fbpx
Таг: нова демократија

таг: нова демократија

„Катимерини“: Грција го замрзнува усвојувањето на три меморандуми по „твит“ на премиерот Заев

Завчерашниот „твит“ на премиерот Зоран Заев од фудбалскиот натпревар меѓу С. Македонија и Холандија повторно ја налути грчката влада. Грчките власти имаат забелешка на користењето на терминот македонски, односно македонската фудбалска репрезентација, што договорот го дозволува. Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека парламентот во Атина ќе ја одложи ратификацијата на три меморандуми што беше планирано да се усвојат во јули,...

Нова демократија победи на изборите во Грција – Мицотакис може сам да формира влада

На предвремените парламентарни избори во Грција вчера, победи десноцентристичката Нова демократија, со што по четири години во опозиција, оваа партија повторно ја презема власта. Со речиси сите пребројани гласови, премиерот Алексис Ципрас го призна поразот од неговиот ривал Киријакос Мицотакис, кој денеска треба да полага заклетва и да го преземе раководењето на земјата. Нова демократија освои 39,85 отсто од гласовите, а...

Нова демократија нема да го поддржи Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Јоргос Кумуцакос, надлежниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент рече дека неговата партија нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО -Не гласаме за протоколот за влез на Скопје во НАТО, бидејќи тоа е она што формално произлегува од договорот,...

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност на опозициската Нова Демократија, која...

Кумуцакос: Преспанскиот договор може да биде штетен за Грција

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос оцени дека Преспанскиот договор не дава добро, конечно и интегрално решение и дека може да биде штетен за Грција. Во интервјуто за „Политика“, Кумуцакос, вели дека Нова демократија се залага за членство на Скопје во ЕУ и НАТО, но дека не се подготвени да прифатат било какво решение. -Преспанскиот...

Нова демократија води со 10 отсто пред СИРИЗА на најновата анкета

Опаѓа рејтингот на СИРИЗА на Алексис Ципрас на најновите анкети. Според сондажата на компанијата „Интервју“ опозициската Нова Демократија е грчка политичка партија со 30,9 отсто, додека партијата на Ципрас доби 21,3 отсто. Анкетата е правена со прашањето „За која партија би гласале ако следната недела се одржат општи парламентарни избори?“. Зад двете први партии се Златна зора со 7,2 отсто, Комунистичката...

Мицотакис: Ципрас и Каменос ја отворија вратата на НАТО за Скопје

Алексис Ципрас и Панос Каменос, пред три седмици во Преспа признаа македонска националност и јазик за Скопје, a денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Во изјавата посветена на самитот на НАТО, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, упатува остри критики и обвинувања до владата на Ципрас и Каменос во...

Мицотакис: Не можеме да прифатиме македонски јазик и етницитет

Шефот на грчката Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, вели дека за Грците Договорот од Преспа е неприфатлив поради признавањето на македонскиот јазик и етницитет, но дека, доколку помине во Парламентот, Нова Демократија ќе го прифати. – Секогаш сме велеле дека сакаме решение, но дека тоа мора да ги почитува сензибилитетите на двете страни – вели Мицотакис, кој додава признавањето на македонскиот...

Договорот од Преспа проблематичен за 62 отсто од Грците

Со негативен или претежно негативен став кон Договорот од Преспа со кој владите на Грција и Македонија сакаат да го надминат спорот, се 62 отсто од Грците, покажа новата анкета што за грчката телевизија „Скај“ била спроведена од агенцијата „Pulse“. На прашањето „Од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го оценувате Договорот што Владата го...

Нова Демократија води со 12,4 отсто пред владејачката Сириза

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, го зголемува водството пред владејачката Сириза на Алексис Ципрас, покажала анкетата објавена од весникот „Прото Тема“, пренесува „Блумберг“. 26,4 отсто од испитаниците се определиле за Нова Демократија, а за во Сириза само 14 отсто. Мнозинството на владејачката коалиција на Ципрас во парламентот се намали на само два пратеника предност во законодавниот...

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до...

Мицотакис: НД не прифаќа македонска националност и македонски јазик

Уставни измени, отстранување на иредентизмот, заемно прифатливо име ерга омнес, без македонска националност и македонски јазик, се условите за решение на прашањето за името, според лидерот на грчката партија опозициска Нова демократија (НД), Кирјакос Мицотакис. Говорејќи пред одговорните на секторите во партијата, Мицотакис рече дека договорот што нема да ги задоволува националните интереси, нема да биде прифатен од Нова демократија. –...

Има одлука од Патријаршијата за црквата на северниот сосед, вели грчката влада

Нова демократија не треба да брза. До овој момент не постои никаков договор, велат од кабинетот на грчкиот премиер во одговор на прашањата од опозициската партија, пренесува МИА. Од таму додаваат дека единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на името на македонската црква. - Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на...

Нова демократија ја предупредува грчката влада да не го предаде преговарачкото оружје

Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија. Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните натписи во грчките медиуми, според кои, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, вели дека „грчкиот премиер е...

Нова демократија не прифаќа решение за името „на рати и со одложено дејство“

Околу можноста за решение на проблемот со името и можноста а постигнување на договор Ципрас – Заев, извори од опозиционата Нова демократија (НД) за грчка „Иефимерида“ велат дека нема да прифатат никакво решение „на рати“,  бидејќи сметаат дека со тоа не би се исполнил условот договорот да биде траен. Лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, денеска е во Софија на...

Мицотакис: Не е можно решение без соседите да го променат Уставот

Решение не може да постои без претходно соседната земја да го промени нејзиниот Устав и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот, рече Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи пред одговорните на различните сектори во Нова демократија. Мицотакис смета дека начинот на кој владата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори...

Нова демократија води со 9 отсто предност пред СИРИЗА на Ципрас

Опозициската Нова демократија води пред СИРИЗА со 9 отсто, покажува најновата анкета во Грција што за телевизијата „Скај“ ја спровела агенцијата „Пулс“. Финансиската криза и ригорозните мерки за штедење генерално на секои парламентарни избори во изминатите 10 години ги тераа гласачите да се ориентираат кон опозицијата, а според анкетата изгледа дека повторно ќе се случи истото сценарио. Дополнително довербата на...

Кумуцакос: Многу сме вознемирени околу преговорите за името, Ципрас не држи во мрак

Преговорите за името се во сива зона. Политички неприфатливо е информациите да ни доаѓаат од странство или од медиумите. Владата ги држи во мрак партиите и граѓаните, рече денес пратеникот и одговорниот за надворешна политика во Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос. - Ние сме многу вознемирени, бидејќи гледаме дека се турка решение кое не е единствено и со кое не се...

Мицотакис го обвини Ципрас дека игра на картата на поделба

Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повторно игра на картата поделба, бидејќи сакал да направи поделба во опозицијата, но не му успеало, а истото сакал да го стори и со народот кога ги нарекол радикални десничари оние што учествувале во протестите. Според него, грчката влада без план и без гаранции тргнала да...

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање....

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...