fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите - соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската клисура. Значи мерки мора да...

СДСМ ветува фонд од 6 милиони евра за помош на земјоделците од временски непогоди

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ветува дека во првите шест месеци од мандатот на новата влада ќе формира интервентен фонд од 6 милиони евра за помош на земјоделците при временски непогоди. Овие средства велат оттаму, ќе се користата кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена. „Во овој фонд се планирани средства и за обештетување на...

Тачи останува претседател на ДПА до локалните избори

Централното собрание на ДПА одлучи Мендух Тачи и понатаму да ја води партијата. По шестчасовната дискусија денеска највисокото партиско тело со мнозинство гласови, реши вонредниот конгрес на кој ќе се избира идниот претседател и други партиски тела, да се одржи по завршувањето на локалните избори. Тачи изјави дека партијата сметала дека е неопходно да се донесе ваква одлука, бидејќи...

Заев: Очекувам СДСМ наскоро да го добие мандатот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ја информираше турската амбасадорка Еркал Кара за текот на процесите за формирање нова влада во Македонија, соопштија од партијата. - Над 612.000 граѓани од сите етнички заедници гласаа за промени и за развој на Македонија во духот на европските демократски вредности. Очекуваме дека во брзо време ќе го добиеме мандатот и дека ќе ја...

Иванов до Хан: ЕУ не го осуди мешањето на соседите во внатрешните работи на Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска со еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, разговараше за актуелната политичка состојба во земјата и за можностите за што поскоро решавање на политичката криза. - Надминувањето на политичката криза е од клучно значење за Република Македонија да може целосно да се посвети на европските реформи и да продолжи во остварување...

Груевски на Хан му задоцни 40 минути, не сакаше да го снимаат и не даде изјава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва не даде изјава за медиумите по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, како што тоа претходно го направија сите други политички лидери по средбите со еврокомесарот. Според најавите, за деталите од средбата на Груевски со Хан и за ставовите на партијата околу актуелната политичка ситуација за состав на влада, ВМРО-ДПМНЕ...

Хан ја почна работната посета со средба со премиерот Димитриев

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година. Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис. „Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со...

Жбогар: Со нетрпение ја очекуваме новата влада, партиите треба да одлучат каква ќе биде

Европската Унија очекува што поскоро да се формира нова влада, која во својот фокус ќе ги има евроинтеграциските процеси на земјата, поддржани од сите политички партии, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Прилеп, во рамките на прокетот „ЕУ за тебе“. - Со нетрпение очекуваме формирање на нова влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата...

Заев – Тимоние: Важно е владата да се формира набргу и да биде реформска

„Работиме на обезбедување мнозинство и очекуваме дека ние ќе го добиеме мандатот да ја формираме новата влада“, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние. На средбата, како што информираат од СДСМ, двајцата соговорници констатирале дека од клучна важност за стабилноста на Македонија се „развојот на демократските процеси во државата и...

ВМРО-ДПМНЕ: Владина коалиција без нас значи соочување со проблеми во иднина

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата што добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина, својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. Ова е ставот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го соопштил на денешната...

Хан в четврток во Скопје – средби со политичките лидери на маргините на посетата

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во четврток ќе допатува во Македонија, потврдија денеска од Европската комисија. Ова е прва посета на еврокомесарот по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември и е во период кога се прават нови обиди за формирање влада, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го искористи мандатот. Сепак, Хан официјално доаѓа за да учествува...

СДСМ сè уште нема обезбедено 61 пратеник, Заев и Ахмети уште не се сретнале

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, сè уште се немаат сретнато, но постојат контакти меѓу партиите, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. - Да, контакти има на друго ниво. Точно е дека лидерите се немаат сретнато, освен јавната средба за која јавноста беше информирана – рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање дали имало средба меѓу...

Шилегов: Работиме за наоѓање решение, наскоро ќе имаме влада

СДСМ е целосно посветен на наоѓање брзо и ефикасно решение за формирање нова влада на Република Македонија, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање дали наскоро може да се очекува договор за парламентарно мнозинство. Во однос на изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека без договор за влада - нема потписи, Шилегов рече дека сите...

Милевски на средба со Гуерини: Коалицијата за живот во Македонија ќе формира влада

Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, вчера попладне со првиот советник за политички прашања при мисијата на ОБСЕ, Симоне Гуерини, разговараа за актуелната политичката ситуација во Македонија. На средбата, како што се наведува во соопштението на ЛДП, Милевски истакнал дека Коалицијата за живот во Македонија е онаа која ќе ја формира новата влада, за што веќе се...

Штајнакер: Однесувањето на Иванов е за осуда, злоупотребите мора да се истражуваат

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена и неговите постапки се за осуда, порачува поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер, во интервју за „Дojче Веле“. Таа вели дека нови избори би биле многу скап избор и не се добри за земјата. -...

Шилегов: Иванов го крши Уставот, работиме на решение за брзо и ефикасно формирање на влада

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа...

Иванов го известил Жбогар дека ќе почне консултации со партиите за состав на влада

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска имал средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Семуел Жбогар, на која било разговарано за актуелната политичка состојба, по неуспешниот обид на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да формира нова влада. Амбасадорот Жбогар, како што информираат од кабинетот на Иванов, ги пренел ставовите на Европската Унија во врска со ова прашање. Иванов на средбата...

Амбасада на САД: Го следиме процесот на формирање и ќе работиме со идната влада

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија го набљудува процесот на формирање на нова влада и очекува, откако ќе биде формирана, да соработува со неа, во контекст на напредокот на земјата во евроатлантските интеграции, велат од Амбасадата. „Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино,...

Заев: Очекувам Иванов да ми го даде мандатот, сè друго би било неуставно

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција изјави дека очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање на нова влада, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во изминатите 20 дена не успеа да состави владина коалиција. - Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за...

ЕУ: Иванов да направи итни консултации со партиите и да определи нов мандатар

Европската Унија очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, „да изврши итна и отворена консултација“ со политичките партии во земјата и „бргу да определи лидер за формирање влада“, изјави на прес-конференција портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Изјавата на Коцијанчич доаѓа по истекот на рокот од 20 дена, во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ДУИ не успеаја да...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...