од Миладиновци од Меѓународниот аеродром Скопје влезе во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2020-2024 година. Новата влада на премиерот Зоран Заев, која што беше изгласана вчера од Собранието, се обврза дека ќе го изгради железничкиот крак долг пет километри, со кој главниот град би добил аеродромски воз како најбрза...

АНАЛИЗА: Нова влада, старо-нови ветувања – време е задлабоки економски реформи!

Предвремено пензионирање, намалување или целосно укинување на персоналецот за одделни сектори, понизок ДДВ за занаетчиските производи и угостителите, повисока минимална плата, раст на најниската пензија –  новата Влада обелодени какви решенија и потези планира во економијата за следниот четиригодишен мандат. Дел од економистите што ги консултираше „Порталб.мк“ велат дека се работи за амбициозни планови за кои власта ќе треба...

Амбасадорите Кејт Мари Брнс и Самуел Жбогар го честитаа формирањето на новата влада

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнс на својот Твитер профил упати честитки до премиерот Зоран Заев и до мнозинството за формирањето нова влада. https://twitter.com/USAmbNMacedonia/status/1300329144069369856 „Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада. Како пријател и партнер, очекувам соработка со Владата кон континуиран напредок во однос на реформските цели на ЕУ и одлучна заложба...

Зоран Заев од Оливер Спасовски утрово ја презеде функцијата претседател на Владата

Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата официјално ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Оливер Спасовски, информираат од владината прес-служба. Претседателот на Владата, Зоран Заев заблагодарувајќи се на досегашниот премиер Оливер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, истакна дека оваа Влада храбро и успешно се справи со здравствено-економската криза предизвикана од...

Со 62 гласа „ЗА“, Собранието ја избра новата влада на премиерот Зоран Заев

Со 62 пратенички гласа „ЗА“, Собранието на РСМ вечерва ја избра новата влада предводена од Зоран Заев. На седницата присуствуваа 115 пратеници, од кои 113 пратеници се одлучија да го дадат својот глас. Против предложениот состав на новата влада гласаа 51 пратеник. Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери им го честиташе изборот на министрите и на премиерот Зоран...

Втор ден собраниска расправа, најдоцна до полноќ ќе добиеме нова влада

Десетина минути по 12 часот, денеска продолжи собраниската расправа на која се расправа за избор на новата македонска влада. Денешната расправа започна со излагањето на пратеникот од владејачката коалиција „Можеме“, Павле Трајанов. Покрај излагањето на пратениците, во моментов бројни се и меѓусебните реплики на пратеници, како од двете водечки коалиции од македонскиот блок, така и помеѓу албанските пратеници. Пратеникот Павле...

Градоначалникот Бочварски станува министер, повлече домино промени во Општина Штип

Како што беше најавено, актуелниот градоначалник на Штип Благој Бочварски се најде во денешната предложена листа за состав на новата влада на мандатарот Зоран Заев, како предлог за нов министер за транспорт и врски. Пред денешното предлагање, во изминатите денови се случија повеќе промени во Советот на Општина Штип, како подготовка за заминувањето на Бочварски во централната власт. Извесно е...

Заев го поднесе предлогот за новата влада, фокусот на работните места, ковид-19 и животната средина

Денеска во 11 часот, мандатарот Зоран Заев го достави до Собранието предлогот за состав на новата влада како и владината програма за следните четири години. Тој, заедно со сите 19 предложени министри даде изјава за медиумите пред зградата на Собранието. „Денеска како мандатар, до Собранието доставувам предлог за влада која е подготвена да работи во полн четиригодишен мандат. Со мене...

Утре мандатарот Заев до Собранието ќе го поднесе составот на новата влада, гласање во недела

Претседателот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, најави дека ќе го поднесе предлог составот на новата влада и програмата за нејзина работа веднаш штом биде утврден бројот на потпретседатели на Собранието. Според Заев, предлог-составот на новата влада ќе се знае најрано утре изутрина. Гласањето за избор на Владата се очекува да се случи во недела. Заев во изјава за ТВ21...

Царовска ќе биде новата министерка за образование, Филипче останува министер за здравство

Еден ден по соопштувањето дека е постигнат коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ за состав на нова Влада, партиите ги објавија имињата на функционерите кои ќе седнат на министерските столчиња. Како што најави Заев, тој ќе биде премиер наредните четири години, додека пак Артан Груби ќе биде прв вицепремиер. Во однос на министерствата, своите места ќе ги задржат Венко Филипче...

Заев ќе ја води владата наредните четири години, на 100 дена пред избори ДУИ ќе предложи премиер

Постигнат е коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ, Зоран Заев ќе биде премиер на новата Влада наредните четири години. Сто дена пред истекот на мандатот, на предлог на ДУИ, ќе се избере премиер што ќе ги организира изборите, соопштија лидерите на двете партии, Зоран Заев и Али Ахмети на заедничката прес-конференција по денешната лидерска средба. Договорот се темели на принципи...

Сè уште нема договор меѓу Заев и Ахмети за нова владина коалиција, преговорите продолжуваат

Попладневната средба на претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за формирање владина коалиција заврши без резултати. Обајцата лидери не изразија ниту оптимизам ниту песимизам за понатамошни преговори, но посочија дека преговорите не се завршени со денешната средба. -Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор со страните со кои разговараме. Преговорите ќе продолжат...

Бизнис секторот бара брзо формирање на влада и нови антикризни мерки

Организацијата на работовачи на Македонија, ОРМ,  бара што побрзо да се формира новата влада, со цел да се донесе нов сет антикризни мерки, посебно за текстилната индустрија која е на удар. Според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, производството на заштитна опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува насокоро затворање поради намалената...

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ повторно премиер

Хрватскиот парламент доцна синоќа ја избра новата влада, на чие чело повторно се наоѓа досегашниот премиер Андреј Пленковиќ. За вториот состав на неговиот владин кабинет гласаа 76 пратеници од вкупно 151, додека 59 претставници во Саборот гласаа против новата влада. Досегашната владејачка партија ХДЗ успеа да остане на власт во земјата откако обезбеди изненадувачки висока победа на неодамнешните парламентарни...

СДСМ: После Илинден следуваат постапки во законските рокови за формирање на нова Влада

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) информира дека претседателот на партијата Зоран Заев ќе користи неколку дена одмор и по националниот празник Илинден, на почетокот од август ќе почне да се разговара околу формирањето на новата влада. „Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може...

Партијата на Вучиќ победи на парламентарните, покраинските и на локалните избори во Србија

Уште еден четиригодишен мандат за владеење на партијата на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ. Српската напредна странка (СНС) оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Србија, освојувајќи повеќе од два милиона гласови. Тоа го соопшти доцна синоќа Вучиќ, од седиштето на партијата во Нов Белград. Партијата на Вучиќ победи и на покраинските избори во Војводина, на локалните избори...

Косово доби нова влада, Авдулах Хоти изгласан за премиер

Собранието на Косово со 61 глас „за“ , 24 „против“ и 1 „воздржан“ денеска ја изгласа новата влада што ќе ја предводи Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово. Новата косовска влада ја поддржаа и пратениците од Српската листа, кои ќе добијат две министерски места. Покрај Демократската лига на Косово и Српската листа, владејачката коалиција ја сочинуваат и партиите...

Повлекување од „црвените линии” поради кои се доцнеше со формирање на новата Влада

Калзо (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги анализираше ставовите и преговорите  помеѓу Демократската лига на Косово (ДЛК) и Движењето Самоопределување за формирање на косовската Влада. ДЛК и Самоопределување се откажаа од првичните нивни барања за функциите „претседател“ и „спикер“. Овие повлекувања го отворија патот за формирање на...

Пендаровски во 13.45 часот ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 13.45 часот, ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Меркел и Шулц начелно се договорија за нова влада

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц утрово постигнале начелен договор за формирање на новата влада на Германија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на свои извори. Компромисот бил постигнат по преговорите кои траеле повеќе од 24 часа. Начелниот договор, според агенциите, во текот на денот треба да го потврдат управните одбори на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...