fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Андов: Иванов не го почитуваше Уставот, очекувам да се премисли

„Очекувам Иванов наскоро да ја смени својата одлука и да му го додели мандатот на Зоран Заев, и поради сигналите кои ги доби од ЕУ. Истовремено, трите албански партии направија тактичка грешка со ултимативните барања за реформи во платформата“, вели првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Тој нагласува дека македонскиот...

Тевдовски: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме најниска плата од 12.000 денари

Најниската плата во првата година од мандатот ќе ја зголемиме на 12.000 денари, ќе обезбедиме по 20 милиони евра годишно за поттикнување на малите и на средните бизниси, а сите институции и јавни претпријатија ќе мора да даваат отчет еднаш месечно за тоа како ги трошат парите од државниот буџет, порача денеска на прес-конференција Драган Тевдовски, претседател на комисијата...

СДСМ: Програмата на новата влада е гаранција за унитарноста

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што работат спротивно на државните и национални интереси на граѓаните на Република Македонија, преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и со меѓународната демократска јавност, во обид да се спасат од одговорност за сторените криминали и злоупотреби, се огласи СДСМ денеска во одговор на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да се откаже од претворање на Македонија во бинационална држава

„Со конфузните и контрадикторни ставови што ги изнесе Зоран Заев, тој не ја отфрли тиранската платформа, туку, напротив, најави дебатирање по нејзините точки. Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев, за да добие власт, ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на тиранската платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. „СДСМ...

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се закана за унитарноста на Македонија и за единството на граѓаните

Заробени во историјата, омразата и во лицемерството, со желба за спас на криминалот и на личните богатства, токму ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и неговите соработници се единствената закана за унитарноста на државата и за единството на граѓаните, порачува СДСМ во одговорот на прес-конференцијата на Антонио Милошоски, по обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до јавноста. „Квалитетниот живот за сите граѓани, суверенитетот и...

Хелбах: Иванов да биде мудар и да овозможи брзо формирање влада

Специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристијан Хелбах, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети. Хелбах рече дека ставот на Германија...

Шефот на ОБСЕ ќе се сретне со државниот и со политичкиот врв

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа допатува во Скопје поради новонастаната криза со недоделувањето на мандатот за формирање нова влада. Заниер во текот на денот ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на парламентарните политички партии, како и со претставниците на граѓанските организации. Минатата недела, откако Иванов одлучи да не го додели мандатот,...

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ преку Попоски, во Брисел моли да остане дел од власта

На сите во Македонија и на меѓународната заедница им стана јасно дека однесувањето и на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Иванов последните денови, со сите најави за насилство, провокации и со поттикнување поделби во Македонија, немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со заштитата на Македонија, а најмалку со интересите на македонските граѓани. Ова денеска на прес-конференција го изјави заменик-претседателката...

СДСМ: Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на Заев

Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги и за насилство, се вели соопштението на СДСМ, од каде повикуваат дека претседателот на државата е должен веднаш да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата влада. „Мнозинството граѓани во Македонија гласаа за квалитетен живот, за нови работни места, за...

Хојт Брајан Ји: Иванов да овозможи што поскоро да се формира нова влада

САД се заинтересирани за стабилноста и за просперитетот на државите во регионот, порача денеска од Загреб заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји. Тој ги повика сите страни во Македонија да бидат подготвени на компромис и да се формира нова постизборна влада. - Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои...

Спасовски: Со писмото Иванов си бара оправдување пред себе и пред јавноста

Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот, а Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој уште еднаш го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го даде мандатот на СДСМ за формирање влада. - Граѓаните се...

Заев со амбасадорите: Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска имал средба со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. На средбата, како што соопштуваат од партијата, била изразена загриженост од кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на 11 декември. Лидерот на СДСМ пред...

СДСМ: Иванов и Груевски да го почитуваат Уставот и да престанат со насилство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го почитуваат Уставот и „да престанат со насилствата“. Од партијата велат дека Иванов мора да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата влада и додаваат дека е неприфатливо и недозволиво Груевски да „поттикнува поделби во...

СДСМ: Победи концептот за едно општество, следи брз и мирен трансфер на власта!

Единствениот начин да се зачува и да се зајакне унитарноста на државата е преку концептот на едно општество со еднакви права и обврски за сите, порача денеска СДСМ и додаде дека тој концепт веќе победи. „Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за внесување раздор изгуби на 11 декември! Барањето за нови избори е само обид за продолжување на политичката криза и за одложување...

СДСМ: Груевски и Иванов мора да дозволат брз и мирен трансфер на власта

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да го прифатат концептот на едно општество за сите, што ја зајакнува унитарноста на државата и носи квалитетен живот за сите граѓани, наместо фантомски поделби, велат од СДСМ. „Граѓаните јасно се изјаснија дека сакаат интеграција, а не изолација на Македонија, како што сака раководство на ВМРО-ДПМНЕ за да продолжи со криминалите, личното...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме донесување решенија спротивни на државните интереси

Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, а по одлуката на централното претседателство на ДУИ, партијата да влезе...

Oсмани: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ

Демократската унија на Албанците на седницата на централното претседателство одлучи да учествува во новата влада предводена од СДСМ, образложи портпаролот Бујар Османи по полноќ. – ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев - рече Османи во текот на состанокот на централното претседателство...

Шефот на германската дипломатија, Габриел, бара Иванов да ја преиспита одлуката

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, изјави дека е вознемирен од состојбата во земјава и бара Иванов да ја преиспита одлуката. - Влошувањето на внатрешно-политичката состојба во Македонија е многу вознемирувачко. Внатрешно-политичката стагнација се заканува да го уназади процесот на приближување на земјата кон Европската Унија - изјави Габриел за време на посетата на Украина. Тој во изјавата го нарекува лидерот...

ВМРО-ДПМНЕ: Има два излеза – или нови избори или СДСМ да се откаже од платформата

ВМРО-ДПМНЕ јасно ја соопшти својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а таа гласеше „Влада да, но не по секоја цена“, стои во денешното соопштение на партијата. Оттаму велат дека партијата одбила да разговара за прифаќање на платформата подготвена и потпишана во Тирана, чија крајна цел, според ВМРО-ДПМНЕ, е редефинирање на Македонија и...

Могерини: Иванов да ја ревидира одлуката во интерес на сите граѓани

Имав долги и суштински средби, а се надевам и конструктивни, а во следните денови ќе видиме колку биле конструктивни, изјави вечерва во Скопје високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, по средбите со лидерите на политичките партии и со претседателот Ѓорге Иванов. Таа изјави дека целта на посетата е да се потврди дека местото на Балканот е...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...